Прогласен е виновен за тероризам напаѓачот на писателот Салман Ружди - Канал 5

Прогласен е виновен за тероризам напаѓачот на писателот Салман Ружди

Мажот кој го избоде и делумно го ослепи авторот Салман Ружди на јавно појавување во 2022 година беше прогласен за виновен за тероризам, во напад за кој обвинителите рекоа дека бил поттикнат од смртни закани кон авторот на „Сатански стихови“.

Прогласен е виновен за тероризам напаѓачот на писателот Салман Ружди

Дваесет и осумгодишниот Хади Матар, кој веќе отслужува 25-годишна затворска казна за обид за убиство во 2022 година, сега се соочува со максимална казна доживотен затвор. Изрекувањето на пресудата е закажано за 3 ноември.

Поротата расправаше само два часа

Поротата на Окружниот суд на САД во градот Бафало во државата Њујорк расправаше само два часа пред да го прогласи Матар за виновен по сите точки од обвинението, вклучувајќи го и обидот за обезбедување материјална поддршка на проиранската либанска милиција Хезболах, која Вашингтон ја смета за терористичка организација, и учеството во прекуграничен тероризам.

Пресудата го заврши судењето што започна минатиот вторник во кое Ружди, 79, ја освои престижната награда Букер за неговиот роман од 1981 година „Деца на полноќта“.

Фатвата од 1989 година и насилството што следеше

Одбраната не повика никого како сведок, вклучително и Матар. Ружди се соочи со смртни закани од објавувањето на неговиот четврти роман „Сатански стихови“ во 1988 година. Ајатолахот Рухолах Хомеини, тогашниот врховен лидер на Иран, ја критикуваше книгата како богохулна и во 1989 година издаде фатва, или едикт, повикувајќи ги муслиманите да го убијат Ружди и секој што е вклучен во објавувањето на романот.

Фатвата на Хомеини доведе до неколку други акти на насилство, вклучително и убиството на Хитоши Игараши, кој ги преведе „Сатанските стихови“ на јапонски. Иранската влада се дистанцира од фатвата во 1998 година. Но, генералниот секретар на Хезболах ја одобри во 2006 година, а таа беше потврдена од наследникот на Хомеини, Али Хамнеи, во 2017 година, според американскиот државен обвинител.

Ружди го изгуби видот на десното око

Ружди, кој се криеше во текот на првата деценија од фатвата, беше избоден повеќе од 10 пати во главата, вратот, торзото и левата рака. Писателот роден во Индија го изгуби видот на десното око, а му беа повредени и внатрешните органи. Уште еден маж беше ранет во нападот.

Членовите на публиката се стрчаа кон сцената за да го совладаат напаѓачот. Матар, роден во Соединетите Американски Држави, исто така има либанско државјанство. Тој живеел во Фервју, Њу Џерси, а во февруари 2025 година беше прогласен за виновен за обид за убиство и три месеци подоцна беше осуден на 25 години затвор.

Мемоари за нападот и закрепнувањето

Ружди, кој е роден во муслиманско семејство во индиски Кашмир, а подоцна доби британско и американско државјанство, поголемиот дел од 1990-тите го помина во изолација под заштита на британската полиција, но повторно се појави пред повеќе од две децении кога се пресели во Њујорк. Во април 2024 година, тој објави мемоари „Нож: Медитации по обидот за убиство“, во кои го опишува нападот и неговото закрепнување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница

Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница

Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, од спроведен прв изборен круг, врз основа на податоците од записниците од Општинска изборна комисија Брвеница.

Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%. Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, додека неважечки е 161 ливче.

Според утврдените резултати од гласањето одржано на 18-ти октомври 2026 година, кандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција „Твоја Македонија“, освои вкупно 2.945 гласа (38,89%), Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција освои 2.152 гласа (28,42%), Јакуп Хусеини од Коалиција ВЛЕН освои 1.529 гласови (20,19%), Јовица Радески од СДСМ, Коалиција за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, освои 707 гласа (9,34%), Душан Богдановски од Група избирачи Душан Богдановски освои 57 гласа (0,75%), и Арифе Идризи од Група избирачи Арифе Идризи освои 21 глас (0,28%).

Со објавување на првичните официјални резултати тече рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Проговорите се поднесуваат преку архивата на ДИК, во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати, односно најдоцна до 21.10.2026( среда) до 12.30 часот.

Согласно член 148 став 2 од Изборниот законик, приговор за постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, односно најдоцна до 19.00 часот на 20.10.2026 година (вторник).

ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целата постапка по приговорите, соопштуваат од ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Пет тони небезебедна храна, овошје и зеленчук биле запленети на пазарите во Ѓорче Петров и Зелен пазар, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Првиот човек на АХВ Оливер Миланов, објаснува дека станува збор за спречување на нелегална продажба на храна надвор од организираните пазарни простори.

За продавачите внатре во пазарите е во ред и треба да има контрола, објаснуваат дека тие плаќаат годишно за една теза шест илјади денари, а мораат да земаат и до три четри тезги, а плаќаат и други давачки. И купувачите велат дека надвор од пазарите цените се по 20 денари поевтини.

Од АХВ најавуваат продолжување на контролите на локациите околу пазарите.

И покрај забраните денеска повторно на тротоарите се продаваа производи. Продавачите објаснуваат дека тие продаваат неколку дена и немаат исплатливост за земање на тезга.

Инспекторите потенцираат дека самото продавање надвор од пазарите не значи дека секој производ е небезбеден, но непознатото потекло и несоодветните услови за чување се причини за претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

Обвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за  случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. 

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење.

-Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство.

Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај.

-Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски.

На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала.

Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер