Прв пат во историјата е откриена планета надвор од нашата галаксија - Канал 5

Прв пат во историјата е откриена планета надвор од нашата галаксија

Астрономите дошле до податоци кои сугерираат дека за прв пат во историјата е откриена планета надвор од нашата галаксија, пренесува BBC News.

Прв пат во историјата е откриена планета надвор од нашата галаксија

Досега се откриени околу 5.000 егзопланети или планети кои орбитираат околу ѕвездите, но сите се откриени во нашата галаксија - Млечниот пат.

Но, се чини дека телескопот Чандра на НАСА открил планета со големина на Сатурн во галаксијата Месиер 51, која е оддалечена околу 28 милиони светлосни години од нашата галаксија. Светлосна година е, инаку, растојанието што светлината го поминува за една година. Светлината патува во вакуум со брзина од 300.000 километри во секунда.

Овој резултат се заснова на мерењето на транзитот. Имено, поминувањето на планета пред ѕвезда блокира дел од светлината на таа ѕвезда, па телескопот може да сними карактеристичен пад на количината на светлината што доаѓа од таа ѕвезда.

Со оваа техника досега се откриени илјадници егзопланети, но како што веќе кажавме, само во нашата галаксија.

Др. Розана Ди Стефано и нејзините колеги го измериле падот на количината на рендгенски зраци кои доаѓаат од правец на ѕвездата која припаѓа на т.н. Светла бинарна класа на Х-зраци или ѕвездени системи со две ѕвезди кои емитуваат рендгенски зраци.

Таквите објекти обично се состојат од неутронска ѕвезда или црна дупка која привлекува гас од блиската ѕвезда со гравитација. Материјалот во близина на неутронската ѕвезда или црна дупка станува исклучително жежок и емитира зрачење на бранови должини карактеристични за Х-зраците.

Бидејќи регионот во кој се формираат рендгенските зраци е релативно мал, планетата што минува пред неа би можела да ги блокира повеќето или сите зраци, што го олеснува транзитот за набљудување со телескоп.

Членовите на тимот на Ди Стефано користеле техника за мерење на транзитна светлина за да откријат потенцијална егзопланета во бинарниот систем наречен M51-ULS-1.

„Методот што го развивме и користевме во моментов е единствениот употреблив метод за откривање на планетарни системи“, изјавила Ди Стефано од Центарот за астрофизика во Кембриџ за Би-Би-Си.

Системот што го набљудувале се состои од црна дупка или неутронска ѕвезда која орбитира околу соседната ѕвезда, чија маса е околу 20 пати поголема од Сонцето. Неутронска ѕвезда е колабирано јадро на некогаш масивна ѕвезда.

Измерениот транзит траел околу три часа, при што емисијата на Х-зраци се намалила на нула. Благодарение на овие информации, астрономите процениле дека егзопланетата што веројатно ја забележале би можела да биде со големина колку Сатурн и да орбитира околу неутронската ѕвезда или црната дупка на приближно двојно растојание на Сатурн од Сонцето.

Ди Стефано вели дека техниките кои досега биле успешно користени за откривање планети во Млечниот Пат се бескорисни кога се гледаат други галаксии. Ова е делумно затоа што огромните растојанија меѓу галаксиите драстично го намалуваат количеството на светлина што доаѓа до телескопот, но исто така и огромното количество објекти во мал простор (кога се гледа од Земјата), што го отежнува разликувањето на поединечните ѕвезди.

Но, ситуацијата е поинаква со ѕвездените системи кои емитуваат рендгенски зраци. „Има само неколку десетици такви извори во целата галаксија, па можеме да ги разликуваме“, објаснува Ди Стефано.

„Насилната емисија на Х-зраци што доаѓа од мал регион може да биде во голема мера или, како во нашиот случај, целосно блокирана од планета што минува помеѓу ѕвездата и нашиот телескоп“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Владата го одби амандманот на СДСМ со кој се бараа над една милијарда денари дополнителна финансиска поддршка за земјоделците, исплата на заостанатите субвенции и исполнување на обврските кон земјоделските производители. 

Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

На собраниската седница, пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, посочи дека одбивањето на амандманот доаѓа во услови на драстично намалување на субвенциите, натрупани долгови од 10 милијарди денари и 10.000 земјоделци помалку пријавени за субвенции во 2026 година.

Николовски посочи дека официјалните завршни извештаи на Платежната агенција покажуваат дека во 2025 година се исплатени околу 6,2 милијарди денари субвенции, наспроти повеќе од осум милијарди денари во 2023 и 2024 година.

„Тоа значи 50 до 60 милиони евра помалку исплатени субвенции во 2025 година, што е основниот индикатор за катастрофалната состојба и незадоволството кај земјоделците“, рече Николовски.

Тој додаде дека годинава има 10.000 земјоделци помалку пријавени за субвенции, што е последица на импровизациските политики и промените во условите за добивање финансиска поддршка.

„Зошто не се тие ловци, како што ги нарекуваат? Затоа што ако го речете тоа, ќе се соочите со гневот на производителите. Се работи за промени и импровизациски политики за кои нема ниту усогласеност помеѓу премиерот и министерот за земјоделие“, истакна Николовски.

Николовски потсети дека министерот за земјоделство најавувал укинување на условот за предадени 30 проценти од производството, но дека тој услов останал, поради што неколку илјади земјоделци не аплицирале за субвенции. Дополнително, зголемени се праговите за исполнување на условите кај поледелството и лозарството, од 0,2 на 0,5 и од 0,5 на 0,7, а воведена е и поддршка само за сертифициран семенски материјал, со што дополнително се ограничува бројот на корисници.

„Долгот којшто го имате кон земјоделците е 10 милијарди денари. Точно 10 милијарди денари се обврските што се натрупани од 2024 и 2025 година. Затоа го поднесуваме овој амандман од над една милијарда денари, со цел да помогнеме сите заедно да се исплатат млекото, градинарските производи, пчеларството, живинарството и останатите субвенции“, нагласи Николовски.

Тој додаде дека укината е и авансната исплата на субвенциите, која претходно овозможувала земјоделците да добијат 30 проценти од поддршката предвреме. Според него, претходно бил воспоставен јасен календар за исплата, со утврдени рокови и динамика, без селекција на земјоделците.

„Во Европската Унија се знае точно во кој ден и како мора да се исплаќаат субвенциите, како што државата си го собира данокот. Ние таквата динамика комплетно ја нормализиравме, со факти, докази, кога, во кој ден и во кој рок се исплаќани субвенциите, неселективно, за сите земјоделци. Вие направивте еден хаос. Се гледа незадоволството секаде на терен. Завршуваат дел од земјоделските производи на буништа, имаме протести“, рече Николовски.

Николовски посочи и на промените во поддршката за сточарството, наведувајќи дека субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари, додека истовремено се зголемени лимитите за големите производители. Укинати се повеќе програми наменети за малите земјоделци, а прагот за поддршка на големите е зголемен од 300.000 на еден милион евра.

Николовски посочи дека преку интервентниот фонд се креирале мерки наменети за мал број фирми, наведувајќи го примерот со 10 милиони евра поддршка за откупувачите на грозје преку Македонската банка за поддршка на развојот, додека лозарите останале без директна финансиска помош.

„Како може да има 10 милиони евра за откупувачите, грозјето да скапува, а да нема ниту еден денар за лозарите? Ниту еден денар, а имаме заостанати субвенции од 10 милијарди денари“, истакна тој.

Тој ги посочи и ниските откупни цени на земјоделските производи, особено кај оризот, каде што, како што рече, цените се преполовени, како и состојбата со јаболкопроизводителите.

„Кај јаболката ви се потребни 750 килограми јаболка на еден овоштар за да плати дневница за еден берач во текот на сезоната. Многу се поразителни показателите. Тоа верувам дека сте свесни заради тоа што земјоделството не е приоритет на оваа Влада, а ние имаме обврска да зборуваме за тој приоритет и за потребата од поддршка“, рече Николовски.

Дополнително, тој посочи дека со последната владина измена на програмата не е укинат условот за предадени 30 проценти од производството, како што било најавувано од министерот, туку се скратени над 250 милиони денари во делот на зелената нафта.

Николовски предупреди и дека веќе две години нема нови повици за ИПАРД-програмата, која ја оцени како една од најважните алки за модернизација на македонското земјоделство, во која земјата претходно била лидер. Тој направи споредба и со повиците од Програмата за рурален развој, посочувајќи дека во претходните седум години, од јануари до септември, биле објавувани по 12 повици, додека сега има само еден.

„Знаете дека две години оваа Влада нема доделено ниту еден трактор по свој повик. Еден трактор. Досега требаше да има 2.000 до 3.000 трактори коишто ќе беа доделени ако го следевме просекот на претходната Влада. Еден трактор во овие две години не е доделен, а на новиот министер му го поништивте огласот за набавка на механизација. Ако за нешто треба пари во буџетот, тоа се за земјоделците, за да го зачуваме достоинството, да се цени нивниот труд и таа поддршка да се зголемува. Без домашна национална поддршка и без европски фондови, може само да претпоставиме дека одлуката или политиката на Владата е комплетно да биде запоставено земјоделството и да се ориентираме кон други гранки“, порача Николовски, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во Хапоел – Мициќ и Итудис не разговараат?

 Српскиот плеј Василије Мициќ не настапи во победата на Хапоел против Ефес поради повреда на зглобот, но се чини дека во самиот тим постојат подлабоки проблеми.

Аларм во Хапоел – Мициќ и Итудис не разговараат?

Според „Спорт 5“, шефот на стручниот штаб на Хапоел ТА, Гркот Димитрис Итудис и репрезенативецит на Србија, Василије Мициќ не се во добри односи.

До неодамна беа многу блиски, но ситуацијата се промени, па наводно речиси и да не разговараат повеќе. Наводно, комуникацијата е сведена на апсолутен минимум.

„Тоа не е нешто што може да помине незабележано. Тензијата јасно се чувствува. Нешто се случи меѓу Васа и Итудис и нивниот однос веќе не е онаков каков што беше“, велат извори од Хапоел. Според сведочењата, Мициќ потврдил дека односите со Итудис западнале во сериозна криза и станале многу лоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се најсовремени, СДСМ ја манипулира јавноста

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“.

Јаневска: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се најсовремени, СДСМ ја манипулира јавноста

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“, посочувајќи дека студентите престојуваат во современ и реновиран објект, а евентуалните технички недостатоци ќе бидат отстранети навремено од изведувачот, со оглед дека објектот е под гарантен рок.

Јаневска денеска изврши непосреден увид во домот, откако претходно беа поканети медиумите, но и претставнци на политичката партија СДСМ, кои не се одзваа на поканата. При посетата на домот, министерката порача дека тврдењата за рушење ѕидови, протекување покриви и други сериозни недостатоци не одговараат на реалната состојба.

„Денес видов дека СДСМ држеше прес. Партијата синоним за лицемерство, рече дека е со студентите. Еве како СДСМ во негово време беше со студентите. Живееја во ужасни услови во домовите. Сега е сосема поинаку, оваа Влада навистина се грижи за младите. Имавте можност да влезете во домот и да видите“, изјави Јаневска.

Министерката нагласи дека студентскиот дом „Стив Наумов“ е реконструиран од австриска компанија во соработка со Европската Унија и дека европските претставници при посетите го оценија како еден од најмодерните на Балканот.

„Не само ние туку и европретставниците потврдија дека ова е еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот, а во споредба и со некои други земји пошироко“, истакна министерката.

Во однос на забелешките за одредени технички недостатоци, Јаневска рече дека кај новоизградени објекти може да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека домот е под гаранција и дека изведувачката компанија ќе мора да ги отстрани сите утврдени дефекти.

„Дали може да се случи некаков инцидент? Да, може да се случи, домот е нов и стан кога купуваат граѓаните, може да се случи нешто да не е баш како што треба. Домот е под гаранција, фирмата е позната, сè што треба да поправи ќе се поправи и ние ќе се држиме до тоа. Но, дека се рушат ѕидовите, дека течат покириви или дека се случува нешто друго, не е точно. Вие сами видовте“, изјави таа.

Министерката апелираше до семејствата на студентите да не подлегнуваат на обидите на политичките партии и други злонамерници да ги вознемируваат со информации дека нивните деца се сместени во небезбедни услови.

„Децата им живеат во убави услови кои досега ги немало во оваа земја и ќе продолжат во исти такви услови да живеат. Доколку имаат каква било забелешка за живеењето во домот, ние тоа ќе го поправиме“, рече Јаневска.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер