Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрага - Канал 5

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрага

Осум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство.

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрага

Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи.

-Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК

Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра.

-Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК

За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Белата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

„Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа.

Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер