Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
1Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
СпортКристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“Македонецот Кристијан Бајовски официјално стана Гинисов рекордер, откако „Guinness World Records“ го потврди неговиот резултат од 1.257 склекови направени за еден час со дополнителна тежина.Пет месеци напорни тренинзи, огромна физичка и психичка издржливост и силна верба во целта – сето тоа го однесе Македонецот Кристијан Бајовски до Гинисов рекорд. Со 1.257 склекови за еден час со дополнителна тежина, Бајовски го надмина дотогашниот рекорд и официјално се запиша во „Guinness World Records“. За Канал 5 открива што му било најтешко на патот до рекордот, колку морал да жртвува и што му давало сила да не се откаже. Рекордот Бајовски го постави на 28 јуни 2026 година во Скопје, изведувајќи ги склековите со градите до под и со ранец тежок околу девет килограми. На официјалната страница на „Guinness World Records“ сега е наведено дека Кристијан го надминал претходниот рекорд од 1.208 склекови. Официјалната потврда, која ја објави и самиот Бајовски, го содржи неговото име, постигнатиот резултат и местото на поставување на рекордот. View this post on Instagram A post shared by Кристијан Бајовски (@kbajovski) За Канал 5, Кристијан потврди дека е горд на себе, а подготовките неопходни за ваков подвиг опфаќале многу повеќе од само физичка подготовка. Тврди дека се молел на Бога додека тренирал, а исто така бил свесен и за тоа колку морал да жртвува за да ја оствари својата цел. „Се подготвував цели 5 месеци и во тој период го дадов мојот максимум. Скромно би кажал: не можеше повеќе. Имаше многу напорни тренинзи и моменти кога беше навистина тешко и психички и физички, но цврсто верував дека не сум сам во ова.Верував дека Бог е со мене и дека ми дава сила да издржам до самиот крај.„ „Овој рекорд не можам да го опишам со зборови. Не е само бројката. Тука се сите жртви, сите тренинзи, сите моменти на сомнеж и секој ден кога продолжив иако беше тешко.И денес сум неизмерно горд на себе, и не можам да го опишам ова со зборови.“ View this post on Instagram A post shared by Кристијан Бајовски (@kbajovski) Кристијан на крајот имаше порака за сите оние кои тренираат и сакаат нешто повеќе, нешто што го надминува самиот тренинг: „Трудете се максимално и не се откажувајте, без разлика што ќе ви застане на патот. Ако навистина го сакате тоа за кое се борите, продолжете.“ „Верувам дека Бог понекогаш нè тестира за да види колку навистина ја сакаме нашата цел.А кога ќе издржиме до крај, доаѓа и наградата. Бог не заборава никого. Порано или подоцна, ќе дојде денот кога ќе сфатите дека секоја жртва вредела. Благодарен сум за целиот пат. Благодарен сум за оваа можност. И пред сè, благодарен сум на Бог.“ Тагови: Гинисов рекорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, еден возел под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а останатите без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.М.(19), Ѓ.Ј.(22), С.У.(36) и К.П.Т.(45), сите од Велес, 17-годишник од с.Морани, скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, кој предизивикал и сообраќајна незгода. Исто така, со двајца малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор, затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Двајца управувале возило со активна забрана за управување моторно возило и тоа: П.Р.(61) од с.Јакимово, виничко и Д.А.(33) од Скопје. Додека пак, под дејство на алкохол возел П.Л.(70) од Кавадарци. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОфицијална посета на делегација на Амбасадата на САД во општина Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, која ја предводеше делегацијата на Амбасадата во официјална посета на Општина Крива Паланка. Во составот на делегацијата на Амбасадата на САД беа Едру Ковтун, политички советник, Кристина Каранакова, политички советник, Надица Жакула, специјалист за односи со јавност и Јехона Жута Вренези, координатор за дигитална продукција. Од страна на Општина Крива Паланка, на средбата присуствуваа Миле Трајковски, претседател на Советот на Општина Крива Паланка, Тања Дејановска Митровска, координатор на советничката група на СДСМ, и Александар Рангелов, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во духот на заемната почит и традиционалното пријателство беше остварен отворен и конструктивен разговор за развојните приоритети на Крива Паланка, можностите за локален економски напредок и перспективите за продлабочување на институционалната соработка. „Посетата на г-ца Никол Варнс и делегацијата на Амбасадата на САД претставува особена чест за Општина Крива Паланка. Благодарам за покажаниот интерес за нашата општина и за отворениот и конструктивен разговор. Остануваме посветени на градењето партнерства засновани врз доверба, заемно почитување и заеднички развојни цели“, истакна градоначалникот Митовски. Средбата претставува значаен придонес кон унапредувањето на меѓусебната комуникација и отворањето нови перспективи за идна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Официјалниот прием заврши со размена на пригодни протоколарни подароци и заедничко фотографирање, како израз на почит и пријателство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаШто може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?Македонија има постигнато одлични резултати во Планот за раст, но важно е да се задржи оптимизмот и издржливоста – советува австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Палмер. Иако веќе на средината од средната недела еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел треба да ја презентира новата европска стратегија за проширувањето, според Палмер, се уште не е јасно кој од неколкуте досега објавени нон-пејпери ќе доминира во финалната верзија. -Сè уште трае процесот на дискутирање на различните нон пејпери. // Патем, секогаш можете да погледнете каква е чашата - дали е полуполна или полупразна, а Македонија одлично ја заврши работата кога станува збор за Планот за раст на Западен Балкан, па затоа на земјата ќе ѝ бидат дадени над 140 милиони евра и ние придонесуваме за понатамошен напредок. Затоа мислам дека е важно да се продолжи, да се задржи издржливоста, да се задржи посветеноста и да не се одвлекува вниманието,- -Мартин Палмер, Амбасадор на Австрија во Македонија . Палмер најави дека на крајот на оваа недела во Виена ќе се оддржи и министерски состанок со шефовите на дипломатијата од Западен Балкан и Славков 3 форматот - односно платформата за соработка меѓу Австрија, Словачка и Чешка чиј фокус меѓудругото е и заедничка позиција во проширувањето на Европската унија. Скоро по најавената презентација на новата стратегија за проширување, на 2 октомври во земјава се очекува да пристигне и претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен како дел од нејзината турнеја низ четири регионални земји кандидатки, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина. Евроамбасадорот во земјава -Михалис Рокас, веќе изрази оптимизам дека посетата на фон дер Лајен може да донесе позитивни промени во статусот на македонските евроинтеграции. Минатата недела пак, еврокомесарката за проширување Марта Кос повторно ја повика земјава да ги спроведе уставните измени а потоа како што рече, ја очекува и поддршката од Бугарија за Македонија да продолжи напред на европскиот пат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook