Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
1Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
МакедонијаСДСМ: Вучиќ преку Орбан ги купи последните слободни медиуми во Србија - На ред е МакедонијаКако што најавивме уште пред два месеца - во тек е постапка за воведување целосен медиумски мрак во Србија и Македонија.Денес Вучиќ, преку Орбановата мрежа, ги презеде последните слободни српски медиуми: Н1, Нова С, Радар, Форбс Адриа, Данас… Купувач е португалската инвестициска група Alpac Capital (преку луксембуршкиот фонд European Future Media Investments). Сопственикот Педро Варгас Сантос Давид денес е веќе впишан како директор на сите тие медиуми, а досегашните директори се сменети. Кој е Педро Варгас Давид? Неговиот татко Марио Давид бил долгогодишен советник и близок соработник на Виктор Орбан. Александар Вучиќ лично го нарече „пријател“. Истата Alpac Capital уште во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews. Дел од парите (околу 45 милиони евра) дојдоа преку унгарски државен фонд близок до Орбан. Истата мрежа е поврзана и со 4iG - компанијата која веќе ја гради инфраструктурата за медиумска контрола. Истата компанија која дојде преку Орбан до Мицкоски. Компанија чии договори со унгарската држава од времето на Орбан сега се под ревизија поради сомнежи за злоупотреба на јавни средства. Воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар сега станува многу појасно. И единствената средба на Мицкоски за време на неговото туристичко патување во Давос - токму со нив. Ова е истиот модел што се подготвува и за Македонија. Кај нас Орбан веќе контролира околу 40 % од медиумскиот пазар преку ВМРО-мрежата. Сега се подготвува влез на медиумите на „српскиот свет“ - медиумите на Вучиќ. Мицкоски нема резултати. Нема пари во буџетот. Потребни му се медиуми како заштита на неговата криминална власт. Единственото што му преостанува е да го стави под своја контрола и медиумскиот простор, откако веќе целосно ги презеде правосудството и полицијата. А Вучиќ, кој управува со ВМРО и со Мицкоски, ја воведува Alo-групата и Euronews-моделот. Латас е задолжен за уредувачкиот дел. Ивона Талевска за Вучиќевиот Euronews. Целта е јасна: целосна контрола на информативниот простор пред избори. Медиумски мрак. Без слободни медиуми. Без критика. Без вистина. Ова не е купување медиуми. Ова е купување на јавниот простор, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проектиПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“. Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Муцунски чита некој друг извештајМуцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита? Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување. Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада. Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост. Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“. Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање. Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо. Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока. Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители. Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните. Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагетиВо петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 морков 1 главица кромид 400 мл. доматно пире 400 гр. мелено месо 3 чешниња лук 3 лажици маслиново масло половина чаша црвено вино 100 гр. пармезан сол, бибер и босилок Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter