ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“ - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“

Победата на кандидатот на коалицијата на ДУИ Аркин Јахиј за прв човек на Брвеница ги скара владините партнери ВМРО-ДПМНЕ И Вреди.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“

Од ВМРО-ДПМНЕ го признаа поразот на нивниот кандидат Стојанчо Радичевски кој загуби со околу 200 гласа разлика и ја обвинија Вреди за „тројански коњ“ која според нив, одработила за ДУИ. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во објава на ФБ од Германија порача дека тие во изборната трка биле сами против сите, со концепт и програма додека противниците, играле на национална карта. Но и покрај меѓусебните прозивки, од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека Брвеница ќе ја има поддршката од Владата, а владината коалиција не е загрозена.

-Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена, изјави Манасиевски.

Од ВЛЕН, пак, им одговорија дека ниедна партија не е сопственик на гласовите, а граѓаните гласале по сопствена волја и убедување. Од партијата оценуваат дека изборите во Брвеница покажале оти земјата сè уште треба да работи на изградба на инклузивно и граѓански ориентирано општество.

- Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите, ниту, пак, некоја партија може да полага право на сопственост врз нив. Гласовите им припаѓаат на граѓаните, кои се слободни да одлучат кому сакаат да ја доверат својата поддршка, реагираат од Вреди.

Во критиките од ВМРО-ДПМНЕ, кои покрај Вреди за изборниот исход ги обвинија и СДСМ и Левица, лидерот на социјалдемократите Венко Филипче гледа обид од власта за дефокус и повтори дека СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори.

-Сметам дека таа тема и тоа што се форсира од ОКГ на ВМРО е само уште еден обид за дефокус, ама нема да можат да направат дефокус со никакви избори во Брвеница, за оваа катастрофа и дебакл којшто го направија, со кој го загрозија целокупниот финансиски ситем во земјава, изјави Филипче.

И додека владините партнери меѓусебно се обвинуваа, Али Ахмети, коалициските партнери и поддржувачи синоќа триумфалистички ја славеа победата на Аркин Јахиј во Брвеница. Ахмети во говорот порача дека Брвеница е општина со албанско мнозинство, а Албанците според него биле господари на оваа земја.

- Македонија не му припаѓа ниту на Христијан ниту на Бранко Црвенковски, Македонија е татковина на Албанците кои се автохтони. Ние сме државотворци и ние сме господари на оваа земја. Ние преземаме одговорност да ги движиме процесите напред за земјата што ни припаѓа, изјавил Ахмети.

Јахиј од ДУИ во Брвеница победи во тесна трка со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Радичевски, а разликата беше само 265 гласа. Според објавените резултати на ДИК, по обработката на податоците од сите 24 избирачки места, Јахиј освоил 4.442 гласа, односно 50,36 отсто од гласовите додека неговиот противкандидат Радичевски добил 4.177 гласа или 47,36 отсто. На изборите гласале вкупно 8.820 избирачи, што претставува излезност од 54,29 отсто, а регистрирани се и 201 неважечко гласачко ливче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. 

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија.

Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата.

Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски.

Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии.

Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад.

Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер