Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија - Канал 5

Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија

Премиерот  Мицкоски, во рамки на посетата на Соединетите Американски држави  се сретна со претставници на американската воена индустрија, како и со официјални претставници на американската администрација задолжени за оваа област.

Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија

„Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети“,напиша тој на Фејсбук. Претходно, Мицкоски оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау, на која присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, во чиј ресор спаѓаат и балканските држави. Премиерот објави видео од средбата со државниот секретар Марко Рубио, што според него претставува важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

Филипче бара 600 евра плата, а нема план за нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

СДС е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото кога 7 години ги ограбија граѓаните а државата ја оставија пред банкрот така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните.

СДС и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места.

Единствено нешто што знаат СДС и Филипче од економија е марихуана економија на Заев, делење провизии, проценти и тендери.

СДС и Филипче бараат 600 евра плата и подобар стандард, а тоа подразбира продуктивност, инвестиции и нови работни места за што СДС и Филипче исто така немаат план.

Венко Филипче зборува за повисоки плати, но граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за тие плати. Кои инвестиции ќе ги привлече? Кои индустрии ќе ги развива? Како ќе создаде нови и добро платени работни места? Како ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија?

СДС само имаат демагогија и лаги за граѓани. Како лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.

СДС се против се, против дата центри, рудници, им пречат нови инвестиции и проекти. СДС и Филипче се против Македонија да оди напред и да се развива.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови инвестииции, нови работни места, нови фабрики со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Арамијата Мицкоски го доведе македонското земјоделство до колапс.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци.

Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп.

Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години.

Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра.

Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат.

Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари.

За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм.

Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство.

Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива.

Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт.

Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци.

Истовремено, трошоците секојдневно растат.

Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство.

Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година.

Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти.

Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа.

Вака навистина никогаш не било.

Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата центри.

Тоа е резултатот од политиките на арамијата Мицкоски: уништено домашно производство, осиромашени земјоделци.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер