Сергеј Трифуновиќ протеран од Хрватска на три месеци - Канал 5

Сергеј Трифуновиќ протеран од Хрватска на три месеци

Популарниот српски актер и бунтовник Сергеј Трифуновиќ, како што пренесува „Слободна Далмација“, сепак е протеран од Хрватска на три месеци. 

Сергеј Трифуновиќ протеран од Хрватска на три месеци

Како што соопштуваат, оваа последна санкција не се однесува на ЕУ, туку само на Хрватска. По пресудата во Судот за прекршоци во Сплит, каде што беше осуден на условна затворска казна за прекршоци во траење од една година, актерот си заминал со својот адвокат, а во еден момент му пришол полицаец и се легитимирал со службена значка.

Тој полицаец бил од Управата за имиграција и на Трифуновиќ му ја врачил одлуката за протерување што ја донеле против актерот како „специјален повратник“, односно повторувач на одредени прекршоци.

Тоа решение стапува во сила од 23 септември годинава. Дотогаш, Трифуновиќ има време да го направи тоа што треба во Хрватска и на полноќ на преодот од недела во понеделник треба да биде надвор од Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали опозицијата е пречка за исполнување на последната задача од европските директиви, а тоа е носењето на Изборниот законик, изјави:

Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали опозицијата е пречка за исполнување на последната задача од европските директиви, а тоа е носењето на Изборниот законик, изјави:

„Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик.

Ние цениме дека, вака како што е моментално, начинот на којшто гласа дијаспората, односно иселениците, не соодветствува на вистинскиот капацитет. Односно имаме неможност да тие излезат во доволно голем број да го реализираат своето право. Посебно иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји, тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право.

И ние се обидовме да дадеме предлог којшто беше прифатен заедно со сите други измени коишто ги содржат препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Завршено беше сè, потпишан беше законот. Пратеничката група на Левица не сакаше да го потпише, викаа ние се сложуваме со сè, фала ова што ни дадовте повеќе пари, еве нема проблем ќе си ги потрошиме. Ова сега што го прават нема никаква врска со вистината, ова е сега театар за мал број гласачи коишто сè уште им веруваат. Замислете овие луѓе да добијат можност да управуваат со некоја институција, што ќе се случи. И вака, ние не се потпишуваме со вас, знаете ние сме робоспиерови следбеници, не можеме со вас. Е така не може, ако сакате да учествувате, ќе мора да имате и одговорност. И така рековме, не може.

И потоа настапи втората опозициска партија СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани, секој си наоѓаше некаква забелешка. За да ние дадеме јасен предлог и кажеме вака. Седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Сè што сакате, ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте ова да го завршиме до 15-ти јули, за да може десетте чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да идеме во следна фаза. Еве чекаме уште, неколку дена поминаа, сè уште немаме усогласен став на опозицијата. Кога зборувам, усогласен став на опозицијата, тука мислам на СДСМ, Левица, Демократската унија за интеграција и дел од пратеници коишто не знам сега како функционираат во рамките на Парламентот, но ајде еве вака ќе ги наречам пратениците на Зијадин Села, пратениците на Арбен Таравари. Тоа е сега во моментот опозиција.

Од страна на владејачката група на пратеници во Парламентот имаме усогласен став којшто вели кажете што сакате, ставете го на хартија и ние ќе го прифатиме, само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна, една изборна. Повеќе пари, повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив, немаме никаков проблем. Сè што мислат дека тие ќе направат, ние ќе го прифатиме. Но за жал еве, до денеска немаме сè уште никаков повратен одговор од страна на опозицијата.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Очекувам до крајот на летово сите документи за брзата пруга да бидат завршени

Со добра динамика оди подготвката на документи за изградабата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, вели министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Очекувам до крајот на летово сите документи за брзата пруга да бидат завршени

Тој очекува до крајот на летово целата документација да биде завршена по што ќе може да почнат и активностите на терен.

Николовски од Гевгелија каде изврши увид на неколку градежни активности, рече дека дополнително реконструкцијата на железничката пруга од Драчево до Илинден преку која ќе се движи товарниот железнички сообраќај, ќе придонесе многу на целиот коридор 10 .

Железничката обиколница Скопје ќе го забрза карго превозот на коридор 10, имајќи предвид дека воведен е “One-stop shop“ со Грција, дополнително работиме на изградба на заедничка железничка станица со Србија и најважно, изградбата на брзата пруга на коридор 10. Бенефитите се повеќекратни, дополнително ќе влијае и врз намалување на аерозагадувањето во Скопје истакна заменик претседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски.

“Видов одредени коментари вчера дека и досега карго возовите не влегувале во Скопје. Тоа е делумно точно и многу неточно, затоа што точно е дека некаде пред 30-40 години, кога првпат е изградена оваа обиколница, тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето коешто го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата, за жал, овој коридор не се користеше. Ние решивме, се зафативме целосно да го реконструираме заедно со ЈП Железници Инфраструктура и во рекордно време се заврши карго обиколницата на Скопје, со што веќе товарните возови нема да поминуваат низ центарот на градот. Тоа еколошки е одлично, второ, ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај” - истакна Николоски.

Toj истакна дека брзиот карго транспорт ќе има економско влијание долж коридор 10 бидејќи регионално се работи на заеднички проекти со соседите.

“Тоа е добро и за Гевгелија, затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ Гевгелија. И уште еден проект којшто заеднички го сработивме и многу ќе помогне за Гевгелија, тоа е дека го воведовме „One-stop shop“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција, што значи дека веќе карго возовите не треба двапати да застануваат кога железнички доаѓаат навака, туку имаат едно застанување. А во моментов работиме на изградба на заеднички железнички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот” -потенцираше Николоски.

Во однос на брзата пругата Николоски додаде:

“Таму одлично оди работата во подготовка на документација. Очекувам во текот на летото сите документи да бидат завршени. Еден по еден се завршуваат и стигнуваат, сите се во предвидениот рок, така што таму одлично оди работата во делот на подготовка, па после тоа и во делот на градба.“- истакна заменик претседателот на Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пешевска: Продолжува спроведувањето на активностите за унапредување на еднаквите можности во Собранието

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието Жаклина Пешевска, денеска, одржа работна средба со членовите на Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста.

Пешевска: Продолжува спроведувањето на активностите за унапредување на еднаквите можности во Собранието

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието Жаклина Пешевска, денеска, одржа работна средба со членовите на Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието, за периодот 2025 – 2027 година.

На средбата беше направен пресек на досегашната реализација на активностите предвидени со Акцискиот план. Имајќи предвид што Планот се спроведува во периодот 2025 – 2027 година беше констатирано дека досегашната реализација е задоволителна и изнесува околу 55 % од предвидените активности. Воедно, беше посочено дека 10 % од активностите се во тек на реализација, а реализацијата на приближно 31 % не зависи само од Работната група туку од постапувањето и координацијата со други надлежни органи.

Собранието го усвои Кодексот за етичко однесување на пратениците, со кој јасно се утврдуваат принципите на почитување, интегритет и одговорност во парламентарното работење, вклучувајќи одредби за спречување на сите форми на насилство, дискриминација и вознемирување, како и за промовирање на рамноправноста. Усвојувањето на Кодексот претставува значаен исчекор во унапредувањето на демократските стандарди и е една од клучните активности предвидени во Акцискиот план.

Воедно, беше истакнато дека во наредниот период е предвидена реализација на повеќе значајни активности од Акцискиот план, кои ќе придонесат за натамошно унапредување на политиките за еднакви можности и зајакнување на институционалните механизми за промовирање на рамноправноста.

Работната група ќе продолжи со редовно следење на спроведувањето на планираните мерки и со координација на активностите со надлежните институции, со цел навремена и успешна реализација на утврдените приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер