По 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа! - Канал 5

По 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа!

По речиси две децении на највисокото ниво на европскиот фудбал, легендарниот чилеански напаѓач Алексис Санчез ја продолжува кариерата во американската МЛС-лига, откако потпиша двегодишен договор со Монтреал.

По 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа!

37-годишниот Санчез пристигнува во Канада како слободен играч, откако му истече договорот со Севиља.

Иако раководството на шпанскиот клуб му понудија продолжување на соработката за уште една година – откако тимот успешно избегна испаѓање од елитната лига – Чилеанецот одлучи да ја одбие понудата и да побара нов предизвик преку Атлантикот.

Со преселбата во Монтреал, Санчез станува дел од лигата која што доживува неверојатна експанзија и привлекува се поголем број на светски фудбалски ѕвезди.

Во МЛС-лигата, Санчез го очекуваат поранешни соиграчи и ривали како Лионел Меси, Луис Суарез, Хеунг-мин Сон, Томас Милер, Роберт Левандовски, Касемиро и Антоан Гризман.

Европската авантура на Санчез започна уште во 2006 година кога потпиша за Удинезе, по што следеа позајмици во Коло-Коло и Ривер Плата.

По враќањето во Италија, тој прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, што му донесе трансфер во Барселона под водство на Пеп Гвардиола.

Во текот на својата блескава кариера, тој настапуваше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј, Интер Милано и Севиља, освојувајќи вкупно 16 трофеи.

Меѓу значајните успеси се вбројуваат титулата во шпанското првенство и Светското клупско првенство со Барселона, двата трофеја во ФА Купот со Арсенал, како и двете титули во Серија А (Скудето) освоени со Интер Милано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник

Откако Народната банка на Србија ноќеска  ѝ ја одзеде дозволата за работа и беше отворена постапка за стечај, Алта банка потврди дека исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник.

АЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник

„Алта банка“ денес издаде соопштение, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа, во кое ја информира јавноста дека е отворена постапка за стечај.

„Ја информираме јавноста дека, во согласност со важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни органи, отворена е постапка за стечај над ’АЛТА банка‘ а.д. Белград. Ја користиме оваа прилика да изразиме искрена благодарност до сите наши клиенти, депоненти, деловни партнери и соработници за нивната доверба, поддршка и успешна соработка во текот на годините на работење.“

„Горди сме на резултатите што ги постигнавме заедно, на односите што ги изградивме со нашите клиенти, како и на придонесот што го дадовме за развојот на економијата и финансискиот пазар. Сите надлежни институции и органи за стечај преземаат неопходни чекори за заштита на интересите на депонентите и доверителите, како и за спроведување на понатамошните правни постапки, во согласност со прописите на Република Србија. Навремени и официјални информации за понатамошниот тек на постапката, вклучително и информации за начинот и роковите за остварување на правата на клиентите и доверителите, ќе бидат објавени преку официјалните канали за комуникација. Уште еднаш им благодариме на сите клиенти, вработени, партнери и соработници за довербата и поддршката што ги покажаа низ годините“, се наведува во соопштението на банката.

Како одговор на прашањето од N1, Алта банка наведе дека исплатата на осигурените депозити започнува во понеделник, во согласност со процедурите и упатствата на надлежните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Бројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда.

На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена.

Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС.

Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

-Ова не беше добра вечер за Јамал ​​– какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“.

„Горд сум на Јамал ​​бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал ​​заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер