СДСМ поднесе иницијатива за интерпелација на Славески, бараат и надзорна расправа за „Алта банка“ - Канал 5

СДСМ поднесе иницијатива за интерпелација на Славески, бараат и надзорна расправа за „Алта банка“

Зошто се воведува админстрација во Алта банка, која е улогата и како постапувала Народната банка, и има ли инситуциналната одговорност во случајот – на овие прашања СДСМ очекува одговор да даде надзорната расправа што ја побараа денеска.

СДСМ поднесе иницијатива за интерпелација на Славески, бараат и надзорна расправа за „Алта банка“

Лидерот на партијата Венко Филипче на прес конференција најави и интерпелација за гувернерот Славески и побара одговори дали биле испочитувани сите процедури за влез на банката, дали било проверено потеклото на парите, зошто не ги зеле предвид проблемите на банката во другите држави.. Филипче прашува и дали во мегувреме додека илјадници граѓани се оставени без можност да си ги подигнат парите од сметките, фирмите кои имаат пари во Алта си префрлаат пари на други сметки..

-Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески, очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу сто педесет и сто осумдесет милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки.. Замислете, каков врв на безобразлук. Со кои пари луѓето да враќаат кредити? Имало ли трансакции после изборите во Србија? Нека одговорат премиерот и МВР дали Давор Мацура престојувал во земјава во изминатите денови? Ако на овие прашања тие не одговараат, ние бараме Обвинителството час поскоро да се вклучи во оваа работа и сите овие прашања да ги истражи.- Венко Филипче – претседател на СДСМ

По критиките од Филипче, ВМРО-ДПМНЕ со контра-обвинувања- зошто СДСМ немале остра реакција и кога пропадна Еуростандард банка во 2020 година. Велат дека сега од опозиција имаат двојни аршини, додека во тоа време кога беа на власт не вовеле администрација од Народната банка туку веднаш ја затвориле.

-Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме.- Бране Петрушевски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Меѓусебните обвинувања се префрлија и на социјалните мрежи во преписка меѓу Филипче и Славески. Гувернерот ги негира тезите на Филипче за трансфери од фирми кон други банки и тврди дека правните лица од Алта Банка не можат да повлекуваат пари од сметките, единствено може да прават интерни преноси на средства во рамки на истата банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад.

Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Уште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција.

- На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема.

– И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер