2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
МакедонијаМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕКНајновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност. Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот. Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип За 90 проценти се зголемил бројот на болни од грип во однос на претходната недела. Од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип. Најмногу пријави има во Тетово, но според ИЈЗ, Македонија сè уште не го достигнала прагот за сезонска активност на грипот. Според официјалните податоци, во Тетово се регистрирани 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13. Следуваат Прилеп и Гостивар со по седум пријавени случаи. Најмногу заболени, вкупно 84, се на возраст од 15 до 64 години. Кај лицата постари од 65 години се регистрирани 25 случаи, додека седум случаи се пријавени кај деца од пет до 14 години. Бесплатната вакцинација се спроведува преку центрите за јавно здравје и здравствените домови, а пријавувањето се врши преку електронскиот систем за вакцинација. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани од наредната недела се очекува нова пратка на вакцина против грип.Тагови: грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОценка на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ за Извештајот на ЕКВо врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка:ЗА ПРОМЕНИ ВНАТРЕ НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ! Во врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка: Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат Извештаите на Европската Комисија за дневно политички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка Влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам. Албанските политички кампуси имаат обврска да излезат од спиралата на меѓусебно обвинување за строго етнички прашања, да создаваат идентитетски проблеми, за потоа да ги злоупотребуваат за нивна меѓусебна политичка пресметка зад која всушност се кријат бизнис, тендерски интереси. Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата. Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку. Крајно загрижувачки се податоците за драматичниот пад на повратот на ДДВ кон стопанството, нотирани во Извештајот. Владата од собрани 100 денари ДДВ, во законски предвидениот рок врши поврат на само 14,3 денари со што и согласно ЕУ стандардите е извршна власт со најлош економски учинок. Поздравуваме што и покрај сите предизвици, отстапки и разочарувања на европскиот пат, високото мнозинство во земјата сеуште го подржува полноправното членство на Македонија кон ЕУ. Позитивните резултати на Македонија за активното вклучување во Планот за раст за Западен Балкан, засилените напори за спроведување на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ уште еднаш ни потврдува дека за клучните внатрешни реформи недостасува политичка волја. Борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем, изборното законодавство за да се спроведат внатре во општеството не треба да го чекаме полноправното членство во ЕУ. Ако нѐ бива за планот за раст каде очекуваме пристап до европските фондови, тогаш, ако навистина постои политичка волја можеме да ги направиме неопходните внатрешни реформи на сите нивоа. Извештајот за напредокот кон ЕУ не упатува на следните заклучоци: Европската иднина на Македонија не смее и понатаму да биде жртва на тесно партиски интереси; Фактот што ЕК најавува можност за постепена интеграција во ЕУ нам ни треба итен и национално усогласен државен план за (ре)приклучување во групата со Албанија и Црна Гора; Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ; Веднаш да се направат неопходните измени на Изборното законодавство и да се воведе една изборна единица и отворени листи што е најважен предуслов за демократизација на политичката понуда, вистинско зајакнување на пратеничките мандати и отчетноста кон избирачите; Спроведување на уставно-законски измени кои ќе спречат застарување на кривичното гонење за кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица; Испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПроф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 годинаЗапочнувајќи од 2023 година Филозофското друштво на Македонија ја доделува наградата „Константин Философ“ за животно дело. Оваа година Конкурсот за наградата беше распишан на 26 март, а пријавувањето траеше до 1 октомври 2026 година. Комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р во пензија Иван Џепароски, дописен член на МАНУ (претседател), проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев и проф. д-р Трајче Стојанов (членови), едногласно одлучи добитничка на наградата за животно дело за 2026 година да биде проф. д-р Вера Георгиева. Во подолгото образложение на одлуката Комисијата констатира дека „проф. д-р Вера Георгиева во својата досегашна професионална дејност се издвојува како една од најзначајните и најпрепознатливите филозофски автори во нашата земја. Таа, како автор на неколку монографски изданија и на многубројни научни трудови во еминентни научни списанија, како учесник на голем број научни симпозиуми во земјата и во странство, со својот минуциозен пристап во доменот на историјата на филозофијата, а особено во рамките на прашањата и темите поврзани со византиската филозофија, секогаш успева на соодветен и на прецизен начин да ги толкува сложените филозофски прашања поврзани со античката и византиската филозофија.“ Понатаму, Комисијата истакнува: „Како со својата научноистражувачка дејност, така и со својот педагошки ангажман и харизма, но и со напорите за поширока афирмација на значењето и вредноста на филозофијата, Георгиева на најдобар начин ја реализира просветителската мисија на филозофскиот ангажман. Со тоа останува верна на духот на делото на Светите Кирил и Методиј – големите византиски мислители и општествено-културни дејци на поширокиот европски и словенски простор, патроните на нашиот универзитет, на кој таа го помина целиот свој работен век“. Проф. д-р Вера Георгиева (1950) е интегрален дел на т.н. втора генерација македонски филозофи. Магистерската теза „Хајдегеровото толкување на Хераклитовиот логос“ ја брани на Филозофскиот факултет во Белград, додека докторската дисертација „Антрополошките импликации во филозофијата на исихазмот“ ја одбранила на Филозофскиот факултет во Скопје (1991). Од 1975 година па сè до заминувањето во пензија (2017) професионалниот ангажман го врзува со Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што низ годините ги предава предметите: Античка претсократовска филозофија, Античка систематска филозофија, Средновековна и ренесансна филозофија, Византиска филозофија, Арапска (исламска) филозофија, Еврејска филозофија, Толкување на историјата на филозофијата, Филозофија (општ курс). Голем број од тие предмети во универзитетскиот курикулум се воведени токму од неа, како на пр. Византиска филозофија (1999), предмет којшто има пошироко значење за нашата академска и културна заедница. Авторка е на четири монографии, како и на многубројни научни и стручни трудови публикувани во реномирани домашни и меѓународни списанија/зборници. Георгиева во два мандата била Претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, а била член и во одборите за доделување на наградите „Гоце Делчев“ и државната награда „Св. Климент Охридски“. Од 2012 до 2016 година проф. д-р Вера Георгиева ја извршувала функцијата на Сенатор на УКИМ. Свеченото врачување на наградата „Константин Философ“ за животно дело ќе се одржи на 17 ноември 2026 година со почеток во 9 часот, во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, во рамките на 23. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија. Настанот е отворен за јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00