ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
2ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
3Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
СветКралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропствотоКралот Чарлс оваа недела заминува на турнеја низ Карибите, во време кога во регионот се засилуваат повиците Велика Британија да плати репарации за својата улога во трговијата со робови, објави денеска Ројтерс.Кралот и неговата сопруга Камила најпрво ќе ги посетат Бахамите и Гвајана, а потоа ќе отпатуваат во Антигва и Барбуда за состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот (CHOGM), кој се одржува на секои две години. Турнејата ќе трае од 27 октомври до 4 ноември. На претходниот состанок на лидерите на Комонвелтот во 2022 година, Чарлс изрази длабоко жалење во врска со ропството – тема што сигурно повторно ќе биде покрената. Комонвелтот претставува група од 56 земји, од кои повеќето се поранешни британски колонии. Минатиот месец, „CARICOM“ – заедница од 23 карипски нации, вклучувајќи ги Бахамите, Барбадос и Јамајка – објави дека прашањето за репарациите ќе биде дел од дневниот ред на „CHOGM“. „Карипскиот регион постојано нагласува дека прашањето за репарациите, во својата суштина, е прашање на правда“, изјави генералниот секретар на „CARICOM“, Карла Барнет, во говор минатиот месец. Кралот нема да упати формално извинување „Станува збор за признавање, одговорност и трансформација – градење праведна и еднаква иднина за потомците на оние кои, како сопственост на колонијалните господари, претрпеле незамисливи страдања, како и губење на животот и слободата“, рече таа. Иако од Бакингемската палата изјавија дека кралот нема да ја избегнува темата за вмешаноста на Британија во трансатлантската трговија со робови за време на неговата турнеја, тој сепак нема формално да се извини за тоа, како што некои бараат. Ова е во согласност со политиката на британската влада, која исто така ја отфрла можноста за какви било финансиски репарации. „Овде е важно да се истакне долгогодишната работа на Неговото Височество во насока на признавање на грешките од минатото и обидите да се пронајдат креативни начини за исправување на нееднаквостите што сè уште постојат“, изјави портпарол на палатата. „Извинувањето не би било на одмет“ Ширли Бочвеј, генерален секретар на Комонвелтот на нациите – организација која опфаќа околу 2,7 милијарди луѓе – минатата недела изјави дека дошло време да се разговара за репарации, било да се тие финансиски или од друг вид, како што е враќањето на историски или културни предмети. Што се однесува до извинувањето од кралот, кој сè уште е шеф на државата во голем број карипски земји, вклучувајќи ги Бахамите и Антигва и Барбуда, Бочвеј за „Скај њуз“ изјави дека „тоа не би било на одмет“. Како што пренесува „Ројтерс“, во периодот од 15-тиот до 19-тиот век, европски трговци киднапирале и продале најмалку 12,5 милиони Африканци како робови. Притоа, Велика Британија била одговорна за транспортот на приближно 3,2 милиони луѓе, што ја прави втора најактивна европска земја во тој поглед, веднаш по Португалија. Извор: Индекс.хрТагови: британски колонии Кралот Чарлс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Извозот е прв приоритет за домашната економијаВладата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија. “ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски. Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот. “ Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги, што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” –рече Николоски. Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назадСДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас. Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет. Лицемерие на највисоко ниво! Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви? Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи? Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија! Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа. Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат. И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија. Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости. П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купотБранителот на трофејот Охрид и победникот од пред две сезони Алкалоид денеска ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ европскиот куп.Aктуелниот освојувач на ЕХФ европскиот куп Охрид за противник на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ја доби литванска Клаипеда. Победникот од пред две години, пак Алкалоид ќе има незгодна задача против словенечкиот Горење Велење. Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21. и 22. ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16