Селена Гомез никогаш нема да може да раѓа: Бременоста би ми го загрозила животот - Канал 5

Селена Гомез никогаш нема да може да раѓа: Бременоста би ми го загрозила животот

Селена Гомез призна дека никогаш нема да може да роди.

Селена Гомез никогаш нема да може да раѓа: Бременоста би ми го загрозила животот

"Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да имам свои деца. Имам многу медицински проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на детето", изјави таа за Vanity Fair.

„Одлично се справувам со тоа. Сметам дека е благослов што има прекрасни луѓе кои се подготвени да учествуваат во сурогат мајчинство или посвојување, што се одлични можности за мене. Благодарна сум за алтернативите за луѓето кои навистина сакаат да станат родители. Јас сум една од тие луѓе што едвај чекам да видам како ќе изгледа тој пат, иако на крајот ќе биде мое дете“, додаде таа.

Да потсетиме, Селена веќе извесно време е во врска со Бени Бланко, а многумина шпекулираат дека се свршени. Селена и нејзиното момче сè уште не ја потврдиле официјално веста за нивната свршувачка или можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто Хауард Стерн потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да основа брак и семејство со Селена.

Во декември минатата година, Селена потврди дека била во врска со Бланко шест месеци, а во тоа време го нарече „најдоброто нешто што ѝ се случило“ и рече дека тој се однесува „подобро од кое било човечко суштество со неа“. Инаку, Селена и Бени се познаваат со години бидејќи соработуваа со Џеј Балвин на песната I Can't Get Enough од 2019 година.

Селена и официјално стана милијардерка, пишува Bloomberg. Како пејачка и актерка, но и како претприемач постигна исклучителен успех и сега е меѓу најмладите милијардери во САД.

Нејзината вкупна вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Иако првенствено е позната како пејачка и актерка, најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од брендот за шминка Rare Beauty, кој го лансираше во 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

 Младиот француски фудбалер Ноа Нсоки (18) наскоро ќе го засили Динамо Загреб.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

Левиот бек може да игра и како офанзивен играч за врска, а доаѓа од редовите на европскиот шампион Пари Сен Жермен.

Нсоки ќе пристигне во Загреб во среда или четврток за да ги изврши лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор.

Динамо нема да плати за Нсоки, но од следниот трансфер заработката ќе ја делат „пола-пола“ со популарните „Светците“ од Париз.

Минатата сезона тој неколку пати тренираше со првиот тим на Париз, но конкуренцијата е преголема. Сепак, тој одигра вкупно 36 минути, влегувајќи во игра од клупата на два натпревари минатата сезона. Одигра 39 натпревари за младинскиот тим на Париз Сен Жермен, при што забележа 10 гола и шест асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди

Во наредните денови се очекува ДСЗИ да ги комплетира надзорите и да ја прибере целокупната медицинска документација од трите здравствени установи. 

Министерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје.

Во наредните денови се очекува ДСЗИ да ги комплетира надзорите и да ја прибере целокупната медицинска документација од трите здравствени установи. Врз основа на целосно утврдената фактичка состојба, ќе следат заклучоците од стручниот надзор, и доколку е потребно, понатамошни дејствија.

Министерството за здравство посебно потенцира дека почитувањето на правото на пациентката на достоинство, приватност и заштита на личните и медицинските податоци е неприкосновено во текот на целата постапка. Секој пациент има законско право на безбедна, квалитетна и правовремена здравствена заштита, како и право на целосна и разбирлива информација за сопствената здравствена состојба. Министерството ќе се погрижи овие права целосно да бидат почитувани — како во текот на инспекцискиот надзор, така и во натамошната комуникација со пациентката и нејзиното семејство.

Министерството за здравство уверува дека случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај. Ниту еден аспект нема да биде изоставен, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно надлежностите и важечките законски прописи.

Ја повикуваме јавноста на воздржаност додека траат постапките и апелираме да не се изнесуваат предвремени заклучоци, шпекулации или лични податоци што би можеле дополнително да ги вознемират пациентката и нејзиното семејство.

Министерството истовремено апелира на јавноста и медиумите за коректност и заштита на достоинството на здравствените работници вклучени во случајот, чија евентуална одговорност ќе биде утврдена единствено врз основа на резултатите од стручниот надзор, а не преку јавно осудување пред нивно завршување.

По завршувањето на надзорите и разгледувањето на сите наоди, Министерството навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за утврдените факти и за натамошните чекори.

Заштитата на пациентите, почитувањето на нивното достоинство и целосното утврдување на фактичката состојба остануваат највисок приоритет на Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. 

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, но вели дека не смее да ја открие нивната содржина зашто така ќе бидат осудени на неуспех.

-Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Ние често зборуваме за тоа дека има разговори. Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега, вели муцунски.во истиот контекст претседателкта а Сиљановска-Давкова пред две недели во емисијата Само интервју на Канал 5 исто така потврди дека се водат дипломатски разговори со претставници на ЕУ и дека постојат можни правни и политички механизми за дополнителни гаранции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер