ФудбалРафиња го продолжи договорот со Барселона!Шпанскиот фудбалски шампион, Барселона заврши одлична работа и ја осигура иднината на еден од своите најважни фудбалери! Бразилецот Рафиња еден од капитените на тимот, го продолжи договорот со каталонскиот гигант до 30 јуни 2030 година, а неговото признание по потпишувањето привлече посебно внимание. Имено, тој откри дека пред само две години бил убеден оти ќе го напушти клубот! Рафиња потпиша нов договор со каталонскиот гигант, кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година. Претходната соработка важеше до 2028 година, но раководството одлучи да го награди за фантастичните игри и уште еднаш да покаже колку сметаат на него. Сепак, зад ова потпишување стои многу поголема приказна од едноставно продолжување на соработката. На свечената церемонија, Рафиња призна дека ни самиот не верувал оти ќе доживее таков пресврт во Барселона! - По првите две години во клубот, не можев ни да замислам дека денес ќе бидам овде. Веројатно ни многумина од вас не очекуваа дека ова ќе се случи, бидејќи тогаш бев изложен на многу критики. Јас знаев колку можам и што можам да му дадам на овој клуб. Особено е интересно она што Рафиња го откри во интервју за британскиот „Гардијан“. Бразилецот призна дека во 2024 година веќе бил ментално подготвен да ја напушти Барселона. Не чувствувал доволно доверба, а ситуацијата околу неговиот статус во тимот воопшто не била едноставна. - Во себе веќе знаев дека си заминувам. Тоа беше крајот, вистина е. А потоа следеше пресврт! На клупата на Барселона седна Ханси Флик, кој го повика Бразилецот на разговор и јасно му стави до знаење дека смета на него. - Ми рече дека има доверба во мене, дека ќе бидам важен за тимот и дека начинот на кој играме ќе ни одговара. Во таков момент, неколку зборови можат да променат сè. Почувствував голема доверба и добив сигурност да го играм својот фудбал. Одлуката да остане се покажа како полн погодок. Бразилецот блесна, стана еден од најважните играчи во тимот, а во август оваа година ја доби и капитенската лента! Рафиња пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс, а денес е еден од најзаслужните за успехот на каталонскиот клуб. За првиот тим одигра 190 натпревари, постигна 94 гола и забележа 64 асистенции. Со Барселона освои три титули во шпанското првенство, еден Куп на кралот и три шпански Суперкупа. Оваа сезона игра во фантастична форма, а особено се истакна по промената на својата позиција. Ханси Флик го помести поблиску до противничкиот гол и сè почесто го користи како централен напаѓач. Резултатот е импресивен – 19 гола во раната фаза од сезоната, од кои 15 во првенството и четири во Лигата на шампионите. Со тоа, Бразилецот стана еден од најубиствените фудбалери во Европа! – Ја променив позицијата и се обидувам да го дадам најдоброто за тимот. Се прилагодувам на она што се бара од мене. Уживам во тоа, а сè е полесно кога го имате квалитетот што го поседуваме во овој тим. Сепак, еден трофеј особено му недостасува. Бразилецот не крие дека има огромна желба да ја освои Лигата на шампионите со Барселона. „Има еден трофеј што сè уште ми недостасува, но сакам да освојам што е можно повеќе во овој дрес до 2030 година“ – рече тој. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, присуствуваше на потпишувањето на новиот договор, при што клубот јасно покажа дека Рафиња претставува еден од столбовите на проектот за наредните години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаОд 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен станНови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан.. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом. Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти. Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЈанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназијаГрадоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење париОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица .Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата. Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица. Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар. Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да и се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг. Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook