МБА: Во текот на викендот, планирани системски прилагодувања во банките за примена на новите стандарди во платниот промет
2МБА: Во текот на викендот, планирани системски прилагодувања во банките за примена на новите стандарди во платниот промет
3Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“
2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ЖивотПроф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 годинаЗапочнувајќи од 2023 година Филозофското друштво на Македонија ја доделува наградата „Константин Философ“ за животно дело. Оваа година Конкурсот за наградата беше распишан на 26 март, а пријавувањето траеше до 1 октомври 2026 година. Комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р во пензија Иван Џепароски, дописен член на МАНУ (претседател), проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев и проф. д-р Трајче Стојанов (членови), едногласно одлучи добитничка на наградата за животно дело за 2026 година да биде проф. д-р Вера Георгиева. Во подолгото образложение на одлуката Комисијата констатира дека „проф. д-р Вера Георгиева во својата досегашна професионална дејност се издвојува како една од најзначајните и најпрепознатливите филозофски автори во нашата земја. Таа, како автор на неколку монографски изданија и на многубројни научни трудови во еминентни научни списанија, како учесник на голем број научни симпозиуми во земјата и во странство, со својот минуциозен пристап во доменот на историјата на филозофијата, а особено во рамките на прашањата и темите поврзани со византиската филозофија, секогаш успева на соодветен и на прецизен начин да ги толкува сложените филозофски прашања поврзани со античката и византиската филозофија.“ Понатаму, Комисијата истакнува: „Како со својата научноистражувачка дејност, така и со својот педагошки ангажман и харизма, но и со напорите за поширока афирмација на значењето и вредноста на филозофијата, Георгиева на најдобар начин ја реализира просветителската мисија на филозофскиот ангажман. Со тоа останува верна на духот на делото на Светите Кирил и Методиј – големите византиски мислители и општествено-културни дејци на поширокиот европски и словенски простор, патроните на нашиот универзитет, на кој таа го помина целиот свој работен век“. Проф. д-р Вера Георгиева (1950) е интегрален дел на т.н. втора генерација македонски филозофи. Магистерската теза „Хајдегеровото толкување на Хераклитовиот логос“ ја брани на Филозофскиот факултет во Белград, додека докторската дисертација „Антрополошките импликации во филозофијата на исихазмот“ ја одбранила на Филозофскиот факултет во Скопје (1991). Од 1975 година па сè до заминувањето во пензија (2017) професионалниот ангажман го врзува со Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што низ годините ги предава предметите: Античка претсократовска филозофија, Античка систематска филозофија, Средновековна и ренесансна филозофија, Византиска филозофија, Арапска (исламска) филозофија, Еврејска филозофија, Толкување на историјата на филозофијата, Филозофија (општ курс). Голем број од тие предмети во универзитетскиот курикулум се воведени токму од неа, како на пр. Византиска филозофија (1999), предмет којшто има пошироко значење за нашата академска и културна заедница. Авторка е на четири монографии, како и на многубројни научни и стручни трудови публикувани во реномирани домашни и меѓународни списанија/зборници. Георгиева во два мандата била Претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, а била член и во одборите за доделување на наградите „Гоце Делчев“ и државната награда „Св. Климент Охридски“. Од 2012 до 2016 година проф. д-р Вера Георгиева ја извршувала функцијата на Сенатор на УКИМ. Свеченото врачување на наградата „Константин Философ“ за животно дело ќе се одржи на 17 ноември 2026 година со почеток во 9 часот, во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, во рамките на 23. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија. Настанот е отворен за јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка Народната банка со нови информации до пензионерите кои примаат пензии преку АЛТА банка. Денеска на состанок во Народната банка гувернерот на Народната банка Трајко Славевски, директорот на Фондот на пензиско Никола Мемов и претседателката на Здруженијата на Македонија Станка Трајкова ја разгледале состојбата како и активностите што ги презема централната банка да се овозможи исплата на пензиите и другите средства за пензионери гувернерот Славески истакнал дека Народната банка постојано презема активности за надминување на проблемите и за пронаоѓање соодветни решенија. Целта е постепено и безбедно да се овозможи полесно располагање со средствата на граѓаните и компаниите. Тој посочил дека ја разбира загриженоста на граѓаните, особено на оние кои чекаат да располагаат со своите пензии, плати и пари потребни за секојдневните трошоци... Пензионерите кои ќе одлучат да ја променат банката најпрво треба да се одјават од банката преку која досега ја добивале пензијата, а потоа да се обратат во новата банка во која сакаат да продолжат да ги примаат средствата. И корисниците на социјална помош кои имаат сметки во „алта банка“ АД Битола од денеска ќе можат да ги подигнуваат своите средства, откако парите за оваа намена се префрлени на сметките на банката од министерството за социјална политика, демографија и млади...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМБА: Во текот на викендот, планирани системски прилагодувања во банките за примена на новите стандарди во платниот прометМакедонската банкарска асоцијација информира дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системиМакедонската банкарска асоцијација информира дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од 09.11.2026 година (понеделник). Активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат. Целта на системските прилагодувања е да се овозможи непречена примена на овие промени во секојдневното користење на платежните услуги. За време на спроведувањето на техничките активности, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во платежните трансакции. Привремената недостапност ќе биде поврзана со овие однапред планирани системски прилагодувања. Точните термини на активностите, услугите што ќе бидат опфатени и очекуваното времетраење на ограничувањата ќе бидат наведени во поединечните известувања на банките до своите клиенти. Ги повикуваме граѓаните и компаниите редовно да ги следат официјалните комуникациски канали на својата банка и, доколку имаат плаќања што треба да ги извршат во овој период, да ги планираат навреме, согласно објавените информации. Потсетуваме дека постојните броеви на платежните сметки не се менуваат, а приспособувањето на нејзиниот приказ и користење на сметките во ИБАН-формат во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките. Им благодариме на клиентите за соработката и разбирањето при воведувањето на новите стандарди, кои се дел од модернизацијата на националниот платен промет. Македонска банкарска асоцијацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“Камион што превезувал азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, во близина на градот Крефелд во западна Германија. Притоа дошло до истекување на опасната материја, поради што властите издадоа предупредување за екстремна опасност и наложија затворање на одредени училишта и градинки за тој ден. Возачот на камионот е повреден во несреќата и пренесен е во болница, изјави портпаролот на противпожарната служба, пренесува „Шпигел“. Надлежните служби го предупредија населението за сериозни здравствени ризици поради ослободувањето на азотна киселина, која има исклучително корозивни својства. Преку системот за итно предупредување „Нино“ (Nino), граѓаните беа известени за највисокото ниво на опасност, со совет веднаш да побараат засолниште во затворени простории, да ги затворат прозорците и вратите, како и да ги исклучат уредите за вентилација и климатизација. Поради инцидентот, железничкиот сообраќај во тој дел од покраината Северна Рајна-Вестфалија беше делумно во прекин. Во интервенцијата учествуваат околу 150 припадници на противпожарната служба, кои работат на запирање на истекувањето и преточување на киселината од камионот. Ангажирани се и специјализирани единици за интервенции во случаи на опасни материи. Просторот околу местото на несреќата е обезбеден во радиус од еден километар. Азотната киселина е една од важните индустриски хемикалии и, меѓу другото, се користи во производството на вештачки ѓубрива и експлозиви. Во случај на неконтролирано истекување, таа може да претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter