Клековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата - Канал 5

Клековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата

Постигнавме премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е „здравствен“, туку е „правен“ бидејќи таа е бегалка барана со меѓународна потерница.

Клековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата

Вака, Министерот Сашо Клековски го образложи исходот од средбата со неговата колешка, бугарската Министерка Катја Ивкова, во Софија, на која разговарале и за Михаилова, која кога се даде во бегство тврдеше дека морала да го направи тоа бидејќи во Македонија немало услови за нејзино лекување.

-Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на И.М не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата бидејќи особата е бегалец од правдата барана со меѓународна потерница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено, не го разговаравме,- - Сашо Клековски – Министер за здравство.

Наводната неопходност од лекување во Бугарија Михаилова го базира на отпусното писмо што го поседува од Клиниката за неврологија со потпис на професорот д-р Иван Барбов кој сега, како што за Канал 5 потврди Директорот на Клиниката Јован Божиновски, се соочува со казна од здравствениот инспекторат, бидејќи е утрдено дека никогаш не била заведена во „мој термин“ па според електронскиот систем е „пациент фантом“. Инспекција деновиве ќе тропне на врата во сите болници во кои Михаилова се лекувала, вклучувајќи и приватна болница и ординации во Кочани и Штип.

-Побарано е проширување на надзорот, со вклучување на јавни здравствени установи каде што во 2025 и 2026 се вршени одредени здравствени услуги за особата И.М. и дополнително ќе се формира комисија за стручен надзор за медициснкиот аспект бидејќи знаете дека ДСЗИ врши надзор на административните делови и регулативата, не врши врши контрола на содржината на наодите,- - Сашо Клековски – Министер за здравство.

Ива Михаилова избега од Македонија минатиот понеделник и по бројните интервјуа што ги даде за бугарските медуиме, отиде во бугарската болница „Пирогов“ и се уште е ходпитализирана таму. Од болницата за Канал 5 не даваат детали за тоа што покажале испитувањата и дали и каква интервенција ќе и прават..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер