3ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
ЕкономијаМицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен животДенес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство.„Почитувана госпоѓо Харасти, Почитувана госпоѓо Колумбија, Министре Дурмиши, Почитувани претставници на Владата, Дами и господа од синдикатите, работодавачите и од сите засегнати страни во процесот, Простете ако некого испуштам, но се трудам сите да ги споменам. Денес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство. Зборуваме за достоинството на трудот, за правото на секој човек да има пристојна работа, праведна плата, безбедни услови и можност да напредува. Затоа што економијата не се состои само од бројки, статистики и проценти. Зад секоја бројка стои човек. Зад секоја плата стои семејство. Зад секое ново работно место стои надеж за подобар живот. И токму затоа, денешното потпишување на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година го гледам како важна заедничка обврска. Обврска на Владата, на работодавачите, на синдикатите и на сите институции коишто имаат одговорност за иднината на македонската економија. Нашата цел е јасна: да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот. Почитувани, Изминативе години се соочувавме со сериозни предизвици. Недостиг од квалификувана работна сила, иселување на младите, недоволна продуктивност, неусогласеност меѓу образованието и потребите на компаниите. Тоа се проблеми кои не се решаваат преку ноќ. Но се решаваат со јасна стратегија, со одлучност и со партнерство. Ние сакаме економија која расте, но уште поважно, економија чиј раст го чувствуваат граѓаните. Сакаме повеќе инвестиции, но инвестиции кои создаваат квалитетни и доброплатени работни места. Сакаме успешни компании, затоа што без успешни компании нема силна економија. Но истовремено сакаме и задоволни, заштитени и мотивирани работници. Овие две цели не се спротивставени. Напротив, тие се меѓусебно поврзани. Нема силна економија без силни компании. Но нема ниту вистински успешна држава без работници чиј труд е праведно вреднуван. Токму затоа нашите политики се насочени кон зголемување на продуктивноста, развој на нови вештини, подобрување на работните услови и отворање нови можности за вработување. Особено внимание посветуваме на младите луѓе. Не сакаме младите својата иднина да ја гледаат единствено надвор од својата татковина. Сакаме тука да ја добијат својата прва шанса, тука да градат кариера, тука да создаваат семејства и тука да ги остваруваат своите амбиции. Исто така, мораме да создадеме повеќе можности за економско зајакнување на жените, за нивно поголемо учество на пазарот на трудот и за еднакви можности за професионален развој. Тоа не е само прашање на социјална праведност. Тоа е прашање и на економски напредок. Дами и господа, Меѓународната организација на трудот е наш долгогодишен партнер. Со нејзина поддршка се развиваа важни механизми за социјален дијалог, заштита на работничките права, минимална плата, вработување на младите и мирно решавање на работните спорови. Денес тоа партнерство го продолжуваме со нова програма и со нови приоритети. Пред нас се реформите на трудовото законодавство, модернизацијата на институциите, зајакнувањето на инспекцискиот надзор, развојот на вештините и подобрувањето на конкурентноста на нашите претпријатија. Сакам да нагласам нешто што е особено важно. Законите се важни. Програмите се важни. Меморандумите се важни. Но најважно е граѓаните да ги почувствуваат резултатите од нив. Работникот да почувствува поголема сигурност. Младиот човек да добие вистинска можност. Жената да има еднаква шанса за напредување. Работодавачот да има услови да инвестира, да создава и да отвора нови работни места. Тоа е суштината на нашата заедничка работа. Почитувани пријатели, Верувам во Македонија која создава. Во Македонија која произведува. Во Македонија во која успехот доаѓа преку знаење, посветеност и чесна работа. Верувам дека најголемиот ресурс на нашата земја не се само природните богатства, инфраструктурата или инвестициите. Нашето најголемо богатство се луѓето. Работникот во фабриката. Земјоделецот на нивата. Лекарот во болницата. Наставникот во училиштето. Инженерот, претприемачот, занаетчијата. Секој човек кој со својот труд придонесува за нашата заедничка иднина. Нивниот труд заслужува почит. Нивната работа заслужува сигурност. Нивните семејства заслужуваат подобар живот. И затоа нашата задача не е само да отвораме нови работни места, туку да создаваме услови во кои секое работно место ќе носи перспектива, достоинство и надеж. На крајот, дозволете ми да се заблагодарам на Меѓународната организација на трудот, на госпоѓа Колумбија, на нашите социјални партнери и на сите коишто придонесоа за подготовката на оваа програма. Денес потпишуваме документ, но нашата вистинска обврска започнува утре — со неговото спроведување. Затоа што достоинствениот труд не е привилегија. Тој е право. А достоинствениот живот не смее да биде недостижна желба. Тој мора да биде реалност, реална можност за секој наш граѓанин. За таква држава работиме. Македонија во која трудот се исплати, успехот се вреднува, а иднината се гради дома. Ви благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе појави сериозен раскол поради ПутинДанската премиерка Мете Фредериксен денеска ги критикуваше претставниците на Финска и Норвешка поради водењето телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин.„Многу сум скептична во однос на оваа норвешка и финска иницијатива. Таа не беше усогласена со никого од нас останатите“, изјави Фредериксен, пренесува данскиот јавен сервис ДР. Според неа, Русија не сака мир со Европа и секојдневно води хибридна војна. „Она на што сме сведоци во последните недели е екстремна бруталност од страна на Русија. Колку што можам да видам, тие ги засилија своите напади. Не знам што мислат Финска и Норвешка дека можат да постигнат со ова“, рече Фредериксен, која моментално е во посета на Финска. Таа нагласи дека Европејците мора да држат заедно и да го координираат секој свој потег. Путин денеска разговараше телефонски со финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Путин ја оцени ситуацијата во зоната на конфликтот во Украина, укажувајќи на нејзините основни причини. Тој нагласи дека постигнувањето долгорочен мир е можно само доколку целосно се земат предвид интересите на Русија“, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесено од агенцијата РИА Новости. Кабинетот на финскиот претседател претходно денеска соопшти дека Стуб и Сторе ја иницирале средбата, при што фокусот бил ставен на дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Ова претставува прв директен контакт меѓу Путин и истакнати европски лидери – кои се сојузници на Киев – уште од јули минатата година, кога тој разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон. Пред точно една недела, во Осло се одржаа мировни разговори на кои учествуваа специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, претседателот на Финска, премиерот на Норвешка и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Следниот ден, Виткоф отпатува во Санкт Петербург, каде што беше примен од Путин, кој ја пренесе подготвеноста на Русија за продолжување на трилатералните консултации со САД и Украина. Според Песков, средбата би можела да се одржи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во текот на првата половина од ноември.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Извозот е прв приоритет за домашната економијаВладата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија. “ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски. Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот. “ Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги, што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” –рече Николоски. Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назадСДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас. Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет. Лицемерие на највисоко ниво! Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви? Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи? Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија! Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа. Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат. И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија. Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости. П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter