Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
1Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
АвтомобилизамПокажал како град му ја уништил Теслата, сите му се смеат (ВИДЕО)Германец, кој го користи називот @schwarz_max1, објави на TikTok како град му ја оштетил неговата Тесла кога бура ја опустоши Германија пред четири дена.„Невреме со громови. Штетата е огромна“, напишал тој покрај видеото на кое се гледа како градот целосно го уништил задното стакло на автомобилот. Видеото за само три дена собра 16 милиони прегледи, а не недостигаа смешни коментари. @schwarz_max1 Unwetter 26.08.23 #unwetter #bayern #hagel #auto #schaden #gewitter #tesla #fypシ #viral ♬ Originalton - BLKY „Дали задното стакло е од стакло од 2 мм? Градот не беше толку лош“, коментира еден тиктокер. „Зрната град не беа толку големи, дали заштедувале на безбедноста и квалитет во Tesla?“, додаде друг. „Другиот автомобил во позадина му се смее на Тесла“, се пошегува трет, а четвртиот напишал: „Мојата Шкода го преживеа невремето без никакви проблеми“. „Си платил 50.000 евра за кола, а немаш гаража“, напишал некој во коментар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените. Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот. Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката. Потсетувајќи на роботот Протеус, кој се свртел против својот творец, таа нагласи дека човештвото мора мудро да се однесува кон новите технологии, оти тие треба да останат во служба на човекот, а не да станат причина за губење на човечката димензија. Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји. Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата. Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБешлиовска: Во 15 установи потребни се најмалку 210 нови медицински сестриСамо во 15 здравствени установи недостигаат повеќе од 200 медицински сестри, алармираат од Здружението на сестри и техничари.Според претседателка Гордана Бешлиовска, недостигот е реалност која не смее да се решава со паушални барања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОхридскиот студентски дом под клуч, 18 институти се затворени поради незаконско работењеКлуч на врата на студентскиот дом „Никола Карев“ до негова целосна реконстукција. Ваква најава денеска од Охрид даде министерката за образование Весна Јаневска, откако студентите изминатиот период алармираа дека со денови останувале без струја, неретко учеле и живееле на светлина од свеќи, без топла вода и во сериозно лоши услови..Според Јаневска, лошата состојба во студентскиот дом се должела на лошото менаџирање и натрупаните долгови, за што најави и постапка за избор на нов директор. Јаневска посочи дека МОН во реконтукцијата вложува 5,5 миниони евра и се очекува активностите да започнат до крајот на годинава. - Оваа година ќе почне и реновирањето на студентскиот дом во Охрид, тој е во лоша состојба. Да, ние направиме ревизија, свесни сме дека досегашното раководство крајно недомаќински работело и во моментов е процес на промена на директорот, но сметајте дека тој студентски дом од денес е затворен, без оглед што ќе има промена на директорот и некаде очекувам пред крајот на годината да почне негова реконстукција. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Дополнително, Јаневска откри и дека поради утврдени неправилности затворени се 18 институти за високо образование и една приватна стручна школа, а се чешла работењето на уште 5 универзитети. - Има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме, законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не пправуваат ќе бидат завторани. До сега се затворени 18 институти и една приватна високо стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор 5,6 институти сигурно и правиме мониторинг во најмалку уште 5 универзитети.- Весна Јаневска – министерка за образование и наука Инаку, студентските домови Стив наумов и Кузман Јосифовски – Питу во Скопје според најавите на Јаневска вратите за студентите ги отвораат со почетокот на новата академска година, додека од септември се очекува да започне реконстукција и на студентските домови во Битола, Прилеп и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook