Во Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици - Канал 5

Во Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици

Момчето кое прегази жена во Капиштец во јануари годинава и пребега во Србија, веќе е екстрадиран во земјава и му е одреден притвор во Затворот Скопје.. 

Во Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици

Во истражниот затвор во Шутка синоќа е спроведен 19 годишниот Саит Саитов кој на почетокот на јануари годинава со автомобил прегази повозрасна жена во скопски Капиштец и побегна надвор од државата. За него беше објавена потерница а еден месец подоцна беше уапсен во Белград по што Министерството за правда побара негова екстрадиција.

„На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка. Саитов беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за кривичноправен настан што се случил во Скопје на 9.1.2026 година.“,велат од МВР.

Со неговото обезбедување Јавното обвинителство ја продолжува истрагата а неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ во разговор за Канал 5 потврди дека ќе го посети во притворското одделение по што со јавниот обвинител ќе биде утврдена динамиката на постапување.

За бегството во Србија на Саитов неколку часа откако ја предизвика сообраќајката му помогнале две лица, мажи жена, негови роднини. Додека траел увидот на местото, тие со автомобил го зеле од домот заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ја напуштиле земјава, а откако ги оставиле во Србија помагачите се вратиле назад. Обвинителството против нив набргу поднесе обвинение за помагање на сторител по извршено кривично дело. И двајцата во март се осудени на затворски казни, Аднан Јакупи на 3 и пол години а неговата сопруга Перихан Шериф на 1 година и 8 месеци затвор. Но според нивниот адвокат Звонко Давидовиќ спорно е што воопшто е донесена пресуда пред да му се суди на сторителот на кој според обвинението му помогнале.

„Значи постапката за сторителот на кривичното дело кое го пишува во диспозитивот на пресудата, Саит Саитов, за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош на лице поввредено во сообраќајна незгода, се уште не е подигнато обвинение а не да има правосилна кривична пресуда. За да постои сторител на кривично дело мора да биде осуден со правосилна кривична пресуда и тоа го предвидува не само КЗ туку ова го предвидува и Уставот на РМ. Вие не може однапред да судите некого кој помогнал на сторител а го немате сторителот, бидејќи немате правосилна пресуда.“

Пресудата за помагачите во бегството на Саитов е обжалена и по основ на невоедначена судска пракса во однос на казните. Според Давидовиќ, изрекувани се пониски казни за директни сторители на сообраќајки со смртни последици за разлика од овие изречени на двајцата помагачи во бегството на Саитов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возете внимателно, Safe City профункционира и во околината на Охрид

СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.

Возете внимателно, Safe City профункционира и во околината на Охрид

Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање. Системот „Безбеден град“, ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот.

Апелираме, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење која, на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)

Нова радосна вест од Универзитетската клиника за детски болести.

Малата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)

Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки.

Секое ѕвонење е победа на детската храброст, на семејната љубов и на посветеноста на здравствените работници.

На Ана ѝ посакуваме многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство.

Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас, објавија на ФБ од Министерството за здравство.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку ќе заработи БиХ со пласманот во нокаут- фазата на СП?

Босна и Херцеговина го победи Катар со 3:1 во 3. коло од Групата Б на Светското првенство, го освои третото место во групата и со тоа се пласираше во нокаут фазата. 

Колку ќе заработи БиХ со пласманот во нокаут- фазата на СП?

Домаќинот САД ги чека таму на 2 јули во 14 часот по наше време. Победата за историски успех, првиот премин во елиминациската фаза на Светското првенство во историјата на националниот тим, беше брилијантно платена од БиХ.

ФИФА дава премија од 11 милиони долари на секоја фудбалска асоцијација чија репрезентација ќе го освои 1/16 финалето на Светското првенство. Ова е дополнително на она што им е загарантирано на секој од 48-те учесници на Светското првенство само со доаѓањето на најголемото натпреварување. Значи, БиХ досега заработи 23,5 милиони долари на Светското првенство. Доколку тимот на Барбарез направи уште едно изненадување и го елиминира домаќинот на првенството во првата нокаут рунда, тој бонус од 11 милиони долари ќе се зголеми на 15 милиони долари, па нејзината вкупна заработка ќе биде 27,5 милиони долари.

Колку заработи Босна и Херцеговина на Светското првенство?

2,5 милиони долари однапред за трошоци за подготовка

10 милиони долари однапред како награда за пласман

11 милиони долари бонус за положување на групата

Вкупно: 23,5 милиони долари

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер