Преќутно усвоен предлог; Нова држава во Европа? - Канал 5

Преќутно усвоен предлог; Нова држава во Европа?

Предлогот сега оди во Сенатот, кој е одлучувачка законодавна инстанца во оваа постапка, објавува порталот „Digi24.ru“.

Преќутно усвоен предлог; Нова држава во Европа?

Законодавниот предлог поднесен од пратениците на романската десничарска, популистичка политичка партија С.О.С. Романија за обединување на Романија со Република Молдавија беше усвоен преќутно вчера во Долниот дом на Парламентот по истекот на уставниот рок од 45 дена.

Предлогот сега оди во Сенатот, кој е одлучувачка законодавна инстанца во оваа постапка, објавува порталот „Digi24.ru“.

Иницијативата беше поднесена до Парламентот на 14 април и доби негативно мислење од владата, како и од Правниот комитет и Комитетот за човекови права на Долниот дом на Парламентот.

Сепак, поради недостаток на јавна дебата и гласање на пленарна седница, предлогот се смета за усвоен преќутно во согласност со член 75 став (2) од Уставот на Република Романија, по што ќе биде доставен до Сенатот во форма во која го поднеле предлагачите.

Предлогот ја овластува романската влада итно, без одлагање, да започне преговори со властите во Кишињев со цел да се заврши процесот на обединување со Република Молдавија.

Во случај на конечно усвојување на овој закон и негово објавување во Службен весник, надлежните меѓународни тела, Владата на Република Молдавија, Соединетите Американски Држави, НАТО, ОН и Европската Унија ќе бидат известени со цел спроведување на одредбите од овој закон, наведува романскиот портал.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер