Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести
2Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести
СветШок во Франција: Сериски силувач и убиец се појави на ТВ квиз, а го барале 30 години (ВИДЕО) Сериски силувач од Франција, кој наводно ги силувал своите жртви, некои на возраст од 11 години, се појавил на националниот телевизиски квиз додека полицијата трага по него.Франсоа Веров изгледа опуштено додека учествува во квизот „Tout le monde veut prendre sa place“, откако беше во бегство цели 30 години, објави Сан. Веров силувал најмалку тројца малолетници и се верува дека до крајот на 90-та година извршил 31 убиство и силување. Неговиот најозлогласен случај беше Сесил Блох (11), која беше силувана пред да биде убиена во подрумот на нејзиниот стан. Сепак, повеќе од две децении подоцна, пензионираниот полицаец се појави опуштено додека зборува со француски водител на националната телевизија. На видеото се гледа како Веров стои гордо без знаци на непријатност додека водителот го најавува како „Франсоа од Ла Гран-Мот“. Во текот на емисијата, Веров зборува за својот живот како полицаец, а објасни и како бил полицаец пред да се приклучи на урбаната полиција, а потоа и на мото бригадата во 80-тите. Потоа бил накратко суспендиран поради инцидент во кој учествувала проститутка - но високите офицери набрзо му дозволиле повторно да се приклучи на силите. За време на квиз-рундата, Веров не успеал точно да одговори на две прашања со општи знаења за Олимпијадата и вакцинацијата против туберкулоза и беше елиминиран од играта. Морничави снимки од шоуто во 2019 година протекоа од Маријана, списание кое подоцна го откри вистинскиот идентитет на Веров. Pour tous les passionnés du Grêlé, grâce à un scoop de @MarianneleMag et la piste donnée par @Patourancheau on peut voir à quoi il ressemblait en vrai et comment il s'exprimait. La découverte est dingue. pic.twitter.com/uoMaDa9c4x — Decimaitre (@Decimaitre) March 12, 2024 Неговото појавување на француската национална телевизија се сметаше за показател дека серискиот убиец, кој во тоа време бил во бегство 30 години, не се обидел да го скрие својот идентитет. Со текот на годините, истражителите верувале дека осомничениот за злосторствата можеби бил дел од жандармеријата - полицијата задолжена за внатрешна безбедност - и го утврдиле неговиот ДНК профил. Жртвите кои ги преживеале нападите рекоа дека тој им ја покажал својата значка и се идентификувал како полицаец. Во 1986 година, полицијата објави скица на осомничениот врз основа на сведочење на жртвите. Но, полицијата никогаш не успеала да го фати серискиот убиец и покрај тоа што се појавил на телевизија. Неговото ужасно минато се појавило дури кога се самоубил во 2021 година. По неговата смрт, полициската истрага го поврзала со 31 силување и убиство што ги извршил во Париз во 80-тите и 90-тите години. Веров, кој тогаш имал 59 години, оставил белешка пред да се самоубие во станот каде што се предозирал, велејќи ѝ на сопругата дека „носи луд бес што го направи криминалец“. „Имаше моменти кога не можев да издржам и морав да уништам, извалкам, убијам некој невин“, напишал тој. Во писмото, Веров се осврнал и на „минатите импулси“ - и ги признал убиствата без детали за жртвите или околностите. Тој напишал дека престанал да ги прави овие злосторства во 1997 година. Примерокот од ДНК земен од Веров потврдил дека тој е убиецот што го барала полицијата откако Сесил Блох беше убиена во Париз во 1986 година. Веров на денот на самоубиството сварил ручек, попладнето дремел како и обично и рекол дека оди на возење велосипед. Велат се самоубил затоа што се плашел да не биде уапсен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаИнтернационална конференција „одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва се на став дека овој столб е неоходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем.. За предизвиците и перспективите повеќе од Маја Стојановска.. Маја што предлагаат пензиските друштва? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтудентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протестиВеднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија.Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери. „Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години.Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме“, -– Ангела Василевска, претседателка на Национално студентско тело. Додека студентите најавуваат протест, од Министерството за образование и наука, пак, велат дека до нив веќе доставиле предлог за повисок износ и промена на досегашниот модел... „МОН и Владата доставија предлог до студентите за зголемување на износот на дневната субвенција за оброк, дополнителен попуст по искористување на месечниот износ и промена на моделот со цел користење на средствата исклучиво за храна. Од студентите сè уште немаме добиено писмен одговор.“– МОН. Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари. Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаПо спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денариНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евраНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра, кои сега ќе мора да им ги вратат назад, откако пазарниот инспекторат во вонредни контроли утврдил дека најголем дел од вкупно 27 вакви лиценцирани фирми го кршеле закокот за зашита на потрошувачи. Оштетените граѓани треба да бидат повикувани од самата фирма за брз кредит од чија страна биле злоупотребени, а рокот за исплата се движи од еден до три месеци, потврди Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски. Кај 18 друштва е констатирано дека применувале нечесна трговска практика, односно дека во договорите за потрошувачки кредити вградувале нечесни одредби, поради што се казнети од над 3,5 милиони денари. Две вакви друштва не дале документација со изговор дека сметководството им се води во странство и за нив од инспекторатот надлежноста се префрла во Министерството за финансии. Изречените казни, се различни, но се движат само од 2.000 до 10.000 евра по прекршок. Тримесечните инспекциски контроли го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а истрагата е се уште во тек. Надлежните ветија дека ќе се објават фирмите што се бават со брзи кредити што правеле злоупотреби, иако не кажаа кога точно тоа ќе се случи, со објаснување дека сега не сакаат да наштетат на истражните процеси. Од ДПИ упатија и апел до граѓаните да пријавуваат неправилности при користењето на брз кредиот, најавувајќи дека нема да има толеранција за незаконско работење, како и дека ќе заврши праксата на неказнивост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39