ФудбалУапсен турски новинар: Проблемот настанал бидејќи тој излажал за трансферот на еден фудбалер?!Турскиот новинар Бурхан Џан Терзи беше уапсен поради ширење невистинити информации за трансферот на Џамал Мусиала во Галатасарај.Во светот на фудбалот сме виделе секакви работи, особено за време на преодниот рок. Трансфери на фудбалери што пропаѓаат, што не се реализираат, па дури и погрешни трансфери. Но, никој поради тоа не завршил во затвор. Сè досега, кога е уапсен турскиот новинар Бурхан Џан Терзи. 🇹🇷 INCROYABLE ! Un journaliste turc a été placé en GARDE À VUE et INTERPELLÉ DEVANT CHEZ LUI après avoir annoncé le transfert de Jamal Musiala à Galatasaray ! 😳😭 Burhan Can Terzi faisait l’objet d’une enquête pour « diffusion publique d’informations trompeuses ». Il a… — Actu Foot (@ActuFoot_) August 10, 2026 Постои и видеоснимка од апсењето, како и потврда дека тоа навистина се случило. Зошто? Затоа што тој го најави трансферот на Џамал Мусиала од Баерн Минхен во Галатасарај, и тоа во два наврати. Турскиот клуб и во двата наврати ги отфрли тие обвинувања, а потоа Терзи беше уапсен пред својот дом. Тој беше обвинет за ширење лажни информации. Помина неколку часа во притвор, по што беше пуштен на слобода. Многумина сметаат дека ова било некаков вид предупредување да внимава на информациите што ги објавува во иднина.Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Елизабет Харли воодушевува и во седмата деценија од живототБританската актерка и манекенка 61 годишната Елизабет Харли уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот. Популарната кралица на бикини со серија фотки покажа зошто ја оправдува оваа титула. Ѕвездата на бројни филмови ужива во летните денови, а своите следбеници ги воодушеви со нова објава на социјалните мрежи. Познато е дека нејзината колекција на костими за капење и други додатоци за плажа секогаш привлекува внимание, а главна ѕвезда во секоја реклама е прекрасната Лиз. Тагови: елизабет харли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаЗа секое прваче во Кисела Вода - бесплатен ранец и училишен прибор!Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија.Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, нагласи дека примарната цел на овој проект е финансиско олеснување за семејствата пред почетокот на учебната година. - Првиот училишен ден е важен момент за децата и родителите, а нашата цел како Општина е тој да помине без дополнителен финансиски товар за семејниот буџет. Овој проект, кој како позитивен пример веќе се применува и во голем дел од другите општини, ја потврдува нашата континуирана заложба за директна поддршка на граѓаните. Затоа, апелирам до родителите на идните првачиња да не се изложуваат на трошоци и да не купуваат ранци и прибор. Сакам да нагласам дека за добивање на оваа поддршка не се потребни никакви критериуми, ниту дополнителни административни процедури, бидејќи мерката важи автоматски за сите запишани првачиња во општината-изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДали Москва имала таен план за Шведска?Дали Москва имала таен план за Шведска? Безбедносната служба спречила руска операција. Шведската безбедносна служба „Сапо“ спречила руска разузнавачка операција насочена кон собирање информации и дискредитирање на Шведска, НАТО и Европската унија. Шведската безбедносна служба „Сапо“ (Sapo) вчера објави дека спречила руска разузнавачка операција насочена кон дискредитирање на Шведска, во која бил вклучен агент што дејствувал во рамките на странска дипломатска мисија во Стокхолм. „Сапо“ не откри за кое претставништво станува збор, пренесе „Еуроњуз“ (Euronews). Контраразузнавачката агенција во соопштение наведе дека собрала информации за операцијата и преземала мерки против неа. Според „Сапо“, операцијата била планирана и спроведена од Руската служба за надворешно разузнавање (СВР). „Една од целите на операцијата беше собирање информации за шведскиот процес на одлучување, со цел да им се овозможи на руските разузнавачки служби да спроведуваат операции за вршење влијание преку теми што предизвикуваат поделби. Крајната цел беше да се поткопа шведскиот процес на одлучување и да се дискредитираат Шведска, НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението на „Сапо“. Кристоф Виделин, заменик-началник за операции во „Сапо“ (Sapo), потврди дека агенцијата презела дејствија откако ги открила руските планови. „Шведските безбедносни служби презедоа чекори за заштита на виталните шведски интереси и за спречување на понатамошно влијание“, изјави Виделин. Разузнавачки закани и пристапувањето кон НАТО „Сапо“ претходно ја посочи Русија, заедно со Кина и Иран, како една од главните разузнавачки закани за Шведска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook