Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот - Канал 5

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа прекрасна вечер во црквата „Света Софија“ ја посветија на дела создадени во барокот

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот

Доловувањето на сиот раскош на барокот започна со едно од најпознатите дела на италијанскиот композитор Антонио Бонпорти, Инвенција оп.10 бр 4 ге-мол за виолина и басо континуо, а потоа беа изведени композиции од Бах, Вивалди, Верачини, Скарлати и Бибер. За голема почит е што македонските уметници ги негуваат и делата на македонските композитори, па така, Созовска ја изведе Свитата за пијано оп.27 од истакнатиот македонски композитор Томислав Зографски за која самата таа ја направи преработката за чембало.

Инаку, врвната чембалистка Цветанка Созовска која има специјализирано барок, точно три децении живее и работи во Холандија, но ја промовира барокната музика и надвор од холандските граници. За да може да го долови барокот на автентичен начин пред љубителите на класичната музика во Македонија, таа во земјава го донесе и својот личен инструмент.

-Инструментот што го користам вечерва е лично мој. Го купив пред три години во Холандија и го увезов во Македонија за да имам и тука инструмент и да можам да патувам и да ја презентирам барокната музика во автентичен стил, не само во Скопје, туку насекаде во земјава. Голема е честа што и на „Охридско лето“ настапувам со мојот инструмент, рече Созовска.

Со нејзиниот колега, виолинистот Владимир Костов, ги врзува не само виртуозноста над своите музички инструменти, туку и големата љубов кон барокната музика. Заедничкото музичко дружење со фестивалската публика, тие го изведоа во историски штим од 415 херци, а Костов на концертот користеше и барокно гудало за својата виолина.

-Како што се развивала виолината во текот на вековите, така се развивало и гудалото. Ова е еден тип на гудало кое што по форма, големина и должина се користело во тоа време за да се долови тој звук. Исто така специфично е и тоа што свириме на автентичен штим од 415 херци. Тоа е штим којшто се изведува со оригиналните инструменти бидејќи во современата музичка практика, инструментите се штимаат на 440 до 442 херци. Овој звук дава посебен амбиент и една посебна интерпретација на барокната музика и уште поголема автентичност на самите дела, појасни Костов, кој е концерт-мајстор во Македонската филхармонија, но и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

По вчерашното возбудливо музичко патување низ барокот, на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе следува концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Американската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно.

Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум.

Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс.

Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“.

Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор?

Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу.

Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година.

Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота.

Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

На 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб.

Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач.

Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот.

Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа.

Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер