СДСМ најавува поддршка за власта ако се обезбеди решение што ќе ги деблокира евроинтеграциите - Канал 5

СДСМ најавува поддршка за власта ако се обезбеди решение што ќе ги деблокира евроинтеграциите

СДСМ ќе биде конструктивна и ќе даде поддршка на власта во Собрание доколку се најде решение за деблокада на евроинтеграциите, уверува лидерот на партијата Венко Филипче. 

СДСМ најавува поддршка за власта ако се обезбеди решение што ќе ги деблокира евроинтеграциите

На брифинг со новинарите рече дека сепак европските челници при посетите на земјава ни укажале на единствениот излез- преку промена на уставот со вметнување на Бугарите, па тој е песимист дека може да се најде поинакво решение за да се спречи вето од Софија и во иднина.

-Било што кое е прифатливо за нас и за Европа и ќе ја подобри нашата преговарачка позиција, ние ќе го поддржиме. Дали ќе се соочиме со непринципиелна блокада од Бугарија, не знаеме. Што можеме да изгубиме, со што не плаши ВМРО-ДПМНЕ? Јазикот не можат да ни го земат, тој е признат, за работата на Историската комисија, таму се решава со консензус и веќе е постигнат договор за четири историски личности. Никој не може да ни ја земе ни историјата,- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Од друга страна власта тврди дека има активна дипломатска офанзива и нема план „Б“ за Европската Унија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во „Вести плус“ изјави дека една од опциите која била разгледувана се и уставни измени со одложено дејство, со став дека што и да се договори нема да биде отстапено од националните интереси. Преку ноќ вели нема да се најде решението, но најважно е да се елиминираат потенцијалните блокади за идентитетски прашања.

-Јавноста треба да знае дека ние имаме постојано активен дијалог и со европските институции и со земјите членки и со соседна Бугарија. Се уште не сме блиску до решение, но разговараме за решенија. Решенија коишто се во рамки на позициите кои ние повеќепати ги имаме претставено во нашата јавност. Разговараме за повеќе решенија, за коишто, да, ќе потврдам дека едно од потенцијалните решенија за кои сме дискутирале е и моделот на уставни измени со одложна примена, но сеуште не сме стигнати до фаза да имаме решение кое е прифатливо за сите страни. За нас што клучно – предвлидливоста и сигурноста дека нема да бидеме условувани за прашања поврзани со историја, идентитет, јазик, култура,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

Додека од власта очекуваат на крајот од септември Европската Унија да соопшти кој е планот за проширувањето и перспективата на Македонија, лидерот на опозицијата оценува дека токму есента ќе донесе криза на сите полиња. Филипче ја критикува владејачката коалиција за игнорирање на опозицијата во Собранието, и најави дека ќе поднесат интерпелација за спикерот Африм Гаши за кршење на Деловникот, како и за Иван Стоилковиќ за вербални конфликти кои биле на раб на ескалација кога се гласаше реконструкцијата на Владата. За предлог законот за Скопје 2028, Филипче рече дека е скандалозен и пратеничката група на СДСМ ќе го блокира со амандмани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Синдикалната кошница надмина 70 илјади денари.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Споредбено со септември, пресметките на ССМ, покажале дека трошоците за четиричлено семејство пораснале за 926 денари, а дека цела една минимална плата, нешто над 26 илјади денари, треба да се потроши само за најосновните потреби - за храна и пијалоци. Ако се направи споредба со почетокот на годината пак, минималната синдикална кошничка се зголемима за 3945 денари.

Заменик-министерот за економија Ристески оценува дека скокот на цените на горивата има влијание на целата економија, но со владините политики вели граѓаните не се оставени сами на себе. Во понеделник на социо-економскиот совет во Владата, пак, ќе се дебатира за владината потрошувачка кошница, која на неодамнешната презентација покажа драстично помали трошоци за живот во однос на синдикалната.

-Владата покажа дека и во ваква тешка економска светска криза има капацитет да се справува со правење на одлични мерки кои досега дадоа и резултати. А дека има резултати покажува и фактот дека имаме и една од најниските инфлации во Европа и регионот. / Имаме зголемување на просечната исплатена нето плата во Македонија, што најголем дел од населението да речам се движи околу таа просечна плата, бидејќи само 2 проценти од населението реално земаат минимална плата, така да ќе гледаме таа просечна или медијална плата да се зголемува и понатаму,- Марјан Ристески – заменик министер за економија.

-Цената на нафтата држи константно повисока цена, има раст на платите во привнатниот бизнис, тоа е потврдено со официјални податоци од заводот за статистика, зголемени суровини.. Сето тоа придонесува да има притисок на излезната страна, во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени. Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

За да се зголеми продуктивноста и можноста за поголема заработката на работниците, Ѓорѓиевски најавува дека во следниот период ССК ќе се залага за плаќање по час, модел кој оценува дека фукционира добро во многу други држави и во приватниот и во јавниот сектор.

Инаку, според извештај на Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, Македонија достигнува 64 проценти од просечното ниво на благосостојба во ЕУ.

Според нивните заклучоци, доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Министерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. 

 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Афродита Рамос го следи пресот.

Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст?

Во видедото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Македонскиот јазик е официјален во државата и тоа треба да се почитува и за правосудниот испит порача премиерот Христијан Мицкоски, откако студентите Албанци вчера упатија ултиматум целиот испит да се полага на албански.

Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Мицкоски во целост застана зад предлогот што минстерто за правда Шасивари... дециден е дека дека писмениот дел од испитот треба да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, додека усмениот дел според него треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик на правосудниот систем во Македонија и согласно препораката на Венецијанската комисија.

- Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три јазици различни од македонскиот, и за нас како Влада логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование додека во усмениот дел каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, тоа значи право и кога зборуваме за правото и правосудниот систем имаме принцип на „франка лингва“ односно еден јазик. Во Македонија тој јазик е македонскиот, изјави Мицкоски.

Шасивари најави дека за предлогот сега ќе се побара мислење од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Но, веќе е извесно дека ДУИ ќе биде и против овој закон.. Тие денеска преку соопштение го обвинија министерот дека со својот пристап кон полагањето на правосудниот испит на албански јазик создава нови проблеми наместо да понуди решение.

-ДУИ оценува дека уставните права не можат да зависат од волјата на министерот, од резултатите на средбите или од толкувањата на подзаконските акти. Подзаконските акти треба да служат за спроведување на Уставот и законите, а не за нивно заменување или ограничување на правото што тие го гарантираат. Албанскиот јазик на правосудниот испит не е прашање на компромис, туку прашање на еднаквост и почитување на уставниот поредок, реагираат од партијата на Ахмети.

Албанските студенти по средбата со министерот се прогласија за победници, но изразија незадоволство од понуденото според нив делумно решение и порачаа дека се подготвени повторно да излезат на улица доколку не им се исполни нивното барање во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер