Поинаку со повик за чистење на ски-стазата Копанки - Канал 5

Поинаку со повик за чистење на ски-стазата Копанки

Независната советничка група Поинаку од Битола и оваа година со акција за чистење на ски стазата Копанки на Пелистер.

Поинаку со повик за чистење на ски-стазата Копанки

"Бидејки ни претстои нова скијачка сезона, а Ски центар Копанки-Пелистер не е подготвен за истата, на почетокот на оваа недела ПОИНАКУ испрати официјално барање до ЕЛЕМ ТУРС и ПСК ПЕЛИСТЕР за информации околу плановите за функционирањето на ски центарот во сезоната 2022/2023.

Во рекордно време добивме известување од ПСК Пелистер, а веднаш потоа и од Елем Турс во кои се вели дека е постигнат нов договор, со кој Елем Турс се обврзува на неколку важни работи за нас како битолчани а воедно и корисниците на ски центарот:

- Договорот е склучен со важност од 10 години.

- АД ЕСМ Скопје преку својата фирма-ќерка ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје во иднина планира да инвестира и да го одржува Ски - центарот Копанки.

Планираните инвестиции се:

- Поставување на затезно и влечно јаже (сајлата на ски лифтот)

- Осветлување на ски-патеките за ноќно скијање

- Изградба на јавни тоалети

- Сигнализација на патеки

- Нов систем за ски-билети

- Обезбедување на снеготапкач - ратрак

- Замена на корпите на жичарата

- Оваа скијачка сезона ќе бидат во функција ски-лифтот и жичарата.

Ја поздравуваме продолжената соработка во интерес на Битола и битолчани и иако не сме во предизборие, исто како претходната година, повторно ги повикуваме:

- ПСК ПЕЛИСТЕР, ЕЛЕМ ТУРС, АД ЕСМ, Хотел Молика Пелистер, Hot Box - Копанки

- Сите политички субјекти од Општина Битола, СДСМ Битола, ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола, Левица - Битола, ЛДП Битола, ДОМ Битола, BDI Manastir, и останати...

- Јавните претпријатија од Битола: КЈП Нискоградба-Битола, Ј.П Комуналец Битола, ЈКП Водовод Битола

- Сите планинари, здруженија, ски клубови и поединци

Во Недела 9ти Октомври од 10 часот - ЧИСТЕЊЕ на стазата КОПАНКИ.

Со себе понесете алат и заштитна опрема.

Се гледаме на КОПАНКИ !!!"

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер