ЖивотПораст на физичкото насилство врз жените во ТуркменистанПоранешната советска република Туркменистан неодамна им забрани на жените да користат козметика, маникир, бојадисување на косата, носење тесна облека и фармерки, како и возење и седење на предно седиште во автомобил, објави радио „Азатлик“.Правата на жените во Туркменистан го привлекоа вниманието на здруженијата за човековите права и феминистичките организации последниве години. Според Обединетите нации, 12 отсто од анкетирани Туркменки доживеале физичко или сексуално насилство во семејството. Според активистите за човекови права, проблемот со семејното насилство во Туркменистан се влошува со ограничувањата на правата на жените во општеството, особено од властите. Ашхабат забрани и абортус, а овие строги мерки против жените во земјата се засилија откако Сердар Бердимухамедов го наследи својот татко на функцијата претседател на земјата. Натаму, десетици стјуардеси и други работнички останаа без работа во април поради липосукција и други козметички зафати. Туркменските авиокомпании, на пр., отпуштија околу 20 свои вработени поради ботокс во усните. Некои од отпуштените, наводно, веќе немаат право на други работни места. Според очевидци во Ашхабат и други туркменски градови, во акции во канцеларии и на јавни места, полицијата приведувала жени со вештачки трепки и нокти и ги носела во полициски станици. Ним им било наложено да ги отстранат „додатоците“, како и да платат казна од околу 140 долари – колку половина од просечната плата во Туркменистан. Полицајци, според наводите, запираат жени на улица и во јавниот превоз и за да проверат дали имаат зголемени усни./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРедовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош Лиценцирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, спроведе редовна акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа. Кабинетите, училниците, тоалетите и холовите беа соодветно третирани со цел да се обезбеди потребната заштита, безбедност и подобрување на хигиенските услови. Во таа насока беа опфатени сите училишни простории, со цел да се обезбеди чиста и безбедна средина при одвивање на образовниот процес. Активноста овозможи целосно отстранување на штетни честички и вируси, со што се гарантира хигиенска сигурност и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар. Со оваа иницијатива Општина Карпош го подигнува нивото на заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар, сакајќи да создаде средина во која воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено и безбедно. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавностаФилипче и СДС изгледа имаат проблем со се што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава.Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана. Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, како неговото мислење само по себе да е доволен аргумент. А можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек. Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста. Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава. Тоа секако треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и највисоки стандарди за заштита на граѓаните. Но за Филипче очигледно ни тоа не е доволно. Наместо факти, стручни анализи и аргументирана дебата, повторно има обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника. На Македонија и треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
СветРусија го критикува Хашкиот суд за МладиќМладиќ, кој беше осуден од Хашкиот трибунал за геноцид во Сребреница и други злосторства извршени за време на војната во Босна во 1990-тите, беше во притворска болница од 2024 година.Русија го критикуваше недостатокот на „непристрасност“ и „политичка мотивираност“ на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и неговиот наследник за одбивањето да го ослободат поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ, кој почина вчера, од здравствени причини. „Намерното непочитување на основните правила за непристрасност и фер третман на осудените лица, од политички причини, засекогаш ќе остане врежано во неславното „наследство“ на Меѓународниот механизам“, изјави руското Министерство за надворешни работи, по објавувањето на смртта на Младиќ во Хаг, каде што ја отслужуваше казната. Барањата за лекување во Србија се одбиени Младиќ, кој беше осуден од Хашкиот трибунал за геноцид во Сребреница и други злосторства извршени за време на војната во Босна во 1990-тите, беше во притворска болница од 2024 година и примаше палијативна нега поради неговата сериозна здравствена состојба. Наследникот на Хашкиот трибунал постојано ги отфрла барањата Младиќ да биде привремено ослободен на лекување во Србија. Извор: Индекс.хрТагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter