МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“ - Канал 5

МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“

Наставната програма за сеопфатно сексуално образование се враќа во гимназиите под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“, но со изменета терминологија. 

МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“

Од неа се отстранети поимите „род“ и „контрацепција“, што повторно предизвика реакции во јавноста.

Од Институтот за родови студии при УКИМ бараат враќање на терминот „род“ и предупредуваат дека изоставувањето на поимот не е само јазична промена, туку може да го отежне разбирањето на дискриминацијата, нееднаквоста и насилството. Иако ја поздравуваат иницијативата и позитивно ја оценуваат програмата, сметаат дека учениците треба да ги изучуваат и научните поими со кои се објаснуваат овие појави.

,,Она што мислам ќе наиде на слух на Министерството за образование и наука а тоа е да не се избегнува терминот род..На пример во првата тематска целина,тоа е првата тематска целина од силабусот каде се збори за полни и општествени улоги, а веќе во гимназија учат Социологија и веќе се сретнуваат со терминот род и родови улоги... нема потреба во овој предмет да го бегаме тој термин ,, – д-р Стефан Васев претставник од Институтот за родови студии

Според Васев, воведувањето на предметот може да донесе значителни придобивки за младите. Посочува на искуствата од европските земји каде што веќе се изучуваат слични содржини и каде што, според него, е забележано намалување на малолетничките абортуси и бракови.

,,Во Македонија во моментов имаме над илјада малолетнички бракови, девојки и околу 200-300 момчиња кои се под 18 години а се во брачна врска.Тие сознанија околу репродуктивното здравје , начинот за грижата на сопственото здравје, рамноправноста се клучни тематски целини кои треба да ги учат младите во процесот на образование а не надвор од школските клупи,, – д-р Стефан Васев, Институт за родови студии

Повлекувањето на програмата следуваше и по реакцијата на епископот Јаков Стобиски, кој во отворено писмо до министерката Весна Јаневска обвини дека со предметот се промовира таканаречената „родова идеологија“.

Од Министерството за образование денеска велат дека измените во наставната програма се направени по разгледување на забелешките од јавноста и стручната фела, но дека суштината на предметот останува иста – едукација на младите за заштита на личното здравје. Од МОН посочуваат дека не е предвидена дополнителна ревизија на програмата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани Инфантино

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.

ФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани Инфантино

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот.

Инфантино заработува над пет милиони евра годишно

Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА.

Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија.

Поширок модел на бенефиции

Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството.

Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз.

А Киоменто има посебни привилегии

Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс.

Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“

Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.

„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“

„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.

САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација.

Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница.

Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции.

Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.

Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер