Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак - Канал 5

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак

 И САД и Хутите од Јемен, кои се сојузници на Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чинеа слаби, а Техеран изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен доколку Вашингтон не ги прифат

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен.

Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за брзо завршување на конфликтот.

И Иран и САД ја засилија реториката во последните два дена.

Највисокиот ирански безбедносен службеник, Мохсен Резаи ,вчера изјави дека виталниот бродски пат низ Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку САД не ги прифатат условите на Иран за завршување на војната - ослободување на замрзнатите средства на Иран и крај на конфликтите низ целиот регион, вклучително и во Либан и Газа.

Тоа следеше по новото барање на Трамп во понеделникот дека Иран треба да плати отштета за луѓето убиени во 50-годишните војни, напади и протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

Извршен е увид на местото на настанот.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Горан „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение.

Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува.

Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет.

СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години.

Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. 

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк.

Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот.

„Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер