Семакедонска илинденска средба во Трново - Канал 5

Семакедонска илинденска средба во Трново

Матицата на иселениците од Македонија и Светскиот Македонски конгрес во соработка со повеќе здруженија на граѓани и општина Битола денеска во потпелистерското село Трново по 42 пат ја одржаа Светската семакедонска илинденска средба, јави МИА.

Семакедонска илинденска средба во Трново
На народниот собир во дворот на црквата „Св.Богородица“ во Трново, присуствуваа гости од државата и странство, како и иселениците Македонци кои живеат во западноевропските и прекуокенските земји. Во името на Владата на Република Македонија се обрати заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој повика на сплотеност и обединетост за сите Македонци, почитување и продолжување на историскиот континуитет на идеите на двата Илиндена.

- Силно го цениме делото на сите од 1903 и на сите од 1944 година, но сега ние сме на ред. Ние треба да се избориме за нашето дело и за нашата победа, за силна и достоинствена Македонија, како дел од европското семејство и на НАТО. Но, ние нема да молиме за тоа, затоа што тоа го заслуживме. Чуму ни се НАТО и ЕУ ако други сакаат да ни бидат кумови, ако други сакаат да ни го определуваат името. Ние сакаме да бидеме дел од НАТО и ЕУ, но нема да влеземе клечејќи и молејќи. Ние ќе влеземе со високо подигната глава како Македонци, потенцира Коњановски.

На Собирот во Трново се обратија и пратениците во Собранието на Република Македонија Милорад Додевски и Павле Саздов кои нагласија дека ќе продолжат со активностите за заштита на човековите и другите права на македонската дијаспора.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров рече дека доколку некој се обиде да го промени државното име Македонија ризикува дестабилизација на Балканот и Европа.

- Името на државата е идентитетот на нацијата. Името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со државното име Македонија. Промената на државното име Македонија значи трајна промена на името на македонскиот народ и јазик. Промената на државното име не е слобода на мислата или демократија, туку злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и кривично дело, велепредавство кое не застарува. Кој мисли дека името може да го смени - нека проба, но ризикува дестабилизација на Балканот и Европа. Не враќајте ги гемиџиите од историјата повторно во Европа и во Македонија, нагласи Петров.

Во името на градот домаќин, во потпелистерското село Трново се обрати градоначалникот Владимир Талески. Честитајќи го Илинден, тој посочи дека за навек треба да се почитува празникот на генерациите кои што се вложиле за независна слободна и суверена Република Македонија.

- Од Битола повикувам сите Македонци, обединети како едно ткиво да се бориме за иднината на идните генерации и поколенија. Битолскиот регион како најпечалбарски крај во Република Македонија со најмногу иселеници во европските и прекуокеанските земји сега има најдобри услови за инвестирање. Ве повикувам да се вратите дома, дојдете си дома и планирајте го своето семејство и својот живот во Битола, во Македонија, порача Талески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка

Дали институциите доволно се грижат за многувековното духовно и културно наследство.. 

Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка

Духовно богаствто старо повеќе од шест века, денес на милост и немилост на влагата и природните појави. Манастирот Успение на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на само 15тина километри од срцето на Скопје, повторно го отвора прашањето за грижата кон домашното духовно и културно наследство. На ѕидовите од манастирот можат да се забележат влага, солни наслаги и видливи оштетувања, за кои познавачите алармираат дека со текот на времето можат да предизвикаат сериозни оштетувања на фрескоживописот и на самата градба. Туристичките водичи реагираат дека при обиколките на манастирот, за кои има голем интерес, се потешко можат да им ги претстават фреските на посетителите, бидејки голем дел од нив се оштетени и тешко препознатливи..

Зад мене е манастирот Успение на Пресвета Богородица, чии корени датираат уште од 14 век. Денес објектот се соочува со видливи оштетувања како последица на влага и други природни влијанија. Останува да се види дали надлежните ќе преземат конкретни мерки за негова заштита , додека граѓаните , посетителите и туристичките водичи предупредуваат дека штетите се видливи со години.

Надлежна институција за заштита на културното наследство е Конзерваторскиот центар – Скопје, до кого од Министерството за култура и туризам велат дека испратиле Ургенција за итно постапување.

Министерството за култура и туризам ве известува дека достави Ургенција за итно постапување во врска со состојбата на живописот во црквата „Света Богородица“ – Матка до законски надлежната установа НУ Конзерваторски центар – Скопје. Со барање за стручен увид на лице место, утврдување на фактичката состојба и преземање соодветни мерки согласно нивните законски надлежности.

YouTube video

Со урегенцијата од култура побарале стручен увид на лице место, утврдуваењ на фактичката состојба и преземње на сосодевтни чекори

Инаку, на терен е видливо дека се вршат одредени истражувања, но за сега без детали до каде е постапката.

Сместен на падините на Матка, манастирот Успение на Пресвета Богородица, датира уште од 1337 година..Покрај духовната улога има и големо културно и историско значење, како сведоштво за средновековното наследство, фрескоживописот и континуитетот на монашкиот живот во регионот. Манастирот е еден од најчесто посетуваните во Скопје од туристи и верници и претставува една од најатрактивните туристички дестинации на Матка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени

Одделот нема да се префрли во Идризово, туку затворска полиција ќе ги чува осудениците со ментални нарушувања во посебното одделение во болницата во Бардовци.. 

Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени

Затворска полиција ќе има во психијатриската болница Скопје во одделот за лекување на осудени лица со ментални нарушувања. Полицијата ќе почне со работа и ќе има нови вработувња откако ќе се донесат новите измени во Законот за извршување санкции. Законот чека на одобрување во министерството за правда, првиот човек на управата за извршување на санкции Алкександар Пандов апелира побрзо да се разгледаат новите измени во правда и верува дека измените ќе бидат изгласни и дека за прв пат ќе има затворска полиција во оваа установа.

„Од секогаш во болницата биле носени овие осудени лица. Секако дека со новиот закон ќе има полиција и навистина се небезбедни на овој начин и се опасност“, вели Александар Пандов директор на Управата за извршување на санкции.

На прашањето, дали овој оддел би можел да се премести во затворот во Идризово, Пандов објаснува дека нема физички можности со простори и персонал, бидејќи има оптовареност во затворот и покрај втората фаза за изградба на затворот ќе нема простор за ова одделение. За Пандов најдбро решение е воведување на електронските алки за дел од затворениците во Идризово со што би се регулирало нивното издржување на казната.

Од психијатриската болница Скопје по серијалот прилози на Канал 5 за проблемот со сместувањето на психијатриските случаи во судското одделение апелираа за присуство на затворска полиција и нови вработувања на медицински персонал.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

Најмногу лекови на рецепт земаат граѓаните од Штип, Кочани и Делчево и останатите од источниот регион,во просек по 18 кутивчиња по човек, покажуваа анализата на Фондот, а бележи и зголемување на потрушувачката на најпознатите лекови, како Дијазепамот.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

На еден жител по 18 кутии апчиња. Истокот на Македонија е најзависен од лекови, барем според анализата на Фондот за здравствено осигурување, според која Метформин, Диазепам, Пантопразол и Еналаприл се трошат како алва и остануваат на листата најпродавани лекови на рецепт со над 5 милиони издадени рецепти само за нив. Директорот на Фондот Сашо Клековски вели дека граѓаните си имаат фиоки со залихи на таблети, но пострашна е двојната наплата од страна на аптеките кои освен цела сума од граѓаните му наплатуваат и на фондот. На ова треба да стави крај долгонајавуваниот проект е-рецепт, за кој има надеж дека целосно ќе профункционира годинава.

Од Фондот најавија дека за неколку дена во атеките граѓаните ќе можат по поевтина цена да купат инхалаторна терапија. Спрејот „фостер“ наменет за инхалација кој најчесто го користат луѓето со астма повеќе нема да биде единствениот на пазарот.

Од Фондот велат дека „Клексаните“ се уште се рефундираат, а од наредниот месец се очекува конечно да бидат достапни во аптека за граѓаните. Со ребалансот на буџетот за Фондот се планира зголемување од над една милијарда денари, која во најголем дел е наменета за исплата на породилните отсуства, потврдуваат од Фондот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер