Познат дизајнер го претстави градскиот автомобил на иднината (ФОТО) - Канал 5

Познат дизајнер го претстави градскиот автомобил на иднината (ФОТО)

Гордон Мареј е дефинитивно еден од најталентираните автомобилски дизајнери на сите времиња. Најновиот модел е направен за да се задоволат потребите на урбаниот транспорт.

Познат дизајнер го претстави градскиот автомобил на иднината (ФОТО)

Во конкуренција на активни конструктори, Мареј во моментов нема вистинска конкуренција. Таткото на Ф1, Мекларен, секогаш знае да направи нешто ново, никогаш не занемарувајќи ја технолошката страна. Не е важно дали станува збор за спортски болид или градски автомобил, овој човек ќе понуди сосема нов изглед и оригинални решенија.

По објавувањето на наследникот на „Мекларен Ф1“, пристигнува автономното градско возило, развиено во соработка со Делта Моторспор и itMoves. Се заснова на технологијата iStream Superlight, воведена од Мареј пред неколку години, што воведува во употреба структура од алуминиум и композити.

Мареј го имаше концептот со истото име во 2013 година и го разви со Јамаха. Овој модел е како еден вид наследник.

Автомобилот Мотив треба да го реши проблемот со градскиот метеж и загадувањето. Исклучително е мал, со должина од само 2537 мм, широк 1,31 м и висок 1628 мм. Погонот е електричен и произведува 20 kW / 27 КС, со батерии со капацитет од 17,3 kWh.

Секој што го познава Мареј, знае дека тој никогаш не се расфрла со вишок на маса, моќ или луксуз. Ова е градско возило со тежина од само 450 кг без батерија, а перформансите се просечни. Вози до 65 км на час и ги достигнува за околу 7 секунди, со опсег од 100 км. Потребни се 40 минути за полнење од 20 до 80% од капацитетот на батериите . Не е импресивно, но доволно за градски услови.

Претпоставката е масовна употреба, а авторите предвидуваат голем број модели , од товарни до инвалидски. Автомобилот деновиве имаше премиера во Лондон, а масовното производство може да започне за најмалку две години, проценува Гордон Мареј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница на забава во Швајцарија- има загинати и повредени (Вознемирувачко видео)

Во швајцарскиот град Арау, синоќа се случило пукање на рејв забава каде што се собрале околу 3.500 луѓе. 

Пукотница на забава во Швајцарија- има загинати и повредени (Вознемирувачко видео)

Според првичните информации, најмалку едно лице е убиено, а петмина се ранети, од кои некои потешко.

Напаѓачот или повеќе се во бегство, а полицијата спроведува обемна потрага, во која е вклучен и воен хеликоптер. Мотивите за нападот и точните околности сè уште се непознати, а граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа.

Најмалку едно лице е убиено, петмина се ранети

„Според првите сознанија, ноќната пукање во областа Шахен во Арау резултираше со една смрт и петмина ранети, од кои некои потешко. Потрагата по сторителите, кои засега се непознати, е во тек“, објави кантоналната полиција на Ааргау, додавајќи дека „можните мотиви и точните околности на делото сè уште не се разјаснети“.

Големи области од градот Арау се блокирани, соопшти полицијата, и го зголемија своето присуство надвор од градот како мерка на претпазливост.

Сведок: Се скривме под диџејската маса

Една читателка му раскажа на Блик како нејзината пријателка од прва рака го видела нападот и се скрила под диџејската маса, додека друг очевидец од настанот рекол дека на почетокот помислил дека некој пали огномет.

Реткост во земја со многу оружје

Арау е мирен град со околу 22.000 жители и административен центар на кантонот Аргау, кој се наоѓа на север од Швајцарија, околу четириесет километри западно од Цирих.

Масовните пукотници и вооружените напади на јавни собири се исклучително ретки во Швајцарија, и покрај фактот дека земјата има една од највисоките стапки на поседување огнено оружје во Европа и светот поради нејзиниот систем на регрутација и традицијата на стрелаштво. Сепак, строгите закони за набавка и складирање на муниција го прават вооруженото насилство на улиците вистински преседан.

Најлошиот вооружен напад во поновата швајцарска историја се случи во септември 2001 година во Цуг, кога вооружен човек упадна во локалниот кантонален парламент и уби 14 политичари и функционери пред да се самоубие.

На забавата имало илјадници луѓе

Швајцарскиот весник „Блик“ објави дека истрелите биле испукани пред 3 часот наутро на „Арауер Рејв“, годишна техно забава која привлекла околу 3.500 луѓе на хиподромот во Арау помеѓу 15 часот во саботата и 2 часот наутро во неделата.

Инцидентот наводно „се случил на хиподромот“, изјави портпаролката на полицијата Ванеса Рамполд за весникот. Засега, полицијата може да потврди дека „биле испукани неколку истрели во голема група луѓе“, додаде таа.

Полицијата апелираше до посетителите и јавноста да им достават какви било видеа или фотографии што би можеле да помогнат во расветлувањето на околностите на овој напад.

Ги бараат напаѓачите со хеликоптер, мотивите се нејасни

Полицијата потврди дека потрагата по сторителот е во полн ек, но сè уште не е познато дали станува збор за еден или повеќе напаѓачи, како и кој точно отворил оган.

„Можните мотиви и точните околности на инцидентот сè уште се нејасни“, објави полицијата.

Голем број полицајци учествуваат во масовното пребарување и обезбедување на локацијата, а според извештаите на локалните медиуми, ангажиран е и воениот хеликоптер „Супер Пума“. Полицијата ги повика граѓаните строго да ја избегнуваат целата област, а поради безбедносната операција, блискиот градски базен беше затворен до понатамошно известување.

Објавено видео, се слушаат истрели

Швајцарскиот таблоид „Блик“ објави и видео испратено од читател, кое е снимено од покачена позиција и прикажува ноќни сцени од улицата додека во позадина одекнуваат неколку последователни истрели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на терен

Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема.

Пожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на терен

Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски.

Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори.

Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа.

Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори.

Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола.

Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден.

Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје

Од 1 септември повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца. 

Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје

Возот ќе застанува на станиците Зелениково, Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје.

Од Скопје првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот, а останатите во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Од Зелениково првото поаѓање ќе биде во 6:20 часот, а потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот.

Патувањето ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од правецот и терминот на поаѓање, а новиот возен ред ќе важи до 31 декември 2026 година. Железничката врска треба да им го олесни секојдневното патување кон Скопје на жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места, особено доколку поаѓањата бидат добро поврзани со останатиот градски превоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер