Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
2Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
1Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
ФудбалПотенцијалната казна може да ја заврши кариерата на Лукас ПакетаБразилскиот репрезентативец Лукас Пакета се соочува со потенцијален крај на кариерата откако вчера беше официјално обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија за прекршување на правилата за обложување.Причината за ова е потенцијалната казна од десетгодишна забрана од фудбалот што би можел да ја носи играчот од средниот ред. Вчера тој беше обвинет за четири различни обвиненија за местење натпревари во Премиер лигата, добивање картони за да влијае на пазарот на обложување во корист на еден или повеќе поединци. Истрагата за Пакета започна уште во септември минатата година по извештаите за сомнителни облози во врска со жолтиот картон на играчот од средниот ред на Вест Хем во првото коло од веќе завршената сезона 2023/24. Обвиненијата на Фудбалскиот сојуз на крајот беа четири, а причината за нив во секој случај беа натпревари во кои постојат сомневања дека Пакета намерно заработил официјални опомени, со што влијаел на обложувачкиот пазар. Весникот „АС“ денеска излезе со информација дека местото на Лукас Пакета во репрезентацијата за Копа Америка е под сериозно прашање по обвинувањата. „Кариоките“ покажаа дека немаат намера да прават компромиси во вакви случаи уште на почетокот на изминатата кампања, кога Антони од Манчестер Јунајтед беше суспендиран по истрагите против него за семејно насилство. И самиот Пакета вчера многу остро реагираше на самите обвинувања, велејќи дека е многу изненаден и разочаран од ситуацијата. Минатото лето Бразилецот беше доста упорно поврзуван за трансфер во Манчестер Сити, но во сегашната ситуација тешко дека „граѓаните“ ќе го обноват интересот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеИтната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препоракитеКолапси на улица, сообраќајни незгоди и нагло влошување на хронични заболувања кај граѓаните..Топлотниот бран го зема данокот во здравје, барем според повиците на Итната медицинска помош која само во изминатово деноноќие интервенирала на терен на над 60 различни локации низ Скопје. Оттаму апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба во најжешкиот период од денот, а вода да се пие постојано, дури и кога не се чувствува дирекна жед. Превенцијата започнува со навремена грижа за себе. Од Институтот за јавно здравје велат дека освен да се носи лесна облека мора да се избегнува напорна и физичка активност преку ден од 11 до 17 часот, а во однос на работниците кои работат на отворено велат дека треба да имаат повеќе паузи. За повозрасните лица препораките се и да избегнуваат користење на шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот. Во меѓувреме, граѓаните што ги затекнавме на пладне велат дека периодов се разладуваат кој како знае и умее. Некои одат на река, други на планина, а сите се трудат да ги слушаат советите, но обврските не се завршуваат од дома. Според климатскиот мониторинг на Европската унија порвите два месеци од летото во западна Европа се најжешките досега, додека континентот се подготвува за уште еден топлотен бран. Лето како „под вршник“.. Иако ова лето веќе се оценува како најтопло досега, научниците предупредуваат дека во иднина можеби ќе го паметиме како едно од најпријатните. Од година во година температурите ќе растат, топлотните бранови ќе бидат сè подолги и поинтензивни, а ризиците по здравјето на граѓаните ќе бидат сè поголеми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МетеоЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степенОд утре повторно температури од 40 степени, за два степени потопло од денеска, велат од УХМР. Според прогонозите што ги следат во секој момент синоптичарите за вечер најавуваат нестабилност во делови од земјата, а пад на температурите ќе има од четврток. Според синоптичарите најавеното нестабилното време не може да се каже каде ќе биде, првично е највено за југоистокот на земјата. Според последниот извештај за пожари од страна на центарот за управување со кризи регистриани се седум пожари на отворен простор, три се активни, два се ставени под контрола, два се изгаснати.Од ЦУК со апел, големо внимание поради високите температури и ветерот. Професроот од Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски објаснува дека палењето стрништата, како причина за големи пожари се штетни во екологијата но и за самата почва и таа навика не помага во подобрување на земјата и исто така е казниво по закон. Градоначалниците на Крива Паланка и на Делчево објаснија дека пожарите на депониите се ставни под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаСе намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар Горивата од полноќ значително поевтинуваат. По речиси месец и половина постојан раст на цените со последната одлука на Регулаторна литар дизел од ноќеска на полноќ поевитнува за 8 денари. Намалување е забележано и кај бенизните и тоа за 4 денари по литар. Па оттука новата цена на 95 ката ќе изенусува 87 додека на 98цата 89 денари за литар. Од полноќ литар дизел пак ќе се точи по цена од 91,5 денари. „ Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 04.08.2026 година. “ – се наведува во образложението на Регулаторна. Од Владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот. Премиерот Мицкоски минатата недела повтори дека поради владините политики, земјава откако е почната војната на Блискиот исток има најниски цени на горивата. „Ја одржавме ценовната стабилност понудивме на пазарот најниски цени на горивата и на тој начин 50 % во одредени денови се зголеми потрошувачката поради притисокот на граѓаните од соседните земји. Од прилика по половина евро по литар понудивме поевитни горива од некој од соседните земји и таков е случајот и сега. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку на светските берзи денеска барел се тргува по цена од 84 долари, цените на берзите варираат поради неизевсноста околу договорот за повторно воспоставување на поморски сообраќај низ Ормутскиот тенсец – кој е еден од најважните енергетски коридори во светот. Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook