СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај - Канал 5

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита?

Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување.

Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада.

Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“.

Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање.

Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо.

Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока.

Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители.

Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните.

Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш!

Овде, зад мене, во Владата се главните виновници кои дозволија Алта банка да влезе во Македонија, со сомнителен капитал.

Кузеска: Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш!

СДСМ уште пред една година предупреди за Алта банка, дека е про-режимска банка создадена од криминалните кланови и перланица на пари на Вучиќ.

Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот.

Трајко Славевски вели имало консултации Кочовска вели немало и не била информирана.

Штом зинат лажат.

Еве го записникот од седница на Владата од 23 септември 2025 година.

На предлог на Кочовска Владата на Мицкоски носела Заклучоци за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград на 16 јавни институции.

Мицкоски и Славевски ја внесоа Алта банка во Македонија, со сомнителен капитал, која сега е под стечеј, без лиценца и под истрага за криминал.

А Владата на Мицкоски, на истиот Давор Мацура му овозможила да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата.

Внимавајте, акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка!

Денеска луѓето не можат да си дојдат до своите пари. Редици, гужви, нервозни граѓани, неизвесност.

За ова мора да има одговорност!

Сега тие што ги носеа штетните одлуки, што овозможија влез на Алта банка најавуваат продажба на нов сопственик. Целта е да се заташка работата, да не се открие криминалот.

Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под и под сомнеж за потеклото на капиталот?

Власта врши притисок врз потенцијални купувачи, на една странска а од пред некој ден и на една домашна банка.

Бараме, ОЈО да не чека и да не се правда дека има време.

Нема време, се касни 11 месеци.

Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочовска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка.

Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Измама вредна 100 милиони евра: Разоткриени шверцери на луксузни возила, претреси и во Хрватска

Европското јавно обвинителство (EPPO) разби криминална мрежа која извршила измама со ДДВ во вредност од 100 милиони евра преку увоз и продажба на луксузни автомобили. 

Измама вредна 100 милиони евра: Разоткриени шверцери на луксузни возила, претреси и во Хрватска

Во операцијата „Џавелин“ (Javelin) биле уапсени 13 лица, а претреси се спроведени во пет европски земји, меѓу кои и Хрватска.

Како што соопшти Европското јавно обвинителство, вчера, во рамките на опсежна истрага, биле спроведени претреси во Австрија, Хрватска, Чешка, Германија и Полска, во кои учествувале повеќе од 900 даночни службеници и полицајци. Во Германија и Австрија се уапсени 13 лица, а истрагата се води против повеќе од 50 осомничени. Истовремено, беа извршени налози за одземање имот во вредност од дури 26 милиони евра.

Во Берлин се одземени два имота, меѓу кои и еден во кој се наоѓа хостел, а во Хрватска биле одземени седум имоти.

Исто така, се замрзнати банкарски сметки и одземени десетици автомобили, вклучително и скапи луксузни возила, како и готовина, криптовалути, оружје со муниција и неколку луксузни часовници.

Според доказите собрани досега, оваа сложена шема била организирана од петмина осомничени предводници и двајца даночни советници, а интегрираниот систем функционирал најмалку од 2016 година. Тие ги искористиле правилата на Европската унија, според кои прекуграничните трансакции меѓу земјите-членки се ослободени од ДДВ. Компании од неколку земји на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија и Чешка, пријавиле продажба на луксузни автомобили на компании во Берлин, кои ја имале улогата на таканаречени „исчезнати трговци“.

Според прописите на ЕУ, германските компании ги купувале автомобилите по нето-цена, без ДДВ, но при нивната препродажба на купувачи во Германија, тие биле должни да пресметаат ДДВ и да го уплатат кај даночните органи. Наместо тоа, како што се сомнева, тие го наплаќале ДДВ-то, а потоа исчезнувале или престанувале со работа, без да платат даноци кон државата.

Автомобилите потоа биле препродавани преку посреднички компании, таканаречени „тампон-компании“ (buffers), чија задача била да ја прикријат измамата и да им дадат изглед на легитимност на трансакциите.

На крајот, возилата биле продавани во друга земја од ЕУ, а последниот купувач во Германија можел да побара поврат на ДДВ-то платено на добавувачот, иако тој данок никогаш не бил уплатен во државниот буџет.

На овој начин, според обвинителството, осомничените се стекнале со незаконска добивка проценета на 100 милиони евра, која потоа ја испрале со цел да го прикријат нејзиното вистинско потекло.

Оваа акција беше спроведена под надзор на Европското јавно обвинителство (EPPO) од страна на органите за спроведување на законот во пет земји. Во Хрватска учествуваше PNUSKOK, со поддршка од полициските управи во Загреб и Задар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен стан

Нови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. 

Од 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен стан

Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан..

Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом.

Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти.

Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер