Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаПетровска до Мисајловски: Зошто две години во Министерството за одбрана платите не се зголемени?Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната седница за пратенички прашања побара одговори од министерот за одбрана Владо Мисајловски за сериозни недоследности и сомнежи во работењето на Министерството за одбрана. Петровска побара одговор зошто по две години мандат нема зголемување на основните плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, зошто со ребалнсот се кратат пари за министерството. Воедно, Петровска побара објаснување дали намерно се криеле документи поврзани со Колективниот договор и дали јавноста две години била доведувана во заблуда со невистинити тврдења. Во продолжение е интегралното обраќање на Петровска: Министре Мисајловски, минатиот пат, како што напоменав, тоа беше на седницата за пратенички прашања која беше одржана на 30 април, точно пред околу два месеци, поставив пратеничко прашање за склучување на нов Колективен договор. Тогаш, меѓу многуте лаги што ги кажавте со намера да ме обвините мене, го кажавте и следново. Цитирам од стенографските белешки: „Прво да видиме што кажале од Државниот завод за ревизија за Колективниот договор што јас го потпишав, ајде така да се изразам. Знаете дека беа во Министерството и утврдија дека постапката за негово донесување е незаконска. Не се обезбедени средства, не се обезбедени финансии во тековниот буџет. Исто така, не е пријавен во регистарот што го води Министерството за труд. Како вие носите? Кој ви дал согласност? Дали Владата ви даде согласност да донесете Колективен договор?“ Оваа ваша приказна за наводно незаконски Колективен договор, за наводно матни набавки, за мое незаконско работење и така натаму, веќе две години се обидувате да ја манипулирате јавноста, да кажувате невистини така како што вас ви одговара. А секогаш кога ќе ви речам и ќе ве поканам на телевизиско соочување, за рамноправно да можеме да ги соочиме фактите, одговор нема. Вие бегате. Премногу сте зафатен. Добро, затоа ќе ја искористам оваа говорница да ги соопштам фактите. Факт број еден, со кој се негира вашата лага дека овој договор е незаконски и дека не добил согласност од Владата, е овој извадок од записник од седница на Владата, одржана на 13 февруари 2024 година. Во него се вели: „Владата ја разгледа информацијата за давање овластување на министерот за одбрана за потпишување на нов Колективен договор на Министерството за одбрана, со текст на Колективниот договор, ја усвои информацијата и ја овласти Славјанка Петровска, министер за одбрана, да го потпише Колективниот договор на Министерството за одбрана.“ Ова е дел од архивите и на Владата и на Министерството за одбрана. Ова е првиот документ кој, во обид да ме обвините за наводно незаконско работење, го криете од Државниот завод за ревизија. Вториот документ што го криете од Државниот завод за ревизија е овој допис од тогашниот државен секретар во Министерството за одбрана, испратен и уредно примен во тогашното Министерство за труд и социјална политика, во кое се известува дека на тој и тој ден, со архивски број, е склучен Колективен договор за период од две години. Во прилог на овој акт ви се доставува примерок од склучениот договор за ваше запознавање. Потпишан е поранешниот државен секретар, како и тогашниот и сегашниот тогаш раководител, а сега директор на Правната служба во Министерството за одбрана. И овој документ го криете и од Државниот завод за ревизија и од јавноста. И еве, да речеме дека ова не било така, дека не сте знаеле. Иако е така, бидејќи ова се документи кои ги има, повторно ќе речам, во архивите. Без нервоза, министре. Без нервоза. Затоа што, ако е така, ќе треба вие со ваше писмо да ги доставите до Државниот завод за ревизија. Но, ако не е така, тогаш да видиме што направило Министерството. На 6.4.2026 година, Министерството, со решение потпишано од раководителот на Секторот за поддршка на министерот – човек кој е најблиску до вас и е од ваша најголема доверба – е дадено и потпишано издаде решение за уважување на барањето за слободен пристап до информации. Со тоа барање, барателот побарал да му биде доставена копија од доказ дека Колективниот договор е доставен за евиденција до Министерството за труд и социјална политика. Барањето, како што реков, се уважува и се дава следниот одговор: „Во врска со вашето барање Ве известуваме дека Министерството за одбрана не поседува таков доказ. Имено, во членот 231 од Законот за работни односи е предвидено дека до Министерството за труд се доставува известување за склучен Колективен договор, а не и примерок. Исто така, во наведениот член не постои обврска работодавачот, во конкретниот случај Министерството за одбрана, има обврска да достави известување до Министерството за труд за склучен Колективен договор.“ Ова решение, овој одговор на барањето за слободен пристап до информации е спротивен не само на вистината, дека такви документи постојат, туку е спротивно и на тоа што вие го изјавивте на оваа говорница на 30 април и на тоа што веќе две години го изјавувате. Сега имаме проблем. Или вашиот шеф на кабинет не слуша што му зборува министерот. Или некој вам ви подметнува документи. Или вие свесно ги криете. Што е вистината?Барам одговор од вас. Тоа е моето прво пратеничко прашање. Второто пратеничко прашање е исто така дел од обвинувањата дека кога сте дошле вие во Министерството, буџетот бил блокиран. Кажано едноставно, дека сум го заглавила јас Министерството, дека сум склучувала договори за кои немало пари и дека дури сум ја довела во опасност борбената готовност на државата. Ако е така, зошто во 2025 година и во 2026 година, со ребалансите на Буџетот, на Министерството за одбрана му се скратени повеќе од 20 милиони евра? Па, Министерство што нема пари, како му кратат средства ако вие имате преземено обврски, зошто вие сте го дозволиле тоа? Тоа е моето второ прашање. И третото прашање, од кое бегате, е: Зошто две години во Министерството за одбрана платите не се поместени? Зборувам за основната плата. И не само што не се поместени, оваа година, во ребалансот - барем тој што го добивме ние, не знам дали сте консултирани во делот на Министерството за одбрана – ставката за плати и надоместоци се намалува за повеќе од 10 милиони денари. За сметка на тоа, ставката за договорни услуги се зголемува за повеќе од 40 милиони денари. Што ви е приоритет? Договорните услуги или стандардот на вработените во Министерството за одбрана и Армијата? И уште пострашно. Во време на сезона, ова би беше една од вашите најголеми пофалби беше колку сте ги зголемиле дотациите кон општините поврзани со пожарникарите и таа ставка ви ја кратат. Од една милијарда денари на 770 милиони денари. Тоа се 230 милиони денари помалку. Што значи тоа? Го намалувате бројот на пожарникари? Ги намалувате средствата за нивна исплата во време кога пожарната сезона веќе започна? “, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook