3Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
МакедонијаМоже ли искрите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН да предизвикаат посериозен проблем во владината коалиција? Предизборните повици за гласање по етничка линија и донесоа победа на ДУИ и нивниот кандидат на предвремените локлани избори во општина Брвеница, децидини се дел од аналитичарите. Според Сефер Селими победата на ДУИ е повеќе психолошка и е на став дека вкавиот изборен резултат ќе ги зголеми апетитите на интегративците, додека според Петар Арсовски за победата на ДУИ се должи пред се на демографската состојба во оваа општина. „Во основа овој резултат се должи на демографијата на општината каде бројот на албанско население е поголем од бројот на македонско население и на политичката логика дека етнички се групираат партиите и во таа смисла бројот на нови гласачи кај Албанците е поголем од бројот на нови гласачи кај Македонците. Во основа се должи на статистика, не верувам дека има некакви посериозни политички импликации“– Петар Арсовски, политички аналитичар „Се покажа дека поддршката на ДУИ барем во таа локална заедница е драматично сменета во однос на поддршката за Влен. А во вториот изброрен циклус јасно се покажа дека кај нас има етничко гласање, односно гласање по етнички принцип. ДУИ има повеќе симболична и ова е еден вид на психолошка победа. Се покажува дека тие се уште се сериозен политчки фактор кој има поддршка кај своите гласачи“- Сефер Селими, политички аналитичар Ваквите изборни резултати според Арсовски и Селими нема сами по себе да ја загрозат владината колиција, но може да доведат до одредени несогласувања и искри помеѓу владеачките партии. „Не исклучувам можност дека тоа сепак ќе биде непријатно чувство во коалицијата и дека и дека потоа може да следат некакви посериозни тензии. Но, во моментот имајќи предвид дека двете партии на претходните локални избори трчаа сами, не верувам дека таа политичка логика може да ја загрози коалицијата која сепак е постизборна, а не предизборна на национално ниво. Можеби некаква фрикција внатре во рамки на коалицијата, но не гледам структуно докази дека тоа ќе се подигне на ниво да ја загрози коалицијата“– Петар Арсовски, политички аналитичар „Очекувам дека ваквиот изборен резултат ќе ги ги нарушува и понатаму односните меѓу Влен и Вмро-дпмне пред се поради тоа што Влен не се во можност д аго испорачаат тоашто им го побара коалицискиот партнер, а од друга страна на локалните избори во 2025 имаше сериозна, организирана и голема поддршка од страна на вмро-дпмне кон канидатите на Влен“- Сефер Селими, политички аналитичар Дали и колку изборниот изход од Брвеница може да биде причина за предизвикување предвремени праламентарни избори напролет, според аналитичарите ќе зависи од тоа како ќе влијае на внатрепартиските односи во владината колаиција и дали ќе предизвика несогалсувања по одредени национални етнички теми. Увередни се дека барањата за предвремено предизборно соочување од интегративците ќе растат, но потенцираат дека клучот за нивно одржување е во рацете на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија. Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата. Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредуваУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски. Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии. Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЖивотОхридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад. Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид. Тагови: Охридското Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook