Манекенката со најдобро тело во својата 5-та деценија изгледа како да има 25 години - Канал 5

Манекенката со најдобро тело во својата 5-та деценија изгледа како да има 25 години

Благодарение на овие намирници таа „старее наназад“!

Манекенката со најдобро тело во својата 5-та деценија изгледа како да има 25 години

Атрактивната Жизел Бундхен тврди дека некои намирници ѝ го промениле животот.

Секогаш кога ќе видиме убава манекенка на модната писта, веруваме дека нејзиното тело ѝ е „дадено од Бога“ или дека деновите ги поминува во сала за вежбање. Сепак зад сето тоа честопати стои грижата за она што го внесува во своето тело. Некои од нив решиле да откријат што се крие зад нивната виталност.

Бразилската манекенка и актерка Жизел Бундхен (43), која со години преку пистите и насловните страници мами воздишки кај мажите, ги открива своите навики во исхраната пред своите обожаватели. Таа во својата најпродавана книга за кулинарство, „Nourish“, открива што сочинува нејзиното дневно „мени“.

Оваа манекенка на Инстаграм споделила детали за нејзините омилени зачини кои ѝ помагаат да остане витка.

- Храната е најдобриот лек. Почувствував голема разлика во мојот живот кога почнав подобро да ја избирам храната – открива таа.

Оваа бразилска убавица открива без кои специфични вкусови не може.

Жизел не може без ѓумбир, кој го помага варењето и има антиинфламаторни својства, додека магдоносот содржи антиоксиданси и дава „добар здив“, наведува „Daily Mail“.

Освен овие зачини, бразилскиот супермодел истакнува дека и рузмаринот е високо на нејзината листа бидејќи го стимулира имунолошкиот систем и го подобрува варењето. Повеќето од нас знаат колку куркумата позитивно влијае на нашиот организам, па многу жени ја вклучуваат при приготвувањето на многу јадења.

Така и Жизел, смета дека овој егзотичен зачин е добар за здравјето на срцето, па со задоволство го препорачува. Босилекот е моќен антиоксиданс, а црниот пипер помага во апсорпцијата на хранливите материи.

Покрај овие зачини, тука се и ориганото и циметот кои ја подобруваат циркулацијата.

Таа верува дека јадењето непреработена храна полна со витамини и хранливи материи ни помага да останеме здрави и да се чувствуваме добро.

Жизел моментално е во врска со Жоаким Валенте, а посебно внимание привлече со демантирање на тврдењата дека го изневерувала својот поранешен сопруг истакнувајќи дека жените се тие кои имаат храброст да напуштат токсична врска, а најчесто ги обвинуваат поради разделбата – пренесува истиот портал.

Иако многумина веруваат дека парот е во врска со години, тие двајца ја потврдија својата романса во јуни минатата година. Сепак, нејзиниот поранешниот сопруг, Том Брејди мисли поинаку.

Жизел со години важи за една од најатрактивните жени на модната сцена. Освен исхраната на која е особено посветена, таа често во своите објави на социјалните мрежи споделува дека практикува вежбање и медитација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски: Советничките прашања се инструмент за транспарентност на Советот

„Од формирањето на овој состав, правото да се практикува инструментот советнички прашања, како еден од принципите на транспарентност при управувањето е добро поставен и немам намера да дозволам, под разни притисоци овој инструмент да биде исклучен.“

Димитровски: Советничките прашања се инструмент за транспарентност на Советот

„Од формирањето на овој состав, правото да се практикува инструментот советнички прашања, како еден од принципите на транспарентност при управувањето е добро поставен и немам намера да дозволам, под разни притисоци овој инструмент да биде исклучен и со работата на Советот да биде скриен. Секој советник си носи одговорност пред јавноста за своето однесување и за своите дискусии и за своето молчење и можеби најважно од се, секој советник си носи одговорност за одлуките кои ги поддржува“, истакна Даме Димитровски претседател на Совет на Град Скопје на денешната седница.

Димитровски посочи дека седниците на Советот мора да бидат транспарентни со тоа што, правото за поставување прашања од страна на советниците не смее да се одземе ниту пак да се ограничи правото на градоначалникот да даде одговор на поставените прашања.

„Ние не можеме да дозволиме да не бидат седниците на Советот транспарентни и мора да бидеме одговорни за своите постапки. Најпрво, не смееме да им го одземеме правото на советниците да поставуваат прашање и второ не смееме да му го ограничиме правото на градоначалникот да даде одговор на поставеното прашање“, рече Димитровски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин во обраќањето: Не можеме да бидеме сигурни дека нема да се користи нуклеарно оружје(ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се обраќа на годишниот форум на Валдај клубот, каде што се очекува да ги изнесе своите најнови ставови за војната и односите со Западот.

Путин во обраќањето: Не можеме да бидеме сигурни дека нема да се користи нуклеарно оружје(ВИДЕО)

Путин последен пат се појави во јавноста вчера, кога се обрати пред новоизбраниот руски парламент во Москва и повика на континуирана поддршка за воените напори. Тој им порача на политичарите да го дадат приоритет на зајакнувањето на одбранбените капацитети на Русија и да им дадат поддршка на војниците и нивните семејства, објави Скај Њуз.

Тој, исто така, ги пофали војниците и ветераните и ги повтори претензии на Русија кон окупираните украински територии.

„На Запад, ни ставија до знаење дека нема место за нас“

Кога го прашаа дали жали за фактот што Русија се обиде да се интегрира во системот на западните земји на почетокот на 2000-тите, Путин одговори: „Русија предложи соработка и направи сè за да ја постигне, но на Запад јасно ставија до знаење дека нема место за нас таму. Во исто време, тие продолжија агресивно да „удираат“ и да „се обидуваат да ги одгризат“ деловите од Русија.“

Тој се осврна на запленувањето на руски бродови. „Русија се залага за слобода на навигација и се спротивставува на сите ограничувања. Нема потреба да се создаваат нови правила, тие веќе постојат и само треба да се почитуваат“, нагласи тој.

Политикологот Сергеј Караганов му рече на Путин дека наскоро ќе се постави прашањето: „Дали треба да се вклучиме во реконструкцијата на ослободените територии или да развиваме други делови од земјата, особено Сибир?“

„Русија ќе мора да го обнови животот во ослободените региони, како и да го развие животот во други региони. Потребно е да се направи сè за луѓето на ослободените територии да го достигнат просечното ниво на животен стандард во Русија. Генерално, успеваме во ова на Крим и Донбас. Ќе одлучиме што треба да се обнови и кои компании да се преместат врз основа на економски фактори“, најави тој.

YouTube video

„Мора да имаме предвид од каде доаѓаат испораките на воена опрема за Украинците“

Модераторот потсети дека пред неколку недели руското Министерство за одбрана објави список на европски компании од кои пристигнуваат испораки на воена опрема во Киев. Тој тврди дека еден ден можеби ќе биде потребно да се нападнат.

„Дали ова може да се смета за причина за повикување на Член 5 од Повелбата на НАТО? Дали Русија е подготвена за ова?“, праша модераторот.

„Што се однесува до компаниите што снабдуваат вакви производи, Русија мора да ги има предвид и да знае од каде доаѓаат сите овие испораки“, одговори Путин.

„Ние не се плашиме од никого“

Продолжувајќи да одговара на прашања во Москва, Владимир Путин се осврна на растечките тензии околу Калининград.

Потсетете се дека Русија го предупреди НАТО дека ќе биде подготвена да прибегне кон нуклеарно оружје како одговор на секој обид за изолирање на балтичката енклава.

Рускиот лидер вели дека секој потег против територијата би бил „вистинска ескалација“, повторувајќи ги позициите што претходно ги изразија руските претставници. „Ние не плашиме никого“, тврди тој потоа, бранејќи ја реакцијата на својата земја.

„Изјавата на министерот за надворешни работи и писмата испратени до некои земји не се закана, туку одговор на обидите да ни се закануваат“, тврди Путин.

„Доколку има директен напад врз Русија - тука мислам на Калининград, но можеби и на други територии - тогаш, секако, прашањето за користење на целото оружје што нашата земја го има на располагање неизбежно и веднаш ќе биде на дневен ред. Тоа е неизбежно“, предупреди тој.

„Не можеме да бидеме сигурни дека нема да се користи нуклеарно оружје“

Владимир Путин предупредува дека е невозможно да се исклучи можноста за употреба на оружје за масовно уништување и нагласува дека е потребно да се спречи такво сценарио. Тој вели дека ескалацијата „нè турка до работ на бездната“.

„Водечките земји во светот во моментов имаат оружје што може да го уништи целиот живот или барем да го отвори патот за катастрофални последици“, рече тој.

„Можеме ли да бидеме сигурни дека тоа оружје никогаш нема да се користи? За жал, не можеме да бидеме сигурни“, истакна тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството побара газда Деко да остане во притвор, претходно понуди 200.000 евра гаранција

Доцна попладнево до Кривичниот суд  од Обвинителстворо е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов- Деко, сопственикот на „Пулс“.

Обвинителството побара газда Деко да остане во притвор, претходно понуди 200.000 евра гаранција

Доцна попладнево до Кривичниот суд од Обвинителстворо е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани, по истиот ќе се постапува во текот на утрешниот ден, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

Првообвинетиот сопственик на Пулс, Дејан Јованов Деко, на денешното рочиште беше спроведен од притвор. Од 3 октомври тој требаше да се брани од слобода со оглед на тоа што истекува законскиот рок од една година за определување притвор, а Обвинителството може да побара поблаги мерки за да го обезбеди неговото присуство. Во меѓувреме неговата одбрана понуди 200 илјади евра гаранција, а Обвинителството се уште не дало мислење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер