Принцот Чарлс е позитивен на коронавирусот - Канал 5

Принцот Чарлс е позитивен на коронавирусот

Принцот од Велс е позитивен на Ковид-19 и сега е во самоизолација, објави Кларенс Хаус на Твитер.

Принцот Чарлс е позитивен на коронавирусот

Принцот Чарлс добил позитивен резултат од тестот утрово и затоа ја одложил планираната посета на Винчестер, соопштила палатата. Ова е втор пат 73-годишниот престолонаследник да се зарази со коронавирус откако се разболел во 2020 година.

Многу Британци се загрижени за здравјето на принцот, а на Твитер му посакуваат брзо закрепнување. Чарлс е прв во редот за британскиот трон што го чека 73 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појави сериозен раскол поради Путин

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска ги критикуваше претставниците на Финска и Норвешка поради водењето телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Се појави сериозен раскол поради Путин

„Многу сум скептична во однос на оваа норвешка и финска иницијатива. Таа не беше усогласена со никого од нас останатите“, изјави Фредериксен, пренесува данскиот јавен сервис ДР.

Според неа, Русија не сака мир со Европа и секојдневно води хибридна војна.

„Она на што сме сведоци во последните недели е екстремна бруталност од страна на Русија. Колку што можам да видам, тие ги засилија своите напади. Не знам што мислат Финска и Норвешка дека можат да постигнат со ова“, рече Фредериксен, која моментално е во посета на Финска.

Таа нагласи дека Европејците мора да држат заедно и да го координираат секој свој потег.

Путин денеска разговараше телефонски со финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин ја оцени ситуацијата во зоната на конфликтот во Украина, укажувајќи на нејзините основни причини. Тој нагласи дека постигнувањето долгорочен мир е можно само доколку целосно се земат предвид интересите на Русија“, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесено од агенцијата РИА Новости.

Кабинетот на финскиот претседател претходно денеска соопшти дека Стуб и Сторе ја иницирале средбата, при што фокусот бил ставен на дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина.

Ова претставува прв директен контакт меѓу Путин и истакнати европски лидери – кои се сојузници на Киев – уште од јули минатата година, кога тој разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон.

Пред точно една недела, во Осло се одржаа мировни разговори на кои учествуваа специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, претседателот на Финска, премиерот на Норвешка и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Следниот ден, Виткоф отпатува во Санкт Петербург, каде што беше примен од Путин, кој ја пренесе подготвеноста на Русија за продолжување на трилатералните консултации со САД и Украина.

Според Песков, средбата би можела да се одржи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во текот на првата половина од ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. 

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија.

“ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски.

Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот.

“ Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги, што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” –рече Николоски.

Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА

Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата.

Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас.

Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет.

Лицемерие на највисоко ниво!

Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви?

Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи?

Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија!

Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа.

Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат.

И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија.

Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости.

П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел?

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер