Се породи Натали Портман- роди трето дете и прво со новиот партнер - Канал 5

Се породи Натали Портман- роди трето дете и прво со новиот партнер

Актерката Натали Портман го доби своето трето дете, прво со партнерот Танги Дестабл. 

Се породи Натали Портман- роди трето дете и прво со новиот партнер

Извор близок до двојката потврди за „Пипл“ дека 45-годишната актерка се породила минатиот месец во Париз.

Портман веќе има две деца од бракот со нејзиниот поранешен сопруг, режисер и кореограф Бенџамин Милпие - 15-годишниот син Алеф и деветгодишната ќерка Амалија.

Врската на Портман и Дестабл за прв пат беше потврдена во март 2025 година, откако француското списание „Воиси“ пишуваше за нивната врска. „Пипл“ контактираше со претставникот на актерката за коментар за веста за новото дете.

Во април, таа откри дека го очекува своето трето дете

Портман ја потврди бременоста во април во интервју за „Харперс Базар“. „Танги и јас сме многу возбудени“, рече таа во тоа време. „Едноставно сум многу благодарна. Знам дека ова е голема привилегија и вистинско чудо.“

Глумицата, исто така, зборуваше за тоа колку оваа бременост беше различна од претходните. Таа вели дека го доживеала тоа посмирено и со поголемо чувство на благодарност. „Постои еден вид благодарност што можеби не ја разбирате кога сте помлади. Исто така, постои мир и самосвест. Знам точно со кого сакам да поминувам време и каква енергија сакам околу мене, а тоа го прави секој ден прекрасен“, рече таа.

Додаде дека е свесна дека ова може да биде нејзината последна бременост. „Бидејќи ова е веројатно мојот последен пат, ја ценам секоја секунда.“

Ја поминала бременоста во Париз

За време на бременоста, Портман продолжила да биде активна. Пливала и вежбала гиротоника, систем за вежби што комбинира контролирани и кружни движења, и поминувала многу време со своите деца.

По завршувањето на неколку деловни проекти, таа одлучила повеќе да се посвети на своето семејство. Таа вели дека особено ѝ се допаднало тоа што ги поминала последните месеци од бременоста во Париз.

„Времето беше прекрасно. Беше неверојатно да се шета во тие прекрасни паркови и да се посетуваат изложби. Само обични работи што ги правите кога не работите“, рече таа.

На крајот, таа се пошегува за разликата помеѓу француската и американската медицинска пракса кога станува збор за пресметување на терминот. „Во Франција, сметаат дека терминот е 41 недела, а не 40, па претпоставувам дека овој пат добив дополнителна недела од бременоста“, рече таа.

Портман и францускиот музички продуцент Дестабл најчесто ја криеја својата врска од очите на јавноста. Ова е прво дете за актерката по разводот од Милпие, со кого беше во брак од 2012 до 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле  речиси целиот златен накит.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините.

За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат.

Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери.

За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Борбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови.

Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување.

Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии.

Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Минатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки.

Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек.

YouTube video

Желки завиткани во селотејп

Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни.

Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер