Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.

Крај на војната? Путин итно испратил „свој човек“ во Америка

Извори од Москва и Киев велат дека рускиот претседател Владимир Путин го испратил својот лојален министер Владимир Колокотсев во САД со предлог да се стави крај на војната.

Рускиот претседател наводно е подготвен да го подели окупираниот украински полуостров Крим за да стави крај на војната која започна во февруари 2022 година, пишува Дејли Мејл.

Иако под санкции, на Колокотев му било дозволено да влезе во САД, наводно за да присуствува на состанокот на полициските команданти на ОН. Но, тоа е само трик за да му се дозволи да отпатува во Вашингтон со авион од претседателската флота на Путин и да ги пренесе барањата на рускиот претседател за мировен договор до американската влада.

Неговото патување во САД и пораката на Путин беа обелоденети од водечкиот украински ТВ новинар Дмитриј Гордон и рускиот Телеграмски канал Госдумскаја. Украина најверојатно нема да го прифати предлогот на Путин, бидејќи според него би морала да отстапи огромни делови од окупираната територија и да се откаже од влезот во НАТО. Сепак, овој предлог на Путин претставува отстапка во однос на претходните идеи.

„Главната цел на патувањето на Колоколцев беше да им го предаде рускиот мировен план на американските власти“, изјавил Гордон, додавајќи дека тоа е план на Путин „да стави крај на војната“.

Според овој план, Путин бара Украина целосно да се повлече од окупираните региони Доњецк и Луганск, но Русија ќе и ги предаде на Украина нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар. Ќе се разговара и за можното враќање на регионите Керсон и Запорожје под украинска контрола.

Полуостровот Крим ќе стане „специјална демилитаризирана административна област под двојна власт на Украина и Руската Федерација“, а Украина ќе мора да се обврзе да не го блокира снабдувањето со вода на Крим.

Русија го зазеде Крим во 2014 година по што Путин вети дека полуостровот на Црното Море никогаш повеќе нема да ѝ припадне на Украина.

Според рускиот мировен предлог, Украина би контролирала „демилитаризирана зона“ долж реката Днепар од околу 100 километри. На земјата, исто така, ќе и биде забранет пристапот во НАТО - една од клучните цели на претседателот Володимир Зеленски - но ќе и биде дозволено да се приклучи на Европската унија.

Од друга страна, Западот би ги укинал санкциите кон Русија поврзани со нафтата, гасот и банкарскиот сектор.

Извештаите на Дмитриј Гордон и рускиот Телеграмски канал Госдумскаја се разликуваат во нивните тврдења за големината на армијата што Украина треба да ја задржи: Гордон вели дека има 350.000 војници, а Госдумскаја шпекулира 150.000. Гордон предупредува дека „Доњецката и Луганската област не можат да бидат префрлени под контрола на Украина, бидејќи тоа би „предизвикало геноцид врз тамошното население“, имајќи предвид дека „третина учествувала во непријателствата против Украина“. САД, Русија и Украина не ги коментираа овие наводи, ниту пак посетата на Колоколцев на САД.

Но, интересно е што авионот во кој патувал Колоколцев е виден покрај авионот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по слетувањето во Вашингтон.

Извор. Б92.нет

Френсис: Резултатите од различни избори нема да ја променат поддршката на ОН за Украина

Генералното собрание на ОН ќе продолжи да се залага за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина без оглед на исходот од националните избори одржани ширум светот оваа година.

Генералното собрание на ОН ќе продолжи да се залага за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина без оглед на исходот од националните избори одржани ширум светот оваа година, изјави вчера претседателот на ова тело на светската организација, Денис Френсис, забележувајќи дека „ниту една земја нема право да нападне друга земја“.

Овој став „не може да се промени, бидејќи ова е прашање на правото“, изјави Френсис за американските медиуми за време на неговата прва посета на Украина, која трета година се бори против руската инвазија.

Главното тело за креирање политики на светската организација даде широка поддршка на напорите за поддршка на суверенитетот на Украина, рече Френсис.

Но, годинашните избори во САД и неколку клучни земји од Европската Унија предизвикуваат загриженост за потенцијалните политички промени во западните земји, чија воена и финансиска поддршка беше клучна за Украина да ги попречат амбициите на Кремљ.

-На нас ќе биде со текот на времето да видиме какви ќе бидат импликациите од резултатите од тие избори врз целиот меѓународен систем, а особено за Украина, рече Френсис, изразувајќи уверување дека „народот на Украина нема да се откаже“ без разлика на исходот од тие избори.

Според него, „Украинците тоа нема да го прифатат и нема да дозволат странска доминација над нивната татковина“.

На крајот од дводневната посета на Киев, Френсис ја повика Русија „веднаш да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина“, во согласност со резолуцијата на Генералното собрание што беше усвоена веднаш по избувнувањето на војната.

Едерсон ги договори условите со Ал-Наср

 Голманот на Манчестер сити, Едерсон е блиску до преселба во Ал-Наср од Саудиска Арабија, тврди новинарот Џанлуиџи Лонгари.

Според Лонгари, саудискиот клуб, за кој настапува напаѓачот Кристијано Роналдо, се договорил за идниот договор со 30-годишниот Бразилец.

Се очекува Ал Наср наскоро да почне преговори со Манчестер сити за реализација на трансферот.

Претходно беше објавено дека Сити нема да го задржи Едерсон доколку тој сака да го напушти тимот во летниот преоден рок.

Едерсон брани за Манчестер сити од 2017 година. Оттогаш, тој одигра 332 натпревари за тимот, прими 257 гола и ја зачува мрежата чиста 155 пати.

Договорот на голманот со клубот е до летото 2026 година.

притисни ентер