3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
СветКрај на војната? Путин итно испратил „свој човек“ во АмерикаИзвори од Москва и Киев велат дека рускиот претседател Владимир Путин го испратил својот лојален министер Владимир Колокотсев во САД со предлог да се стави крај на војната.Рускиот претседател наводно е подготвен да го подели окупираниот украински полуостров Крим за да стави крај на војната која започна во февруари 2022 година, пишува Дејли Мејл. Иако под санкции, на Колокотев му било дозволено да влезе во САД, наводно за да присуствува на состанокот на полициските команданти на ОН. Но, тоа е само трик за да му се дозволи да отпатува во Вашингтон со авион од претседателската флота на Путин и да ги пренесе барањата на рускиот претседател за мировен договор до американската влада. Неговото патување во САД и пораката на Путин беа обелоденети од водечкиот украински ТВ новинар Дмитриј Гордон и рускиот Телеграмски канал Госдумскаја. Украина најверојатно нема да го прифати предлогот на Путин, бидејќи според него би морала да отстапи огромни делови од окупираната територија и да се откаже од влезот во НАТО. Сепак, овој предлог на Путин претставува отстапка во однос на претходните идеи. „Главната цел на патувањето на Колоколцев беше да им го предаде рускиот мировен план на американските власти“, изјавил Гордон, додавајќи дека тоа е план на Путин „да стави крај на војната“. Според овој план, Путин бара Украина целосно да се повлече од окупираните региони Доњецк и Луганск, но Русија ќе и ги предаде на Украина нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар. Ќе се разговара и за можното враќање на регионите Керсон и Запорожје под украинска контрола. Полуостровот Крим ќе стане „специјална демилитаризирана административна област под двојна власт на Украина и Руската Федерација“, а Украина ќе мора да се обврзе да не го блокира снабдувањето со вода на Крим. Русија го зазеде Крим во 2014 година по што Путин вети дека полуостровот на Црното Море никогаш повеќе нема да ѝ припадне на Украина. Според рускиот мировен предлог, Украина би контролирала „демилитаризирана зона“ долж реката Днепар од околу 100 километри. На земјата, исто така, ќе и биде забранет пристапот во НАТО - една од клучните цели на претседателот Володимир Зеленски - но ќе и биде дозволено да се приклучи на Европската унија. Од друга страна, Западот би ги укинал санкциите кон Русија поврзани со нафтата, гасот и банкарскиот сектор. Извештаите на Дмитриј Гордон и рускиот Телеграмски канал Госдумскаја се разликуваат во нивните тврдења за големината на армијата што Украина треба да ја задржи: Гордон вели дека има 350.000 војници, а Госдумскаја шпекулира 150.000. Гордон предупредува дека „Доњецката и Луганската област не можат да бидат префрлени под контрола на Украина, бидејќи тоа би „предизвикало геноцид врз тамошното население“, имајќи предвид дека „третина учествувала во непријателствата против Украина“. САД, Русија и Украина не ги коментираа овие наводи, ниту пак посетата на Колоколцев на САД. Но, интересно е што авионот во кој патувал Колоколцев е виден покрај авионот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по слетувањето во Вашингтон. Извор. Б92.нетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКомпани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам доброБелгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. Белгиецот изјави дека се чувствува добро. „Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот. Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.Тагови: Баерн М. Компани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТрагичен крај на холивудски актер: Почина откако го удри автомобил пред домот во Лос АнџелесХоливудскиот актер Лари Поиндекстер починал синоќа, на 66-годишна возраст, неколку дена откако бил удрен од автомобил додека ја преминувал улицата во населбата Студио Сити во Лос Анџелес, каде што и живеел. Според медиумските извештаи, актерот бил во болница и чекал операција поради скршени ребра, кога ненадејно починал. Поиндекстер е роден во 1959 година во Далас. Неговиот татко, Х. Р. Поиндекстер, бил дизајнер на осветлување и сценографија, добитник на наградата „Тони“, а мајка му, Сју Ен Ердман, била оперска пејачка. Првата телевизиска улога ја добил во 1982 година во една епизода од серијата „A New Day in Eden“, а првата улога во сапуница ја остварил во 1984 година, кога го толкувал ликот на Бен Велч во осум епизоди од серијата „Days of Our Lives“, пренесува „Entertainment Weekly“. Во 1980-тите години, Поиндекстер се појави во поединечни епизоди од сериите „Happy Days“, „CHiPs“, „Silver Spoons“ и „Growing Pains“, пред да го толкува ликот на Џастин Мур во 23 епизоди од серијата „Santa Barbara“ во 1986 година. Меѓу другите улоги, тој се појави покрај Семјуел Л. Џексон и Колин Фарел во филмот „С.В.А.Т.“ (S.W.A.T.) од 2003 година, а имаше и мала споредна улога во филмот „Повторно 17“ (17 Again). Тој, исто така, настапуваше и во театар; зад себе Поиндекстер ги остави сопругата, кастинг-директорката Керол Крицер, и нивните синови близнаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаАХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и козиСогласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест. Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45