3Меланија Трамп ги донесе претставниците на Русија и Украина во Белата куќа- мировна мисија на првата дама на САД
3Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
МакедонијаСДСМ: Изјавите за „намалена инфлација“, се наменети исклучиво за пропагандни целиСтандардот на граѓаните опаѓа - Мицкоски и ВМРО-OКГ немаат економски резултатиОваа Влада на Мицкоски од почеток во 2024 година се занимава само со пропаганда. Без ниту еден реален резултат на полето на економијата и европските интеграции - двете основни теми во нивните предизборни ветувања. Единственото во што се успешни е криминалот и корупцијата. Зошто Мицкоски постојано во медиумите ја споредува економијата со 2022 година? Затоа што во 2022 година беше пикот на енергетската криза, кога инфлацијата кај нас достигна рекордни 19,8 % ама и во целиот свет. Кога денешната состојба ја споредуваш со најлошиот можен период во поновата економска историја, секој резултат изгледа како „огромен успех“. Реалните податоци на Државниот завод за статистика за јули 2026 година покажуваат сериозен пораст на цените, транспортот и кај угостителските услуги. Овие поскапувања директно го јадат буџетот на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за основните прехранбени производи. Анализата базирана на податоци од Државниот завод за статистика и Народната банка покажува дека куповната моќ на денарот од 2022 година до денес е намалена за околу 30% кај основните производи. Она што во 2022 година можеше да се купи за 1.000 денари, денес чини 1.300 денари. Изјавите за „намалена инфлација“, објавите на статистики и графиконите што Мицкоски ги црта на табла се наменети исклучиво за пропагандни цели. Ниту еден збор, ниту графикон, не може да го убеди граѓанинот дека живее подобро - народот чувствува и живее многу полошо. Кумулативниот ефект е јасен: цените се заглавени на високо ниво. Ако еден производ во 2022 година поскапел за 16 %, а во 2026 година поскапел за дополнителни 2,3 %, граѓаните денес го плаќаат значително поскапо отколку пред кризата. Инфлацијата паѓа на хартија, но цените сè поскапени, и се уште растат. Падот од 16 % на 2,3 % значи само дека цените продолжуваат да растат, но со побавно темпо. За да поевтинат производите во маркетите, стапката на инфлација би морала да биде во минус (дефлација). Се додека бројката е позитивна - цените одат нагоре. Намалената инфлација во моментов не значи олеснување на животот, туку само стагнација на веќе паднатиот стандард. Заради својата неспособност и политика на криминални тендери, оваа Влада за само две години ја задолжи Македонија со повеќе од 2,5 милијарди евра. И тоа не во време на криза, кризата со нафтените деривати дојде многу подоцна. Посебно треба да се напомене дека Орбановиот кредит од 1 милијарда евра (кинески пари) е заем што е под истрага во Унгарија. Покрај тоа што земја кандидатка за членство во ЕУ зема кинески пари, во истрагата ќе бидат посебно разгледувани каматните стапки и сомнежите за исплатени провизии. Владата не усвои ниту една единствена мерка што ја предложи СДСМ во кризата, а со која ќе се заштити животниот стандард. Денес Владата предводена од Мицкоски продолжува со задолжувања секоја недела. Речиси не поминува недела без нов кредит. Пензискиот фонд е загрозен, тоа го констатираше и ММФ. Вториот пензиски столб е под знак прашалник, со реална опасност од национализација на парите што граѓаните ги уплаќале како дополнителна сигурност. Не е потребна никаква статистика за граѓаните да видат како живеат. Доволно е да погледнат во своите фрижидери и паричници. Сè е празно. Нема графикон што ќе им објасни дека живеат добро и дека сме трета економија во Европа. Статистиката, лажните вести и Гебелсовата пропаганда не полнат стомаци. Единствениот пат на Македонија е патот кон Европската Унија, отворање на нов пазар од над 450 милиони жители, претпристапни фондови, грантови и бесповратни средства. Европа нема алтернатива. Изолацијата што ја спроведува ВМРО-ОКГ и Мицкоски заради своите лични интереси носи богатство и сигурност само за нив. Граѓаните повеќе не сакаат пропаганда и лаги. Сакаат правда и подобар живот за себе и за своите семејства. Скопје, 16.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСтудентите во Албанија ја менуваат стратегијата на протестите- најавија кога ќе протестираат Студентите во Албанија објавија дека ја менуваат својата стратегија за протести по повеќе од 150 дена демонстрации, најавувајќи два национални протести неделно, секоја среда и сабота во 14 часот.Студентското движење објави дека првиот протест според новиот распоред ќе се одржи во сабота, 7 ноември, пред Министерството за образование, пренесува Euronews Albania. Организаторите велат дека месеците протести сè уште не доведоа до одговор од властите на нивното главно барање - оставка на албанскиот премиер Еди Рама. „По повеќе од 150 дена континуирани протести, властите во Албанија продолжуваат да го игнорираат барањето на граѓанското востание - оставка на премиерот Еди Рама“, се вели во соопштението. Студентите оценуваат дека политичката ситуација во земјата е обележана со автократско владеење и велат дека се подготвени за долгорочна борба. Како што истакнуваат, промената на стратегијата има за цел да ја зајакне студентската мрежа и да ги мобилизира граѓаните, така што протестите имаат посилно и поконтинуирано влијание. Во соопштението се наведува и дека ќе продолжат да ги поддржуваат сите други граѓански протести против владата, без оглед на датумот на нивното одржување. Студентите изјавија дека борбата за демократија во Албанија продолжува и дека нема да се откажат од своите барања. „Борбата на Албанците за демократија продолжува. Автократијата ќе падне, исто како што падна диктатурата“, рекоа организаторите на студентските протести.Тагови: Албанија студентите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисКарлос Алкараз влезе во четвртфиналето на Париз без минута борба Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз откако помина 0 минути на теренот.Како е тоа можно? Можно е затоа што Матео Беретини се откажа пред почетокот на натпреварот поради повреда што ја заработи во претходното коло. Италијанецот заработи повреда на рамото и не можеше да се соочи со третопласираниот играч во светот. Алкараз на тој начин ќе има дополнителен ден одмор, што ќе му значи многу, со оглед на тоа што е крај на сезоната и дека повеќето тенисери се веќе оптоварени со натпревари и турнири, а тој мора да учествува и на Завршниот турнир во Торино. Алкараз сега може да седи и да го чека својот следен противник. Тоа ќе биде победникот на многу возбудливиот дуел што следи, во кој ќе се сретнат Артур Фис и Тејлор Фриц.Тагови: Карлос Алкараз Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветГолем пожар во Њујорк- има загинати и повредени (ВИДЕО)Шест лица загинаа, а седум други беа повредени кога избувна пожар во куќа во населбата Сансет Парк рано утрово.Според противпожарната служба на Њујорк (FDNY), пожарот избувнал непосредно пред 1:40 часот наутро во куќата на улица 58 број 653. Пламенот се проширил на сите катови од куќата. Видео објавено на платформата на Citizen ја покажува куќата целосно зафатена од пламен додека пожарникарите се борат со огнот. JUST IN: A home in #SunsetPark was completely engulfed in flames as FDNY crews battled the blaze early this morning. - https://t.co/l1AsT02VY5 #breakingnews #brooklyn https://t.co/8UUbBWuRTy — News12BK (@News12BK) November 5, 2026 Во 1:46 часот наутро, пожарот станал пожар од втор степен, ширејќи се на соседната зграда. Во 2:10 часот наутро, бил прогласен за пожар од трет степен. Вкупно 231 противпожарни и итни медицински лица биле испратени на местото на настанот. Четири лица починале на местото на настанот. Две лица биле однесени во болница во критична состојба, каде што биле прогласени за мртви. Две лица претрпеле сериозни, но не опасни по живот повреди. Пет други лица, вклучувајќи тројца пожарникари, претрпеле полесни повреди. Six residents of home in Sunset Park Brooklyn killed in overnight fire Cause under investigation @1010WINS https://t.co/xRSsZVUrkT — glenn schuck (@glennschuck) November 5, 2026 На местото на настанот биле повикани и Одделот за згради и Црвениот крст. Откако беа пронајдени литиум-јонски батерии, беше повикан и тим за опасни материјали. FDNY соопшти дека главниот дел од пожарот е ставен под контрола кратко пред 2:40 часот наутро. Противпожарните екипи остануваат на местото на настанот. Возраста на жртвите сè уште не е позната. Причината за пожарот е под истрага. FDNY ќе одржи прес-конференција за да обезбеди дополнителни информации.Тагови: Њујорк пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00