Манчестер Јунајтед отпушта 250 вработени, за да ги намалат трошоците - Канал 5

Манчестер Јунајтед отпушта 250 вработени, за да ги намалат трошоците

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед планира да отпушти околу 250 вработени како дел од далекусежната програма за намалување на трошоците. 

Манчестер Јунајтед отпушта 250 вработени, за да ги намалат трошоците

Вработените во сите сектори и на сите нивоа во клубот, освен хуманитарното здружение Фондацијата Манчестер Јунајтед, треба да останат без работа, а овој број на отпуштања би значел намалување на бројот на вработени за една петтина, односно за 22 отсто.

Минатата сезона Манчестер Јунајтед го зазеде осмото место во домашното првенство, што е најнизок пласман на 20-кратниот шампион на Англија од формирањето на Премиер лигата на почетокот на 90-тите.

Исто така, ова значително намалување на трошоците доаѓа откако британскиот милијардер Џим Ретклиф купи 25 отсто од клубот. Според податоците од јуни минатата година, Јунајтед имал 1.112 вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Националистичката АфД со убедливо водство во анкетите пред денешните покраински избори во Германија

Во федералната покраина Саксонија-Анхалт во источна Германија, утрово беа отворени гласачки места каде што околу 1,7 милиони гласачи гласаат за нов состав на покраинскиот парламент. 

Националистичката АфД со убедливо водство во анкетите пред денешните покраински избори во Германија

Се очекува убедлива победа на десничарската Алтернатива за Германија (AfD). AфД, која е дефинирана како антиуставна организација во оваа федерална покраина, може да смета на поддршка од околу 40 проценти според најновите анкети на јавното мислење.

На второ место со 23 проценти е Христијанско-демократската унија (CDU) со премиерот Свен Шулце. На трето место е Левичарската партија со 11 проценти, по што следуваат Социјалдемократската партија на Германија (SPD) со 8 проценти и Зелената партија со 6 проценти. Други партии, како што се крајно левичарскиот Алијанса на Сара Вагенкнехт или Либерално-демократската партија (FDP), според анкетите, не би го надминале изборниот праг од 5 проценти. AfD со својот главен кандидат Улрих Зигмунд сака да освои апсолутно мнозинство и да го назначи првиот премиер на федерална држава од рамките на оваа партија. Со оглед на тоа што FDP е малку веројатно да го премине изборниот праг, продолжувањето на сегашната владејачка коалиција на CDU, SPD и FDP е малку веројатно.

Бискуп: Луѓето лесно повторно се заведуваат

Бидејќи сите партии со изгледи за преминување на изборниот праг одбиваат да соработуваат со AfD, една од можностите што се споменуваат по изборите е коалиција на CDU, SPD и Зелените, која би била поддржана од Левицата. Вчера во главниот град на Саксонија-Анхалт, Магдебург, се одржаа собири во поддршка на демократијата, кои беа свикани од синдикати и разни граѓански иницијативи.

Магдебуршкиот бискуп на Католичката црква, Герхард Фајге, изрази страв од исходот на изборите, првенствено поради силата на AfD. „Луѓето повторно лесно се заведуваат и тоа ме плаши... Останувам без зборови кога гледам како заканата што ја претставува AfD е намалена“, рече Фајге во интервју за дневниот весник „Аугсбургер Алгемајне“.

Избирачките места се затвораат во 18 часот, а прелиминарните резултати се очекуваат ноќеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се обидува да воведе диктатура

Мицкоски прво ја превзеде полицијата, па потоа и судовите и обвинителството. 

СДСМ: Мицкоски се обидува да воведе диктатура

Полугите на моќ ги користи за заплашување на политичките противници.

Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер.

Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за неисправна вода.

Вчера повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите.

Што ќе биде утре?

Техниките на заплашување уште од времето на Сашо Мијалков и Груевски, против кои се изборивме пред 11 години.

Од Илинден водат фашистичка кампања „Талог“ по моделот на Ванчо Михајлов.

Намерно предизвикуваат меѓуетничка омраза со секојдневни објави на социјалните мрежи.

СНС бот-централа и трол-фарми работат од Белград за ВМРО-ОКГ.

Орбановите 40 проценти медиуми одамна промовираат недемократски и анти-ЕУ вредности. Сега воведуваат Вучиќева тешка артилерија за целосно да ја замрачат медиумската сцена.

Латас управува со медиумите со Гебелсовите техники - колку погласно и повеќе, лагата ќе стане вистина.

Ја уништија економијата и ја ограбија земјата. Народот е на работ на егзистенција а тие се обидуваат да му забранат да го крене гласот.

Нема да ви помине.

Овој народ отсекогаш бил слободарски. Нема да толерира тиранија на една криминална група предводена од Мицкоски.

СДСМ ќе се бори со сите демократски средства против оваа сè поотворена диктатура.

За слобода на говор. За правото на граѓаните да протестираат. За одговорност. За европска Македонија, а не за враќање во најмрачните години.

Граѓаните не се талог.

Народот ќе победи.

Криминалците ќе одговараат.

Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС

Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС затоа што кај нив се крадеше од чистачка до премиер.

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС

Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал што мислат сите се како нив. Па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите.

Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС.

Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат. Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер