Сиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвици
1Сиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвици
ТехнологијаСрамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“. „Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични. Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило. На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред. Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето. „Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвициИлијана Јотова е новата претседателка на Бугарија – таа убедливо го победи противкандидатот Андреј Ѓуров со разлика од 343,601 глас, освојувајќи 57,6% од вкупните гласови во вториот круг на изборите. Во своето прво обраќање, Јотова се заблагодари на премиерот Румен Радев за поддршката, но и го обвини Ѓуров , за како што рече, исклучително агресивна кампања против неа. -Би сакала да изразам најдлабока благодарност до „Прогресивна Бугарија“. Почитуван г. Радев, немаше да успееме без вас. Изминатите неколку дена поминаа во целосна мобилизација. Сакам да Ви се заблагодарам што ниту за миг не се поколебавте во вашата поддршка за мене. Исто така, сакам да ѝ се заблагодарам на Бугарската социјалистичка партија, која, како и секогаш, застана покрај мене во оваа исклучително тешка битка. - Илијана Јотова, претседателка на Бугарија -Завршуваме една тешка изборна година, но насоката е јасна.// За нас, овие избори потврдуваат дека правецот што го зазедовме е вистинскиот и нè охрабруваат да спроведеме уште поодлучни и поактивни реформи.- Румен Радев, премиер на Бугарија Во своето обраќање по поразот - Ѓуров кој беше поддржан и од поранешниот премиер Бојко Борисов, изјави дека го прифаќа резултатот но дека ќе биде дел од активната опозиција во државата. -За сите што беа дел од кампањата, за оние што нè поддржаа и веруваа дека постои нов пат за Бугарија – разбирам дека ова предизвикува одредено разочарување, но верувам дека ништо не беше залудно, дека најдоброто допрва доаѓа и дека создадовме навистина цврста платформа врз која можеме понатаму да градиме. - Андреј Ѓуров, кандидат за претседател на Бугарија Честитки за Јотова испрати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која побара соработка базирана на заемна почит и искрено партнерство. -Во име на македонските граѓани и во мое лично име, срдечно им честитам на претседателката Илијана Јотова и на потпретседателот Кирил Валчев за нивната изборна победа. Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да придонесеме за мирот, стабилноста и просперитетот.- Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија Во својата изборна кампања, Јотова во однос на Македонија ги повтори веќе добро-познатите бугарски ставови. Дополнително, таа најави дека ќе заземе побалансиран став кон Русија, ја повика Бугарија да биде „помалку послушна кон ЕУ„ но и изрази скептицизам за понатамошна бугарска воена помош за Украина. Јотова е првата избрана жена претседател на Бугарија, а до отставката на Румен Радев беше негов заменик-претседател. Претходно во два наврати беше и член на Европскиот парламент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Зборот е збор - за првпат, бесплатни униформи за сите ученици од прва годинаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во средното училиште „Раде Јовчевски - Корчагин“ ги промовираше бесплатните униформи за сите ученици од прва година.- Ветивме и исполнуваме. Пристигна првата пратка бесплатни униформи, кои се изработени од 100% памук. Ова е почеток на реализацијата на мерката со која униформи ќе добијат сите ученици од прва година во средните училишта на Град Скопје. За мене, секое дете заслужува со крената глава да влезе во училницата. Да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво. Ниту еден ученик не смее да чувствува помала вредност поради финансиските можности на своето семејство. Во училишните клупи треба да се истакнуваат знаењето, трудот и талентот. Таму се градат пријателства, се откриваат способности и се раѓаат големи соништа. Наша обврска е да создадеме услови тие соништа да растат. Токму затоа, со бесплатните униформи го олеснуваме товарот врз семејниот буџет и придонесуваме за намалување на видливите социјални разлики меѓу учениците. Правиме конкретен чекор кон училишна средина во која нема место за потсмевање, дискриминација и булинг поради облеката што некој ја носи – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е дел од многубројните градски активности во интерес на младите. - Опремивме кабинети по информатика, обезбедивме дидактички материјали и помагала, интерактивна технологија, смарт табли, нови клупи и столчиња. Вложуваме во спортски терени и фитнес зони, во современи услови за учење и здрав развој. Продолжувам со истата решителност, затоа што зад секоја мерка стојат ученици со свои надежи и семејства што очекуваат поддршка. Нивната доверба е обврска што се исполнува со дела. Влогот во младите е влог во иднината. А иднината на Скопје ја градиме денес, со секое исполнето ветување – рече Ѓорѓиевски, соопштуваат од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ поднесе иницијатива за интерпелација на Славески, бараат и надзорна расправа за „Алта банка“Зошто се воведува админстрација во Алта банка, која е улогата и како постапувала Народната банка, и има ли инситуциналната одговорност во случајот – на овие прашања СДСМ очекува одговор да даде надзорната расправа што ја побараа денеска.Лидерот на партијата Венко Филипче на прес конференција најави и интерпелација за гувернерот Славески и побара одговори дали биле испочитувани сите процедури за влез на банката, дали било проверено потеклото на парите, зошто не ги зеле предвид проблемите на банката во другите држави.. Филипче прашува и дали во мегувреме додека илјадници граѓани се оставени без можност да си ги подигнат парите од сметките, фирмите кои имаат пари во Алта си префрлаат пари на други сметки.. -Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески, очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу сто педесет и сто осумдесет милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки.. Замислете, каков врв на безобразлук. Со кои пари луѓето да враќаат кредити? Имало ли трансакции после изборите во Србија? Нека одговорат премиерот и МВР дали Давор Мацура престојувал во земјава во изминатите денови? Ако на овие прашања тие не одговараат, ние бараме Обвинителството час поскоро да се вклучи во оваа работа и сите овие прашања да ги истражи.- Венко Филипче – претседател на СДСМ По критиките од Филипче, ВМРО-ДПМНЕ со контра-обвинувања- зошто СДСМ немале остра реакција и кога пропадна Еуростандард банка во 2020 година. Велат дека сега од опозиција имаат двојни аршини, додека во тоа време кога беа на власт не вовеле администрација од Народната банка туку веднаш ја затвориле. -Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме.- Бране Петрушевски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Меѓусебните обвинувања се префрлија и на социјалните мрежи во преписка меѓу Филипче и Славески. Гувернерот ги негира тезите на Филипче за трансфери од фирми кон други банки и тврди дека правните лица од Алта Банка не можат да повлекуваат пари од сметките, единствено може да прават интерни преноси на средства во рамки на истата банка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter