1МВР: Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата!
3Амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година на седницата,поднесени се над 300 амандмани
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
1Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
ФудбалМакедонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациитеТочно напладне во седиштето на УЕФА во Нион, најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ќе го дознае својот противник во баражот за опстанок во Б сегментот од -Лигата на нациите.Ждрепката во Нион денеска од 12 часот ќе одлучи кој ќе биде противникот на македонската репрезентација во битката за останување во второто по квалитет друштво во Лигата на нациите. Можни противници на црвено-жолтите во Баражот се селекциите на Естонија, Белорусија, Фарските острови и Кипар, кои завршија на вторите позиции во групите од Ц-дивизијата. Баражите за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нации ќе се одржат од 25 до 30 март. Првите натпревари се во периодот од 25 до 27 март, а реваншите се од 28 до 30 март, следната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМВР: Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата! Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници.Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија. За сериозноста на оваа појава предупредуваат и меѓународните безбедносни институции, меѓу кои и Федералното истражно биро на САД (ФБИ), кое групата „764“ ја поврзува со пошироки нихилистички насилни екстремистички заедници и сродни групи. Апелот има превентивна цел – навремено информирање на јавноста за начините на дејствување на ваквите групи, ризиците со кои се соочуваат децата и можностите за нивна заштита. Како функционира групата „764“? Групата „764“ дејствува преку различни социјални мрежи, апликации за комуникација и платформи за онлајн игри. За воспоставување контакт со потенцијалните жртви, нејзините членови користат платформи како Discord, Telegram, Roblox, Instagram, TikTok, Snapchat, Reddit, X (поранешен Twitter), Minecraft и Fortnite. Најчесто, контактот со децата и младите го воспоставуваат претставувајќи се како нивни врсници или како лица заинтересирани за пријателски или емотивен однос. Откако ќе ја стекнат нивната доверба, започнуваат со манипулации, закани и уцени, со цел да ги принудат да споделуваат интимни фотографии и видеоснимки, да се самоповредуваат, да вршат насилство врз други лица или животни, па дури и да преземаат дејствија кои можат да имаат животозагрозувачки последици. Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите. На кои знаци треба да внимаваат родителите? МВР апелира родителите и старателите да обрнат особено внимание на евентуални промени во однесувањето на децата, како што се: Ненадејни промени во однесувањето, повлекување во себе, страв, вознемиреност или раздразливост; Зголемена таинственост при користењето на мобилниот телефон или компјутерот; Интензивна комуникација со непознати лица преку социјалните мрежи и платформите за онлајн игри; Примање заканувачки пораки, уцени или барања за испраќање фотографии и видеоснимки; Необјаснети повреди, исеченици, гребнатини или други можни знаци на самоповредување; Изразување безнадежност или разговори за смрт и самоубиство. Овие промени не мора да значат дека детето е жртва на ваква група, но доколку се забележат, важно е да не се игнорираат. Потребни се внимателен пристап, отворен разговор со детето и, доколку постои сомнеж за злоупотреба, навремена реакција. Како да ги заштитиме децата? Родителите треба редовно да разговараат со децата за нивните активности на интернет, да покажуваат интерес за тоа со кого комуницираат и какви содржини следат, како и да ги едуцираат за ризиците од споделување лични податоци, лозинки, интимни фотографии и видеоснимки со непознати лица. Особено е важно децата да знаат дека доколку некој ги уценува, заплашува или манипулира со нив, треба веднаш да побараат помош од родителите, старателите, наставниците или надлежните институции. Тие не треба да се чувствуваат виновни или да се плашат да пријават, без оглед на околностите. Пријавете секој сомнеж или случај! Доколку имате сознанија, информации или сомнеж за активности поврзани со групата „764“ или други слични насилни онлајн групи, пријавете ги до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, на електронската адреса: [email protected] Доколку располагате со информации што можат да помогнат во постапувањето, зачувајте ги пораките, корисничките имиња, линковите и другите релевантни податоци. Не стапувајте во конфронтација со лицата кои упатуваат закани и не преземајте чекори со кои би можеле дополнително да ја загрозите безбедноста на детето. Не преземајте и не препраќајте експлицитни материјали во кои се прикажани малолетници. Заштитата на децата од онлајн злоупотреба е заедничка одговорност. Навременото препознавање на опасноста, отворениот разговор со децата и пријавувањето на сомнителните активности можат да спречат сериозни последици и да спасат животи. МВР апелира: Бидете внимателни, разговарајте со децата и пријавете ја секоја сомнителна активност!Тагови: МВР, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилствоИницијативата „Ниту една повеќе“ и платфорамта за родова еднаквост денеска пред владата во 13 часот на мирен протест со барање одговорност од институциите за зашитата од родово базирано насилство.По седум убиени жени за неполни три месеци, протестот е рекација како што посочуваат организаторите е недостиг на наврмена заштита и превенција од страна на надлежните институции. На протестот ќе бидат прочитани барањата за итни промени во постапување на институцијата, центрите за социјална работа и правосудните органи.. Во повикот на денешнито протест се апелира граѓаните да се придружат без партиски обележја..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter