ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
ЕвропаРоманија и Молдавија би можеле да се спојат во една држава Лидерите на Романија и Молдавија очигледно имаат голема наклонетост еден кон друг.На почетокот на мај, молдавската претседателка Маја Санду и нејзиниот романски колега Никушор Дан објавија заедничка фотографија на своите Фејсбук страници: тие седат насмеани, еден до друг во романски воен авион. „Заедно со претседателот Никушор Дан на пат кон главниот град на Ерменија, каде што ќе се одржи состанокот на Европската политичка заедница“, напиша Маја Санду. Тоа беше прв пат лидерите на Република Молдавија и Романија да патуваат заедно на меѓународен состанок и по пристигнувањето на аеродромот да бидат пречекани како дуо. Тој гест веројатно не беше случаен: тоа е јасна порака за сè поважното прашање за можното (повторно) обединување на Република Молдавија и Романија, пишува Дојче Веле. За прв пат во двете земји, лидери кои имаат позитивен став за обединувањето се на власт во исто време. Сите претходни молдавски претседатели се спротивставија на ова, додека во Романија само Трајан Басеску (претседател од 2004 до 2014 година) беше цврст поддржувач на „унионизмот“. „Романија е подготвена“ Сегашната молдавска претседателка, Маја Санду, е добро позната поддржувачка на обединувањето, но сепак ја избегнува темата. Дури во последните месеци, во неколку интервјуа за странски медиуми, таа отворено се изјасни за обединување. Во јануари 2026 година, таа изјави за Би-Би-Си дека лично ќе гласа за референдумот за обединување - што ги поттикна некои молдавски опозициски политичари да побараат нејзина оставка поради „велепредавство“. И покрај ова, на крајот на април, таа повторно се залагаше за тоа во разговор со новинарите на „Ле Монд“. Романскиот претседател Никушор Дан отворено ја поддржува идејата и изјавува: „Романија е подготвена“. Во исто време, тој е првиот романски претседател кој не зазема патерналистички став кон своите значително посиромашни „браќа и сестри на североисток“, туку се однесува подеднакво кон соседната земја и нејзините граѓани. Ова е добро прифатено во Република Молдавија. Покрај тоа, Маја Санду и Никушор Дан претходно беа активисти против корупцијата и се бореа против самоволието и злоупотребата на моќта. Маја Санду, како и многу нејзини сонародници, е исто така државјанка на Романија. Како претседател, таа го поддржа Никушор Дан на романските претседателски избори во мај 2025 година и гласаше за него. Играчка на големите сили Можеби изгледа необично - претседателот на една земја, кој е исто така државјанин на соседна земја, гласа таму и на крајот се залага за исчезнување на сопствената земја. Но, тоа покажува колку се поврзани Република Молдавија и Романија - јазично, историски и културно. Во обете земји, официјален јазик е романскиот. Поранешното Кнежевство Молдавија беше поделено помеѓу Русија и Отоманската Империја во 1812 година. Границата - речиси точно на средина - беше реката Прут. Кратко по Првата светска војна, во декември 1918 година, новата политичка елита во делот од Молдавија што беше под руска власт одлучи за обединување со Романија, која самата беше создадена во 1859 година со обединување на две отомански вазални кнежевства, Молдавија и Влашка. Во 1940 година, во договор со нацистичка Германија, Сталин ја анектира територијата на Молдавија источно од реката Прут и од неа, заедно со тесен појас на Транснистрија, ја создаде Молдавската Советска Република. Таа доби независност во 1991 година, дури и пред официјалното распаѓање на Советскиот Сојуз. Долго време ниту во Молдавија ниту во Романија унионистичките идеи не играа значајна политичка улога. И покрај ова, Русија предупредува од 1991 година за наводното „фашистичко обединување“ на Молдавија и Романија. Тоа беше исто така еден од наративите што придонесоа за постепеното отцепување на Транснистрија од 1990 до 1992 година - процес што беше придружен со првата руска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Можеби би било подобро... Во Република Молдавија, според анкетата од март 2026 година, околу 42 проценти од граѓаните го поддржуваат обединувањето, но сепак мнозинството од 47 проценти не сакаат да се откажат од својот суверенитет и да станат само сиромашна провинција на соседна Романија. Сепак, бројот на оние кои го поддржуваат обединувањето расте, а во Романија тоа го застапуваат дури 72 проценти од прашаните. Една од причините за поголемата склоност кон обединување е нападот на Русија врз Украина, кој, особено во Молдавија, доведе до промена на расположението кај оние кои сè уште имаа илузии за Русија. Покрај тоа, се проценува дека повеќе од една третина од приближно 2,4 милиони жители на Молдавија имаат и романско државјанство. Романија е несомнено најважниот трговски партнер на Молдавија и ѝ помогна да се ослободи од зависноста од руската енергија и да се поврзе со европските енергетски мрежи. На почетокот на мај, Синдикатите на писатели на Романија и Република Молдавија во заедничка изјава изјавија: „Време е да се премине од декларации на конкретни чекори“. Сепак, ќе биде потребно време за да се постигне таа цел. Во уставите на двете земји, постојат големи пречки за обединување, а Молдавија се обврза на воена неутралност и во тој документ. Но, најголемата непозната е што ќе се случи со Транснистрија, област која сè уште ја контролираат проруските сепаратисти. „Тоа е целосно нивна работа“ И покрај сè, темата за обединување добива на интензитет. Така, на пример, молдавските гласачи се важен фактор на изборите во Романија и придонесоа за победата на Никушор Дан 2025 - против кандидатот на крајната десница Џорџ Симион, претседател на партијата која, парадоксално, се нарекува Алијанса за обединување на Романија. Така, Санду и Дан играат важна улога во тоа што темата за обединување не ѝ се остава на романската крајна десница. Во Република Молдавија, Маја Санду се соочи со обвинувања за предавство од проруските партии за застапување на обединувањето. Исто така, постојат независни критички гласови кои веруваат дека не е соодветно претседателот, во средината на напредните преговори за пристапување во ЕУ, да се залага за обединување со Романија. Но, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, не гледа проблем во ова. На тоа прашање, таа неодамна одговори дека само граѓаните на Република Молдавија и Романија можат да одлучат за евентуалното обединување - никој друг.Тагови: Молдавија Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОбјавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена. Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес. Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски. Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација. Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/ Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч. Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.). За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44