МЗ: Пристигнаа сто нови возила за итната помош - Канал 5

МЗ: Пристигнаа сто нови возила за итната помош

Пристигнаа сто нови возила за итната помош – заедно со Владата ги унапредуваме условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

МЗ: Пристигнаа сто нови возила за итната помош

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска присуствуваа на настан по повод набавените сто нови, комплетно опремени амбулантни возила за Итната медицинска помош, за потребите на јавните здравствени установи низ државата.

– Зајакнувањето на службата за итна медицинска помош е еден од приоритетите на Владата и Министерството за здравство. Обезбедувањето сто нови возила за итната помош, со кои се дополнува возниот парк и се заменуваат амортизираните возила, е значајна инвестиција во вредност од 460 милиони денари. Секое возило располага со комплетна современа медицинска опрема за интервенција, стабилизација и транспорт на пациенти. Со оваа инвестиција ги унапредуваме условите за мониторирање, стабилизација и иницијален третман на пациентот уште за време на транспортот, истакна министерот Клековски на настанот.

– Обновата на возниот парк продолжува. Планот е возниот парк на итната помош од сегашните 140 да се зголеми на 200 возила. Веќе почнуваме разговори за набавка на уште 50 нови возила во 2027 година. Паралелно, континуирано ги следиме кадровските потреби и критичните точки во мрежата на итната помош, за ресурсите да бидат насочени таму каде што се најпотребни, изјави Клековски.

Министерот најави и пакет реформи со кои Итната медицинска помош ќе се постави на нови основи:

ИМП како посебна установа – во тек е процесот на трансформација на итната помош во посебна служба, одделена од Здравствен дом-Скопје.

воведување парамедици во тимовите на итна медицинска помош;

национален систем за тријажа, со кој ќе се изедначи постапувањето при повиците и интервенциите низ целата држава;

национален диспечерски центар со утврдени клучни показатели за успешност (KPI), кои ќе овозможат мерливо и транспарентно следење на работата на службата.

Клековски го поздрави основањето на Македонската асоцијација за ургентна медицина минатата година и ја истакна поддршката од Европското здружение за ургентна медицина за реформите.

– Новите возила се важен чекор, но не се доволни сами по себе. Целта на реформите е секој граѓанин, без разлика каде живее, да добие навремена и еднаква итна медицинска грижа, порача Клековски.

Возилата се опремени со напреден дефибрилатор/монитор со можност за пејсинг и мониторинг, кислородна и респираторна опрема за возрасни, деца и новороденчиња, автоматска носилка, хидрауличен систем за намалување на вибрациите при транспорт, интегриран систем за озонска дезинфекција, како и современи системи за активна безбедност на возилото.

Медицинскиот простор е целосно адаптиран за работа на екипите на ИМП и за транспорт и третман на пациентите, со независно греење и климатизација, вентилација, LED осветлување насочено кон пациентот, посебни места за медицинската опрема и три седишта за медицински персонал/придружба. Возилата овозможуваат ЕКГ и ST/QT мониторинг, како и следење пулс и неинвазивен крвен притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер