Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство
2Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
ЗдравјеМедицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителствотоСтолевска уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите.Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите. -Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваме кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема. -Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу. Тагови: органодарителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди областа во близина на ПизаЗемјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса. Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца. Засега нема извештаи за повредени или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаНиколоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерствоЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји. Со почит, Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter