ХороскопДневен хороскоп за 4. јули 2024 годинаДневен хороскоп за четврток, 4. јули 2024 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство. Кариера Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации. Здравје и совет Подобро е да верувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет. Кариера Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Здравје и совет Не се споредувајте со другите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце. Кариера Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. Здравје и совет Најдете златна средина. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично. Здравје и совет Покажете ја својата ведра страна. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате. Кариера Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите. Здравје и совет Вие знате како да постапите со секого. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кариера Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки. Здравје и совет Бидете тактични. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност. Кариера Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери. Кариера И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот. Здравје и совет Бидете професионални. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате. Кариера Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата. Кариера Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате. Здравје и совет Едноставно издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите. Кариера Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас. Здравје и совет Носете заклучоци во тишина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството. Кариера Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание. Здравје и совет Помагајте им на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија го нападна Киев со балистички ракети по заминувањето на американските преговарачи (ВИДЕО)Русија ги продолжи воздушните напади врз украинскиот главен град Киев рано утрово, кратко откако американските мировни преговарачи заминаа.Русија ги продолжи воздушните напади врз украинскиот главен град Киев рано утрово, кратко откако американските мировни преговарачи заминаа, погодувајќи го градот со балистички ракети и ранувајќи шест лица, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. ❗️The moment Russian ballistic missiles struck Kyiv. Fires have broken out across multiple parts of the Ukrainian capital following the attack. People have been injured. Witkoff and Kushner have barely left Ukraine. The message from Moscow is pretty clear now. pic.twitter.com/mRbCaF9Jus — Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) September 8, 2026 Неколку луѓе беа заробени во погодена станбена зграда, а пожари избувнаа низ Киев, изјави Кличко на апликацијата за пораки Телеграм, по она што тој го нарече руски напади со балистички ракети. Петкатна и трикатна зграда беа оштетени од паѓање остатоци, соопшти воената администрација на Киев одделно на Телеграм, повикувајќи ги луѓето да побараат засолниште. Kyiv. This is how russian ballistic missiles rained down on the capital today — a city of more than 3 million people. russia is a terrorist state. Enough pretending you don’t see it. pic.twitter.com/3kAFBrOUb9 — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 8, 2026 Додека во Киев се слушаа експлозии, соседна Полска, членка на НАТО и Европската Унија, започна воени воздушни операции за заштита на својот воздушен простор, соопштија нејзините вооружени сили на X. Тричасовни разговори Администрацијата на Трамп ги обнови своите напори за ставање крај на 4,5-годишната војна на Русија во Украина, но Русија ги продолжи нападите откако американските мировни пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф заминаа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата. Тие пристигнаа во Киев од разговорите во Москва, по што Кремљ соопшти дека не ја исклучува можноста за продолжување на трилатералните разговори. Во Русија, украинските беспилотни летала оштетија цивилна инфраструктура и повредија луѓе во градот Саратов на реката Волга, околу 730 км југоисточно од Москва, според регионалниот гувернер. Во областа се наоѓа голема рафинерија за нафта управувана од државната нафтена компанија Роснефт, како и голем број други индустриски и воени објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook