Поддржани две законски решенија на 21.собраниска седница - Канал 5

Поддржани две законски решенија на 21.собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на првото продолжениe од 21. седница го поддржа во прво читање Предлог - законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје и ја заврши расправата по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување по кој гласањето ќе биде по редовната пауза.

Поддржани две законски решенија на 21.собраниска седница
Во образложението на Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини рече дека основно решение што се предлага со Законот е претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени кредити од странство од страна на државата во период 2013-2014 година, во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје.

- Се предлага да се овозможи зголемување на основната главнина на ЈП МЖ Инфраструктура, а по уписот во Централниот регистар ќе престанат паричните обврски на ЈП МЖ Инфраструктура кон Министерството за финансии кои се предмет на регулирање со овој Закон. Со тоа ќе се обезбеди надминување на финансиските проблеми со кои се соочува ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, посочи Џеладини.

Со предложеното законско решение ќе се овозможи финансиска консолидација на ЈП МЖ Инфраструктура Скопје по пат на конверзија на доспеаните побарувања на Република Македонија во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје. Предлогот на Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени кредити од странство од страна на Државата во период 2013-2014 година во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје се заснова на обезбедување безбеден и сигурен начин на одвивање патнички и товарен сообраќај со зголемување на ефикасноста на работењето на ЈП МЖ Инфраструктура Скопје и обезбедување финансиска стабилност на ЈП МЖ Инфраструктура Скопје.

Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека државата презема 29,9 милиони денари обврски што ги има ЈП МЖ Инфраструктура Скопје кон странски кредитори за земени кредити за тековно одржување и изградба на нови железнички линии во Република Македонија.

Во образложението на измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, заменик-министерот за финансии Џеладини рече дека целта е уредување на стапката и основицата за пресметување на придонесот за задолжително здравствено осигурување на иселениците-државјани на Република Македонија кои примаат пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување.

- Со овие законски измени ќе им се овозможи олеснување на лицата кои примаат пензија од држава со која Република Македонија нема склучено/преземено Договор за социјално осигурување или пак Република Македонија има склучено/преземено Договор за социјално осигурување, но во него не е регулирана можноста за остварување на правото на здравствено осигурување, во поглед на висината на придонесот за задолжително здравствено осигурување, рече Џеладини.

Појасни дека овие лица придонесот за задолжително здравствено осигурување ќе го плаќаат на износот на просечната плата во Република Македонија по општата стапка од 7,3 отсто.

Предложените измени и дополнувања на Законот со кои постојните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување ќе се применуваат и во наредните три години, ќе придонесат за стабилноста на системот на социјалните придонеси. Како резултат на предложените законски измени се очекува да се зголеми бројот на осигуреници-лица кои се приматели на пензија од странски носител на осигурување од држава со која Република Македонија нема склучено или превземено Договор за социјално осигурување во кој е регулирана можноста за остварување на правото на здравствено осигурување, кои ќе пристапат во системот на здравственото осигурување за време на нивниот престој на територијата на Република Македонија.

Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со предложените измени на Законот Владата прави еден дополнителен исчекор да им помогне на сите македонски државјани кои еден дел од својот живот го поминале работејќи надвор од државата каде стекнале право на пензија и неа ја користат во Република Македонија односно одлучиле по пензионирањето во странство својот живот да го продолжат во Македонија.

- Со цел да ги поттикнеме овие наши сограѓани да пристапат во системот за задолжително здравствено осигурување во РМ со предложеното законско решение на овие наши сограѓани им се овозможува да пристапат во системот на здравствено осигурување плаќајќи само општа стапка од 7,3 проценти од просечната плата во Македонија, нагласи Саздов.

Додаде дека на овој начин тие ќе можат полесно и поевтино да пристапат во системот за здравствена заштита, а со тоа да ги добијат потребните здравствени услуги, да направат превентивни прегледи во државните здравствени установи...

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија сака да ги гради мостовите кон дијаспората и ова е една од целата низа мерки кои се спроведуваат.

- Пред две недели имавме нови други договори за социјално осигурување овој пат со Италија. Значи се зголемува бројот на земји со кои Република Македонија има договор за социјално осигурување. Такви договори се потпишаа со Австралија, Канада, земји од регионот, земји-членки на ЕУ...Тоа им ја олеснува работата, живеењето, функционирањето на илјадници граѓани на Република Македонија, додаде Ѓорчев.

На дневен на седницата се е и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за јавните набавки, за користење и располагање со стварите на државните органи, Предлог-законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци, трите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за вршење работи за застапување во царинските постапки, во прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка, Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејност за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2015 година и Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2015 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка

Дали институциите доволно се грижат за многувековното духовно и културно наследство.. 

Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка

Духовно богаствто старо повеќе од шест века, денес на милост и немилост на влагата и природните појави. Манастирот Успение на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на само 15тина километри од срцето на Скопје, повторно го отвора прашањето за грижата кон домашното духовно и културно наследство. На ѕидовите од манастирот можат да се забележат влага, солни наслаги и видливи оштетувања, за кои познавачите алармираат дека со текот на времето можат да предизвикаат сериозни оштетувања на фрескоживописот и на самата градба. Туристичките водичи реагираат дека при обиколките на манастирот, за кои има голем интерес, се потешко можат да им ги претстават фреските на посетителите, бидејки голем дел од нив се оштетени и тешко препознатливи..

Зад мене е манастирот Успение на Пресвета Богородица, чии корени датираат уште од 14 век. Денес објектот се соочува со видливи оштетувања како последица на влага и други природни влијанија. Останува да се види дали надлежните ќе преземат конкретни мерки за негова заштита , додека граѓаните , посетителите и туристичките водичи предупредуваат дека штетите се видливи со години.

Надлежна институција за заштита на културното наследство е Конзерваторскиот центар – Скопје, до кого од Министерството за култура и туризам велат дека испратиле Ургенција за итно постапување.

Министерството за култура и туризам ве известува дека достави Ургенција за итно постапување во врска со состојбата на живописот во црквата „Света Богородица“ – Матка до законски надлежната установа НУ Конзерваторски центар – Скопје. Со барање за стручен увид на лице место, утврдување на фактичката состојба и преземање соодветни мерки согласно нивните законски надлежности.

YouTube video

Со урегенцијата од култура побарале стручен увид на лице место, утврдуваењ на фактичката состојба и преземње на сосодевтни чекори

Инаку, на терен е видливо дека се вршат одредени истражувања, но за сега без детали до каде е постапката.

Сместен на падините на Матка, манастирот Успение на Пресвета Богородица, датира уште од 1337 година..Покрај духовната улога има и големо културно и историско значење, како сведоштво за средновековното наследство, фрескоживописот и континуитетот на монашкиот живот во регионот. Манастирот е еден од најчесто посетуваните во Скопје од туристи и верници и претставува една од најатрактивните туристички дестинации на Матка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени

Одделот нема да се префрли во Идризово, туку затворска полиција ќе ги чува осудениците со ментални нарушувања во посебното одделение во болницата во Бардовци.. 

Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени

Затворска полиција ќе има во психијатриската болница Скопје во одделот за лекување на осудени лица со ментални нарушувања. Полицијата ќе почне со работа и ќе има нови вработувња откако ќе се донесат новите измени во Законот за извршување санкции. Законот чека на одобрување во министерството за правда, првиот човек на управата за извршување на санкции Алкександар Пандов апелира побрзо да се разгледаат новите измени во правда и верува дека измените ќе бидат изгласни и дека за прв пат ќе има затворска полиција во оваа установа.

„Од секогаш во болницата биле носени овие осудени лица. Секако дека со новиот закон ќе има полиција и навистина се небезбедни на овој начин и се опасност“, вели Александар Пандов директор на Управата за извршување на санкции.

На прашањето, дали овој оддел би можел да се премести во затворот во Идризово, Пандов објаснува дека нема физички можности со простори и персонал, бидејќи има оптовареност во затворот и покрај втората фаза за изградба на затворот ќе нема простор за ова одделение. За Пандов најдбро решение е воведување на електронските алки за дел од затворениците во Идризово со што би се регулирало нивното издржување на казната.

Од психијатриската болница Скопје по серијалот прилози на Канал 5 за проблемот со сместувањето на психијатриските случаи во судското одделение апелираа за присуство на затворска полиција и нови вработувања на медицински персонал.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

Најмногу лекови на рецепт земаат граѓаните од Штип, Кочани и Делчево и останатите од источниот регион,во просек по 18 кутивчиња по човек, покажуваа анализата на Фондот, а бележи и зголемување на потрушувачката на најпознатите лекови, како Дијазепамот.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

На еден жител по 18 кутии апчиња. Истокот на Македонија е најзависен од лекови, барем според анализата на Фондот за здравствено осигурување, според која Метформин, Диазепам, Пантопразол и Еналаприл се трошат како алва и остануваат на листата најпродавани лекови на рецепт со над 5 милиони издадени рецепти само за нив. Директорот на Фондот Сашо Клековски вели дека граѓаните си имаат фиоки со залихи на таблети, но пострашна е двојната наплата од страна на аптеките кои освен цела сума од граѓаните му наплатуваат и на фондот. На ова треба да стави крај долгонајавуваниот проект е-рецепт, за кој има надеж дека целосно ќе профункционира годинава.

Од Фондот најавија дека за неколку дена во атеките граѓаните ќе можат по поевтина цена да купат инхалаторна терапија. Спрејот „фостер“ наменет за инхалација кој најчесто го користат луѓето со астма повеќе нема да биде единствениот на пазарот.

Од Фондот велат дека „Клексаните“ се уште се рефундираат, а од наредниот месец се очекува конечно да бидат достапни во аптека за граѓаните. Со ребалансот на буџетот за Фондот се планира зголемување од над една милијарда денари, која во најголем дел е наменета за исплата на породилните отсуства, потврдуваат од Фондот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер