3Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести
ЖивотЕрик Трамп објави фотографија од својот татко, луѓето мислат дека е вештачка интелигенцијаОбјава од Ерик Трамп на Инстаграм, која требаше да прикаже семеен момент од неговиот татко Доналд Трамп со неговите внуци, предизвика бројни реакции поради необичен детаљ.Корисниците на социјалните мрежи веруваат дека фотографијата е дигитално изменета, а некои од нив се сомневаат дека е создадена со помош на вештачка интелигенција. Eric Trump posted what appears to be an AI altered pic of his dad pic.twitter.com/jcRmw1B7FZ — PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) August 10, 2026 Ерик Трамп објави неколку фотографии од турнирот „LIV Golf“ што се одржа минатиот викенд во Националниот голф клуб Трамп во Бедминстер, Њу Џерси. Тој се појави на турнирот со своите деца, а на една од фотографиите Доналд Трамп е со две внучиња. Оваа конкретна фотографија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи. Вниманието го привлече стапалото видливо во позадина, кое не е јасно кому му припаѓа. Корисниците почнаа да споделуваат зголемени верзии на фотографијата на социјалните мрежи и предупредија на други можни неправилности, како што се чудни контури на мебел и деформации на лицата и телата на луѓето. View this post on Instagram A post shared by Eric Trump (@erictrump) Сомнежи за автентичноста на фотографијата Реакциите беа бројни. „Чија е таа нога?“ беше еден од коментарите на социјалната мрежа „X“, додека профилот „PatriotTakes“ праша: „Кој е избришан од фотографијата?“ Некои корисници веруваат дека станува збор за лошо уредување во Фотошоп. Други пак се сомневаат дека фотографијата е изменета со помош на алатки за вештачка интелигенција. Досега нема официјална потврда дали фотографијата е обработена, ниту пак имало независна проверка дали е креирана со помош на технологијата на вештачка интелигенција. Eric Trump posted what appears to be an AI altered pic of his dad pic.twitter.com/jcRmw1B7FZ — PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) August 10, 2026 И уште една фотографија од Трамп под лупа Во текот на истиот викенд, беше дискутирано и за друга фотографија од Доналд Трамп од голф теренот. Споредувајќи ја таа објава со други фотографии од настанот, некои корисници тврдеа дека изгледот на Трамп е дигитално изменет за да изгледа помлад, потенок и поелегантен. Ерик Трамп не коментираше за деталите од семејната фотографија. Затоа, останува нејасно дали станува збор за дигитална обработка, употреба на вештачка интелигенција или само необичен агол на снимање. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп фотографија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица. Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во БрвеницаСпоред информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово. Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПротести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протестиВо Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик. Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол. Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата. На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд. -Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска. Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите. „Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант. Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите. Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.Тагови: Полска протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37