БалканВидео: Хаос во Грција: Поројот носел сè пред себе, гром удри во женаСилното невреме што во саботата попладне го зафати регионот Мани на Пелопонез предизвика поплави, а водената буица однесела автомобили и предизвикала големи штети на куќите и патиштата.Чудно лето во Грција, хсотичните пожари и пеколните денови сега во делови од државата се заменети со силни и обилни врнежи од дожд проследени со удари на гром. Според порталот „Та неа“, куќи и сместувачки капацитети биле поплавени за само неколку минути, а во градот Итило, жена била погодена од гром додека се наоѓала во својот автомобил и со брза помош била пренесена во болницата во Спарта. Исто така, се известува дека противпожарната служба примила десетици повици, а најмалку десет лица биле безбедно извлечени од нивните возила. Порталот „Алфа вита“ исто така пишува дека водата однела неколку автомобили во морето и дека биле уништени делови од патната мрежа. A powerful summer storm brought flash floods to multiple communities in eastern Mani, Peloponnese on Saturday. The Greek Fire Service responded to dozens of emergency calls, rescuing trapped drivers. Local authorities remain on high alert. Stay safe out there!#GreeceFloods… pic.twitter.com/la2LQM1tQx — Byte Brief (@Byte_brief) August 16, 2026 Големи штети настанале и во населбите Алипа, Кокала, Итилу, Лимени, Каравостаси и во други области на источен Мани. Во Алипа, на неколку места, нивото на водата се искачило до прозорците на објектите, при што биле поплавени куќи и туристички сместувачки капацитети, а водата и калта предизвикале значителна материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЧовек подига трактор со голи раце- снимката од Балканецот ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)Необичното видео објавено на TikTok го привлече вниманието на корисниците, и од странство и од регионот.Брзо стана хит, а во преден план гледаме човек кој се потпрел на тркалото на трактор и, благодарение на мускулите, успеал да го крене задниот дел од машината од земјата. Се подразбира дека корисниците на TikTok се воодушевени од сцената, сè додека авторот не открил каде точно е снимена, што инспирирало коментари во стилот на „Некаде на Балканот“. Коментарите се ројат! Некои со неверица ја фалат силата на човекот и го споменуваат неговиот „прав грб“, додека други на шега велат дека „дефинитивно не му треба дигалка“. „Моите соседи тренираа кревајќи го предниот дел од тракторот, додека еден од нив креваше (IMT) 558 вака“, напиша едно лице. „Каков крал, честитки“, додаде друго. „Силата на овој земјоделец ги поместува границите“, заклучи трет. @pajle_25 ♬ Miksa je luddd - Miksa Jevtić Видеото собра голем број прегледи за кратко време, станувајќи една од главните теми на популарната платформа.Тагови: трактор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ги погоди јужните Анди во Перу во неделата, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 66,7 километри. Peru earthquake felt in historic city of Ayacucho Estimated magnitude between 6.6-7.2 https://t.co/CREUqv14UJ pic.twitter.com/odHJGmttTq — RTVisual (@RT_Visual_on_X) August 20, 2026 Земјотресот бил почувствуван во неколку региони Земјотресот бил почувствуван во неколку региони во јужен Перу, вклучувајќи ги Ика и Арекипа. Земјотресите се честа појава во Перу, кој се наоѓа на Тихоокеанскиот огнен прстен, област со интензивна сеизмичка активност. 🚨Magnitude 6.7 earthquake shakes Peru's southern Andes, #USGS says 📌A magnitude 6.7 earthquake shook Peru's southern #Andes_Mountains, according to the US Geological Survey. https://t.co/kUtDdMoZmcpic.twitter.com/kHOJRh9XoKpic.twitter.com/sSeC8VrDSO#Ayacucho #Peru #Earthquake — ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) August 20, 2026 Земјотрес во 2007 година одзеде речиси 600 животи Еден од најсмртоносните земјотреси во поновата историја на Перу се случи во 2007 година. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени ја погоди покраината Ика, при што загинаа речиси 600 луѓе.Тагови: земјотрес Перу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
СветВооружени напаѓачи упаднале на танкер кај Јемен и го пренасочиле кон СомалијаДрама во Аденскиот Залив - шест вооружени напаѓачи ја презедоа контролата врз танкер и го пренасочија кон Сомалија, објави Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство (UKMTO).Инцидентот се случил 136 наутички милји источно од островот Мукала,во Јемен, според Ројтерс. Танкерот пловел кон запад кога му се приближил неовластен брод, соопшти UKMTO. Детали за безбедноста на танкерот и неговиот екипаж сè уште не се објавени, што предизвикува дополнителни загрижености.Тагови: Јемен танкер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook